Форумов во последно време е полн со тролови.. И ради нив многу феминки си отидоа, многу се испокараа.. Ама ветив ќе си ширам позитивна енергија и, ии.. И ќе продолжам да ширам.. И драги феминки списокот на симпатии ги надмина и моит очекувања.. Море овие мушкиве се разубавеле или што е работава? И така оно си врне ли врне, Бранко долази, сите се криеме по дома, ладно мислеш есен, галби летат, све лета, кучиња лаат, Дојранско ми е во дворот, и не знам шо има врска ова со тоа шо сакав да кажам Ок, нема врска, важно да се зборне нешто.. И може нешто да си побарам пред да дојде Нова година? Може за лето (здравје и живот до тогаш!) 2015-та да имам тело како на Никол Шенсингер (така се пишеше? Јас до вчера ја знаев како Швајценегер ) од онаа најновата и` песна Јор Лов?
СДК дека ова луѓево се толку расипани, гнасни и одвратни! 1. На 34 години да немаш 2 грама асален мозок во тоа главата и да се напиеш па после како некое животно да киднапираш и да убиеш 15 годишно дете, што цел живот и претстоел пред неа-не ја сфаќам поентава. Ако веќе гледаш дека си го уништил сопствениот живот, што ти е виновно некое невино суштество??? Како им е сега на тие родители, роднини...не сакам ни да замислам! Дефинитивно убаво кажа прееска оној министерот или што и да беше- не сме дораснати ние уште, не требаше да се укине смртната казна. Да не смееш да излезеш надвор без оружје или обезбедување е дојдена работава. Да не смееш да си играш безгрижно и без страв дека некој ќе те убие... 2. Луѓе сме? Човекојадци сме? Животнии???? Што сме бе, што сме??????????????????? Самите „надредени“ ги учеле кипарските војници да пијат СКОПСКА, МАКЕДОНСКА, АЛБАНСКА КРВ. И тоа во хор-сите повторуваат! Не знам колку од вас виделе ама верувајте ми! Гадна глетка, уште по гадни тие! Да се немало барем малку почит и совест-човечка! Секој ден е нов предизвик да се дознае нешто по монструмско и поужасно...Секој ден е нова шанса за докажување кој повеќе луѓе ќе убие...За жал, тоа е мотото на денешницава...
Некои луѓе сакаат да исмејуваат некого, а не сакаат да бидат исмејувани Не знам како очекуваат дека некој ќе ги третира поинаку, сосем нормално дека на ист начин ќе бидат третирани од друг.
^^ loverangelx3 е сосема во пρаво. Можеби не сме вистинсκи човеκојадци да се јадеме меѓу себе, но таκа нешто е, нема голема ρазлиκа. Незнам зошто, светов е полн до зло, сеκој втоρ човеκ има гнев во себе, гледа да му напаκост на дρугиот. На сите стρани невини стρадаат, во сите κρаеви од светот. Воопшто нема да се случи ниκаκва ПΡИΡОДНА κатастρофа, туκу до 2020 маκсимум човеκот ќе напρави да исчезнат повеќе од половина од луѓето во светот. Бидејκи злото завладеа, а κаκо ќе го спρечиме тоа ние невините и неисκваρените луѓе!? Ниκаκо, само сеκој да гледа за себе, да гледа κаκо да пρеживее и опстане! Имам само да κажам, Господ да чува!
Сум ви кажала многу пати, колку многу си го сакам сопругот и колку ме прави среќна. Бев да аплицирам за интернет картичка, ама треба да почекам неколку дена додека да ми биде готова. Тој е на работа и пред неколку минути ми пиша на viber: „Мислам дека со мојата картичка може да се пазари на интернет. Најди ја кошулата што ти се допаѓаше и кога ќе дојдам дома ќе ти ја купам, затоа што многу те сакам“. Се стопив! Не поради кошулата, туку поради неговиот гест, неговата желба да ми удоволи! И да не помине картичката, воопшто не е битно! Важно е дека и по 3 години врска, плус 9 години брак, постои огромна љубов, која не преминува во навика.
многу ми е жал за девојчето Тијана нека почива во мир колку злобни суштества постојат само смрт за монструмот!!!! До кога ќе се убиваат невини лица? :'(
Скд дека инсектите мене многу ме сакаат.. Вчера си зимав нешто од фрижидерот и една мува цело време се врткаше околу мене...цело време се вртев и мавтав и на крајот ја избркав.... после кога си легнав, една бубачка скокна и ми се пикна во блузата... јас писнав и ја фатив со блуузата, си ја соблеков, ја џитнав бубачката и ја фрлив блузата за перење...Сбајлево, кога се миев заби.. кога плукнав за да се исплакнам, и се поја ви водена мушичка во мијалникот... Сега за сега немам некои контакти со нив, ама си се чешам цело време од што ме изедоа комарците...
Паранојата е страшна работа. Разбирам јас, луѓе сме, сите некогаш сме се изгореле, сме биле излажани и повредени. Ама па не можам постојано во се и секој, во секој кажан збор, во секој направен гест да се сомневам, на крај краева - ако некој лаже - сам се лаже најмногу! Друго, договорот за утре е направен, тргнуваме во секој случај. Многу покласичен одмор од тоа што јас си го планирав и замислував, ама ете за доброто на сите покажав добра волја и направивме разумен компромис. Се надевам на сонце, добра волја, убави моменти, џеб полн со насмевки и позитивна енергија, т.е, каков џеб, цел куфер. Спојлер И на крај да ве поздравам со мојот хит на летото! http://www.youtube.com/watch?v=YXnjy5YlDwk
Полиција ! Удрете на кучињата. Оти кренале рака на сопствен народ, многу пати, без причина. И човек во униформа е животно, оти изгубил сенс за почит од авторитетот кој го облекува заедно со значката.
Треба психолошки тестови за новинари, треба лексички тестови, треба логопед да ги прегледа и после да се каже дека некој дебил може да биде новинар. Срамно е што секоја будала може да заврши новинарство, глуп факултет со 25 испити и да се појави на телевизија со тепкање, без способност да каже проширена реченица без да вика ааааааа ааааааааааа аааааааааааа, да каже непроверена информација, да го притиска соговорникот да каже нешто што не мисли, да му испреврти реченица за да добие поента, да се кези кога е сериозна темата и да мртов сериозен кога кажува дека по 20 години некој пар добил близнаци. И Господ да им е на помош на порталите и кутрите пишувачи на статии - Гаќите на Стоја, Раката на Брена, Нема да ви се верува што ке рече овој татко, Тројца починати во центар на градот(читај некаде у пичку матер, не у Скопје), СКАНДАЛОЗНО Мајка прднала пред своите деца, и Пада влада ( а оно гранка се скршила). И што е најтрагично, порталите плаќаат по некој денар за да седи некое неписмено дома и да преведува српски портали, па крадени цели српски реченици без смисла, или па од англиски на гугл транслејт, па излегуваат реченици кои немаат смисла како „малку Хари има на главичката“ а уствари имал малку коса на главата. Терминот истражувачко новинарство е во историјата или далеку во иднината. Залетани по гледаност и кликови се прават емисии и стории за глупости, место за паметни работи. Да можам, прво нешто ке биде комплетен ремонт на факултетот за новинарство. Оти кај е лошо да има манипуланти, па уште и манипуланти со интерес, а притоа неписмени, е премногу.
Моjата мачка ми го присвои jога душекот за вежбање. Легнала на средина и како ме посматра да не и направам финта некоjа и да jа избркам. А каде би требало jас да вежбам мори мачко...
^ Ќе легнев, ама не ми дава, ептен е скржава. Со опашката врти ли врти. Аj, ќе jа избркам сега некако, да не биде после дека сум барала изговори да не вежбам.
Сдк понекогаш не треба да го чекаме вистинкиот момент за некому да му кажеме убави зборови кои навистина ги мислиме затоа што можеби нема да има друга средба за да ги искажеме нашите чувства па зборовите ќе лебдат над нас и ќе ја чувствуваме нивната тежина како планина .Во мигот кога ќе немаме шанса повторно да го гушнеме оној на кого му се радуваме и го сакаме за себе ќе сфатиме дека е премногу доцна за назад да го вратиме и тоа е нешто што ќе ни го гори срцето и никогаш нема да си простиме себе си за наизговорени зборови кои најмногу ќе не болат.
СДК што е со заканиве од смртоносни вируси, инсекти, невремиња и се по ред годинава??? Сега па уште еден птичји демек излезе. Сфатија дека веќе не паѓаме на заканите за смак света м?
Уморна сум. Уморна сум од тоа да не можам да мислам, да не можам да го чувствувам она што сакам да го чувствувам, да го потиснувам гневот и бесот во себе, и да имам слоеви од лутина под кои се крие страв за утре. Уморна сум од тоа рацете да ми се тресат од нервоза и мозоков да ми се распрснува од мисли, уморна сум од тоа да се трудам да погодам, од тоа да пробам да разберам, од тоа да се трудам да простам и да заборавам. Уморна сум од обиди да игнорирам, уморна сум од обиди да слушам и да кажам дека не е голема работа, и уморна сум да кружам во овој глуп слеп круг на умоболни идиоти кај што јас испаѓам најголема будала оти не глумам дека се е како што треба. Уморна сум од закани дека ќе умрел, уморна сум од закани дека ќе си заминел и нема да го видиме, уморна сум да бидам виновна и тогаш кога не сум, и никогаш никој да не е задоволен од ништо што правам, и најмногу од се, уморна сум од фактот дека не можам ништо да направам за да го заштитам најневиното у цела ебана фамилија. Од толку што сум уморна пиштол на глава би им ставила и би им ја разнела празната глава, од толку што ми е скручено би ги газела под сопствените нозе и би им се смеела на мизеријата, од толку што сум уморна ќе изгубам и трпение и живци и се`, па ќе видиме после кој е ненормален.. Ако, ќе гниете еден ден, на оној свет само мислите ќе ви ја бушат тоа душичката, рацете нема да ви фанат до тука, ама нека, ќе дојде и вашето, ќе би ебат се живо. Пу бе да си ебете кај се најдовте сите вакви скапани и празни, за срамови сте.
Жедна бев за лето...ама лето не видовме, секој ден врне врнееее аман веќе, неможам да си трчам времево ме спречува, а уште 3 недели почнуваме се учење. Епа да, одвај чекам нека заврши "летово" и да се надеваме дека ќе има зима каква што замислувам, Снееег, снееееег ми треба . да не си речите дека не сум во ред ама да сакам зима, снег. БТВ многу ми падна жал да девојчево што почина заради некој монструм, абе треба да се убија таа гнасота од човек, гад, идиот исадисклсфдк Абе за џабе ние си кажуваме..девојчето си замина, нека почива во мир И аман ова филмовиве на Сител помина онај со капетан Али сеа пак одновоо Карадај го запреа на сред филм и пак од ново охххххххх мукаааааа И аман од супи се пукнав деновиве ај чао одам по супа
Ке отидам и јас на одмор за некој ден... И не се замарам за ништо , ни работа ни обврски ама ништо... Кога некој ке ме бара секретарката ке се јавува место мене... Па фала богу да можам и јас барем една недела да лежам под некоја дебела сенка а брановите да ми удираат под нозе... Идам на одмор со цел да уживам ете така како мачка кога се истргнува зимно време до печка... Не идам на одмор со цел да се фотографирам и тагирам по цел ден тоа кај мене го нем... Тоа за мене е интима, зарем гајле му е на некој јас и дечкоми у кој ресторант јадеме , каде пиеме и дали ке спиеме и кој специјалитет сме го пробале , и дека на брод крстариме , и дека кока кола пиеме , и дека сме се нашле со рајко и петко па сме седнале ваму таму ГЛУПОСТИ... Ке се сликам за успомен. А не за фб... ИДАМ да се одморам , да уживам , да се бањам , да пробам специјалитети, да си прошетам , да посетам некое место ...да си го пуштам мозокот на пасење и да уживаме со срцкото... Е сега само чекам да си дојде и куферите и ајде чао пријатно. Само вода ми е пред очите... А што се однесува до времето какво сака нека биде мене нема да ми го расипе одморот па ако врне може да се седне во ресторантче да се јаде да се пие да се ужива , или во соба да се ужива... НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ СИТНИЦИ ДА ВИ СМЕНАТ ПЛАНОВИТЕ И ДА ВИ ГО УНИШТАТ ЖИВОТОТ...ВИЕ СМЕНЕТЕ ГО ВРЕМЕТО ВО ВАША КОРИСТ СО ВАШИТЕ ПЛАНОВИ И ЗАМИСЛИ.