Те молам смири се, не прави сценарија.. Јас 4 месеци летото не спиев воопшто, по два саати тек тука и еве ме преживеав. Сега без лекарства спијам по 10 саати откако ми се смири психата. Воопшто не сум анксиозна веќе два месеци, а исто мислев дека нема спас повеќе за мене. Мене психијатарот ми ги прекина сукцесивно и еве буквално се преродив, ама мојот проблем беше зависност од седативи и мораше да ги прекинам оти ми правеа полошо. А вам кои ви препишуваат медикаменти, би требало да ги почитувате и пропорционално земате. Сите правиме грешки, биди искрена и кажи им сѐ. Со потиснување и срам само ќе правиш нови грешки. Ќе почнеш да спиеш добро само кога ќе престанеш да се плашиш од несоница. Кај илјада психолози и психијатри да отидеш истото ќе ти го речат. Исто е како и со сѐ друго. Кога несоницата не е поттикната од физиолошки фактори, може да се победи само со непридавање значење колку се спие и страв дека нема да се спие. Таблети за спиење помагаат на почетокот а после ќе ти требаат сѐ поголеми дози. Значи поентата е да се отплашиш и да не мислиш воопшто на несоницата. Никој директно не умрел од несоница. Другарка ми кога беше бремена 9 месеци воопшто не спиеше. Саат два можда на неколку дена. И ене жива е. И сѐ врати сонот откако се породи. Тетин ми цел живот по два саати спие, 70 и кусур има. Не ѝ давај значење, оти така го храниш стравот и очекувањето и резултатот е неспиење. Ништо лошо нема да ти се случи, ти тврдам, ако не спиеш овој период добро. Човечкиот организам е чудо. Кога ќе се смириш ќе спиеш повеќе и ќе си надокнади телото. Чај од маточина е нешто фантастично за спиење. Консултирај се со психијатар дали да го земаш и покрај медикаментите. Мене психијатарот ми рече да го пијам кога ги киневме седативите и многу ми помогна.. И остави времето да си го направи своето. Не може преку ноќ да ти биде подобро! Прифати дека засега е вака ама нема да биде засекогаш. Кога јас дојдов при себе и во живот не сум била подобра, ќе биде секој! И немој премногу да висиш овде, колку помага форумов, толку одмага! Направи баланс. Несвесно апсорбираме многу од симптомите и проблемите тука. Научи кога е доста да се исклучиш. Земи го позитивното и поддршката од некои членови и работи на тоа. Анксиозноста те тера да не веруваш доволно во добрите прикаски и стално те копка чувството дека ако прочиташ уште малку ќе најдеш можда повеќе надеж, и на крајот резултатот е уште поголема анксиозност. Значи, те молам одмори малку оттука. Моќта која ја имаат писанијава тука е поголема од онаа на психијатарот. Замисли стотици мислења и милион страшни симптоми од сите членови тука, па уште и делење совети за терапија. Дојди кога ќе бидеш подобра и вети си дека ќе напишеш нешто убаво со поддршка во иднина, и тоа нека ти биде мотив. Јас станав подобра кога престанав да висам тука. Сѐ ќе биде добро, ти ветувам.
Јас не познавам човек што слуша метал да не ги слуша, или бар цени. А, познавам многу што слушаат турбо фолк, а не ни знаат кој бил еден Балашевиќ. Така да, таман ти е музичкиот вкус.
Случајно низ тик-ток ми се појавува едно куче, ајде си реков првите видеа интересно го занимаваат ама секој пат колку повеќе гледам имам чуство дека буквално го мачат кучето, не знам, јавно реметење на куче дали е смешно или веќе се е забегано, жал ми падна многу, станува збор за ова куче.
Претераа со покачување на цените на производите по маркетиве! Во принцип пазарам во КАМ и Стокомак, понекогаш во Тинекс и скоро сѐ е поскапено од неколку денари до барем 20-30 ден. Највеќе ме изненади путерот од кам кој пред неколку месеци беше околу 60-70 денари, рипна на 109 денари. Како е тргнато зимава, заедно со цената на струјата има баш изгор зима да биди.
Важи во сите релации и сите односи. Со пријатели, со роднини, со колеги, со партнер, со родители, со браќа/сестри. Знајте си ги границите.
СДК таткото треба да го сака своето дете, да се грижи за него, и да ја почитува жената што го родила тоа дете. Тешко е да бидеш и мајка и татко во исто време. Тешко е да знаеш дека таткото се шета по кафани, пие и ужива во животот а за своето дете ни алиментација не сака да плаќа. Тешко е да знаеш дека детето кога е со него е гладно зошто не му дал за јадење. Ама најтешко од се е кога ќе видиш солзи во тие мали очиња. За да го видам среќно моето дете ќе бидам и мајка и татко, и Супермен и Хулк, се што ќе посака. Кога ќе биде среќно јас ќе бидам уште посреќна.
Да се молиме барем зимата само да е, инаку кај ќе ни биде крајот, ова страшно со цените станува. Секое одење во маркет повисоки цени. На каса некни ми кажаа после Нова година за 20 % пак ќе има покачување
Разговарам случајно со еден човек.Не се остварил како биолошки родител,не му дале да посвои ,сега во постапка да згрижи дете.Еден куп документи,сам да ги плати од скромни приходи,па ги згрешил,па пак да ги плати.Па добро бе не може ли тоа барем да биде бесплатно во оваа држава,дете сака да згрижи,дете ,да му даде топол дом.А со очи полни надеж,со прашање дали ќе ми дадат овој пат, со срце полно љубов што едвај чека да биде споделена ..
Не пошо така секоја будала ќе има дете за безпари Од кај знаеш како ќе го чува Им прават ли тестирања некои?
Некој се радува на дете што не е негово биолошко дете, а некој има и не го цени тоа што го има. Ако има потреба од помош и финансиски и било како контактирај ме.
Се радувам што постојат луѓе како тебе,среќо,среќа да те прати.Но јас не го познавам лично човекот,случајно го сретнав,само тој жар во неговите очи нема да го заборавам.Се надевам дека желбата ќе му се оствари.
Да ,им прават,лекарски прегледи,дали се се казнувани и триста други документи,не мора се да се плаќа,најмалку љубов.
Ако пак го сретнеш те молам земи контакт. Може мојата помош нема да биде доволна ама сакам да помогнам некое дете да живее во љубов и со некој што вистински ќе го сака.
А зошто да не им се прават и тестирања и на оние што по природен пат имаат дете? Многу сум размислувала на оваа тема и не ги разбирам тие двојни стандарди. Секако дека треба да се спроведе таа процедура, но многу пати забележувам дека луѓе не успеваат да посвојат дете поради долгите процедури, а од друга страна се раѓаат деца во дисфункционални семејства и никој не обрнува внимание на тоа.
Работи човекот,во работнички алишта беше облечен ,баш ми рече не можам сега повторно да земам ден за документи.Со скромно се живее ,само да е куќата полна со мир и љубов.
Да ,како што го убија од ќотек двегодишното девојче во Србија неговите биолошки родители ,откако им го вратиле од хранителско семејство.Колку само плачеше човекот што се грижел за него од бебе.