Многу имам став од грешки. На работа кога правам нешто и кога ќе го завршам , почнува мозокот сигурно направи некоја грешка како ќе ја поправам си правам сценарија за секоја можна ситница(што веројатно не ни постои), си заебала некој клиент , заради тебе нема работата да си ја среди итн. Што правите кога мозокот ве саботира? Help anyone
Со почести презентации и јавни говори станува полесно. Клучот е да не бегаш од такви ситуации туку да се соочуваш. И ова ти го кажува интроверт
Не ми треба многу, само една гушка... и билионски чек со кој би можела за некој ден да си се пензионирам со три месеци работа.
Аман бе, до толку да ти е испран мозокот да имаш ретардирано оправдание за се'?! Ај што правдаш секакви сериозни срања со "така семоќниот сака, кои сме ние да преиспитуваме нешта", ама да убедуваш дека некој е болен, изопачен, неморален само затоа што вас така некоја секта ве има убедено, е тоа е глупоќа што повеќе не вреди ни да се чита. Yup, реков секта. Зошто ако подобро погледнеш и ги споредиш дефинициите, ќе сфатиш дека си зацапал у секта. Само нормално дека тој што е у секта не може да сфати дека е у секта. Моделирани сте по ист калап и како роботчиња ги повторувате те едните исти работи, а по пат во потрага по морал уствари го имате изгубено и моралот и вредностите и способноста да разликувате што е добро, а што лошо. Нејсе, преку такво ми е од глупави изговори и повеќе не навлегувам во дискусија зошто нема никаква поента. Од сега си терам само култура и нови достигнувања низ светот. Уметници, слики, фотографии, архитектура, скулптура и секакви видови на уметност, изложби, занаети, книги, енциклопедии, серии, филмови, анимации, медитација, дневник, вежби за истегнување, вежби за грбот, вежби општо за телото, пешачење, велосипед, квалитетна исхрана, нутритивни вредности, подкастови, квалитетни разговори, наука, технологија, музика, пеење, играње! Само нешта што ми годат на душата и телото. Заеби глупоштини веќе.
Многу работи ми се вртат низ гла и сакам да ги кажам ама не знам како да ги ставам во реченица. До периодот е ваљда.
Со девојка ми се немаме видено неко е време и зема си ги слика рацете како машко и женско и ме тера да ги ставам на стори.
После 11 години борба со криминогените структури, со цел притисок од САД да се екстрадира, со сите закани, напади, упади и покушаи за убиство, Џулијан Асанж го изгуби спорот пред Британскиот суд и ќе биде екстрадиран во САД каде што ќе биде осуден на доживотен затвор, а можно е и да добие смртна казна. 11 години од откривање на сите злосторства на САД кои никој друг не се осмели ниту јавно да ги проговори, а Асанж ги постави на Викиликс без едитирање, без додавање, без одземање на ништо. Онакви, какви што се, свирепи, грозоморни, монструозни. Дел од овие документи се: "Снимките од ‘Collateral Murder’, ‘Afghan War Diary’, ‘Iraq War logs’ како и депешите од американската дипломатија, од кои, меѓу другото, дознавме и дека Македонија има министер кој е заштитен извор на друга држава. Се дозна за американските воени злосторства на САД во Ирак и за над 15.000 непријавени смртни случаи на цивили; се дозна за тортурата на мажи и момчиња на возраст меѓу 14 и 89 години во Гвантанамо; дека САД незаконски ги шпионираат генералните секретари на ОН и другите дипломати; за воениот удар во Хондурас во 2009 година поттикнат од ЦИА, за тајната војна на САД против Јемен во која загинаа илјадници луѓе...." И секако дека никој не се крена против овие злосторства, како никој што не се крена и против сите права кои беа прекршени со прислушкувањето на сите граѓани што користат американски апликации, телекомуникациски мрежи, интернет од страна на американската влада. Среќа, Сноуден најде прибежиште кај Русите, инаку ќе ја дочекаше истата судбина. А што ако беше се обратно? Што ако Асанж откриеше тајни податоци на Кина за криминали кои ги прават, пр. оние против Ујгурите или со следење на народот, опресии и претензии кон другите држави во околината, па денес ќе добиеше Нобелова награда за мир и ќе беше прогласен за светски херој, ќе го имаше по весници, телевизии, интернет, ќе висеше негова слика по школите, по кабинетите, ќе го учеа децата на школо и ќе беше пример за идните генерации. Но, кога ќе ја згрешиш страната и ќе ги објавиш криминалите на тие од Западот, е тогаш си терорист, шпион, угнетувач, зло... А баш, на тие што се разоткриени во документите, баш тие се добитници на Нобелови награди за мир и останати бљувотински признанија. Лицемерно, ха? Welcome to this world!
СДК времево ми е само да се ставам во пижами, со ќебенце, добар филм, новогодишни сијалички и доволна количина на благо до мене. И мир и тишина. Толку доволно е.
Китење елка ми е омилен дел, но кога ќе се сетам дека за месец ипол дена треба да ја откитам и спакувам за во подрум, е тогаш ми се смачува.
Откако неколкупати ми се појавуваат извадоци на тикток од ликов, решив да погледнам нешто на јутуб. Ликов е широка тема за разговор па, ваши мислења?