Фактот што Бака Прасе е полн ко брод со пари доволно говори за тоа кој на денешната младина му е идол и кој го следат. Земаат пример од амеба како треба да се однесуваат, на страна тоа што контентот не му е соодветен за деца. Денешниве деца како родители да немаат. Сериозно. Дали некој од родителите прати што гледаат децата на социјалните мрежи, кој им е идол и на кој се угледуваат? Дали воопшто некој ги воспитува децата или се оставени сами на себе? Страшно. Денес оваа девојка утре некој друг ќе биде и сите ние сме криви за тоа не само свињата бака.
Самоубиството на српската јутјуберка ме поттикна да го напишам ова. Ниту ја следев, сега прв пат чув за неа, ама многу ме интересира, што имате во тоа главите, што душа носите што само ве тера на лошо и на агресија? Како можете да бидете толку лошотии, како може толку да ви прави задоволство да навредувате и да пишувате гнасотии? Ниту мене не ми се допаѓаат сите и не ми се допаѓа се на светов, ама никогаш не сум си дозволила да навредам некого поради тоа. Луѓе што лично ги знам и ме повредиле не сум ги навредила со такви зборови, а не па некој што ниту го знам, ниту го познавам, туку гледам само еден сегмент од неговите живот и психа. Дали сте размислиле некогаш дека доволен е само еден збор да турнете некого преку работ? Нормално дека не сте размислиле бидејќи сте себични и полни со омраза. И знам дека и ова чудо ќе помине за три дена како и се друго, а човечкиот живот не се враќа. Нареден пат кога ќе ви дојде да изблуете оган, подзадржете се, затнете си ги устите бидејќи никогаш не знаете кој со какви демони се бори.
Повеќето балкански родители што веќе имаат деца тинејџери го имаат истиот менталитет на бака прасе, that's why.
Во врска со јутуберката имам само да кажам истото го правите на форумов. Да не почнувам сега колку пати ме имате линчувано јавно, колку пати ќе сум узвратела на навреда сум била банирана. Сум згрешила буква и одма ме исмевавте? Се сеќавате колку ја подржавте членката за една буква? Сега нешто глумите како изненадени ама заборавате дека вие истото го правевте. Нека ви е за памет нареден пат! Да се освестите дека никој не заслужува навреда,исмевање и линчување. Ајде сега како и секогаш очекувам напади и да ми се избриши мислењево. И бан од тема ако не,уште поголем доказ дека ви одговара таквото однесување.
Се согласувам апсолутно. Се согласувам и со сите членки што пишаа дека ужасен е онлајн булингот. Што ме носи до 2 точка од она што сакав да го кажам. Кај да е фемина ќе објави тема за најфорумџика на годината. Јас исто како лани, неќам да ме номинира никој. Иако реално лани темата беше релаксирана, полна со шали и зезанции, со мемиња, у 2019 беше хорор. И покрај тоа што лани беше многу подобро пак имаше тролови, проба за манипулација со гласови, работи од кои на номинираните им се еба цел рајат. Да не се навраќам на тоа. Има причина зошто многу победнички не се враќаат на форумов. Им збоктисува едноставно. Иако ова е анонимен форум, сите овде сме луѓе од крв и месо, сите со свои емоции, сите со свои добри и лоши денови, сите со свои жолти минути. Верувајте воопшто не е пријатно да си ставен на тапет, секој да има право зад анонимен ник да коментира све и свашта, да кажува секакви коментари. Колку и некој да има дебела кожа, сепак нечии зборови не се забораваат. Поентата не ми е да глумам Дева Марија, ме знаете и мене како можам да бидам дрска ако некој ме чепне таму кај што не треба. Поентата ми е да имаме една дешавка која може да биде исполнета со good vibes, да се шалиме, да се смееме и да си го релаксираме паметот од секојдневието. Тоа сакав уште коа почна Декември да го кажам, ама некако ситуацијава со девојкава ми се вклопи. Пазете што пишувате. И не само тука, секаде.
Интровертноста стварно се покажува кога треба да презентирам пред сите колеги и после тоа лежам добри 2 саати за да се смирам од тресење и анксиозност. Б о л е с т
Денес двојното виножито ми го направи денот поубав. Добро е што уште знам да се радувам на мали работи. А може е и знак дека нешто убаво ќе се случи.
Сакам да кажам дека сум крајно изреволтирана од вработените во пунктот за вакцинации, прво се пополнува како извештај со лични податоци а потоа сестрата треба да го внесе истиот електронски, кај мене погрешно го напишала презимето и викам за сертификат ми е напиши ме со ‘‘в‘‘ добро рече и на крај гледам не го сменала, после откако се вакцинирав одам пак да ја прашам дали го среди, и извештај ми подготвува ми вика ќе одиш да ти го смени матичната, за една буква направи цела багра врева и компликации, срам да и е несовесна.
Денес нешто ме изиритира дечко ми во трговски центар до тој степен што мислам дека да можев ќе го задавам во истиот момент, нејсе на излез од трговски центар се сретнавме со негов пријател кој најверојатно беше со девојка му, не сум ги видела до сега, уште се чудам сама на себе со која доза на смиреност пружив рака, се запознав со нив, дечко ми си направи муабет 10ина минути, а јас така си стоев као се да ми е океј, насмеана.. Сакам да кажам, за се има време и место, а нивото на толеранцијата се зголемува со тек на време, а јас денес го положив тестот на толеранција, толку бев смирена а во исто време и изнервирана и изиритирана ама не го покажав тоа..
Кај мене електронски не е евидентирана втора вакцина и се шетам со фотографија од вакцинален картон,надвор среќа не патувам.Да се корегира треба да одам во градот каде се вакцинирав и да барам некоја надредена.Треба да губам ден од работа.
Им е гајле нив ,немаат чувство ,не осетиле како е тоа во приватен сектор да бараш ден,работодавците за болно дете немаат разбирање не па за ваква глупава работа.
Тие по аптеките што работат да се спуштат малку долу, и да се понашаат како што им доликува, а не да извисуваат ако им кажеш погрешно име на лек кој што и ти самиот прв пат го слушаш.