Откако изгорело сѐ, се собрале 4 семејства во една соба што колку-толку останала исправена. Еден ќош за семејството од баба ми, другиот за тетка ѝ, третиот за чичко ѝ, последниот за другата стрина. И кашлица, и сипаници и секакви болести. Едната баба колку што ја држеле нозе успеала да најде малку млеко за по една лажица да им даде на сите деца и да им помогне колку што е возможно да оздрават. Во истата таа рушевина седеле цела една година. Во истата рушевина починала најмалата сестра од баба ми, Сирма. Починала и братучеда ѝ, Елена. Починал и братучедот, Живко. Од куќа полна луѓе, станала гробница со четири ѕида. И сето ова ми го изусти баба ми на сосема случајна тема на разговор што ѝ беше тригер за грозен спомен од минатото. Толку години има, а се тресе и солзи ѝ навираат како вчера да било. Колку и да сум љубопитна, си го поткасувам јазикот и не прашувам. Оти само можам да замислам колку стари луѓе живеат со PTSD и низа трауми закопани длабоко во потсвеста веќе повеќе од половина век. Никогаш изустени. Се прашувам, дали има нешто натчовечко, оти ова обично живо битие не би можело да го издржи. И си мислам колку имам среќа да се родам во овој век, каков и да е.
Две ноќи по ред ме фаќаат страшни грчеви во стопалата, морам да станам да одам инаку не се трпи болката. Кога сум сама дома, се молам да не ме фати кај листот на ногата затоа што таму многу боли. Еднаш ме фати среде ноќ во спиење, се онесвестив затоа што таква болка не сум искусила. Немав контрола врз неа, не можев да ја мрдам.и не можев да дишам. Некако се повратив дека и дм беше тука тогаш ама тоа не можам да го заборавам.
Еквадор? Бали?Тајланд Море чекај бирај https://www.vecer.press/тоа-се-тие-места-каде-што-летото-трае-ве/
И мене да ме земете. Јас многу сакам лето. Ми се живее на некое мирно островче со таква тиркизна вода и куќа на плажа. Не би се вратила никогаш
Денес точно една деценија од љубовта со моите од форум Фемина Кој сака нека честита оукеееј знам дека звучев малку инфлуенсерски, ама нема везе