Се приклучувам на клубот, и јас ја накитив елката. Ми фалат уште некои детали што ќе ги набавам неделава.
Си излегов малце на тераса и некој комшија после полноќ (гладен како мене ), пече изгледа куглоф, како мириса цело маало убаво, леле, значи како ми се пријаде, ми доаѓа на гости да им отидам по едно парче. Зошто сум толку стрвна и вечито гладна не знам ама и тие се криви што ова време ми прават лиги.
Аих.. глупости е ова.Добра изработка, ама ова е дисреспект према религијата.Пошто се знае како изгледа црква или катедрала.Или било каква ЦРКВА вистинска.Внатре накитена со цртежи, со златни икони, со сѐ.Не стаклово.Ова кај Пепелашка у Дизниленд. Није ово Америка.
Читам елки китите. Кај мене дома традиционално елка се кити уште на први, и тоа јас ја китам како најмала у фамилија затоа што ако не сум јас на никој нема да му текне да ја накити.
И јас со години ја китам по дома, другиве не се замараат. Брат ми порано ко помал нешто ми помагаше, сега и он порасна и не му е гајле. Мајка ми секоја година вика „тебе ти ја препуштам одговорноста за елката и украсувањето, те бива за такви работи, најубаво украсуваш од сите дома“, а уствари нив не им се кити, па мене демек ме фалат дека ме бивало за украсување за да ми текне да накитам.
Нас сите нѐ мрзи да китиме, а и немаме кога.И уште не нѝ е накитена Реслно и ја треба ко тебе да правам, али немам воља за ништо Али ќе местам ако треба утре, да не се мачст моите Гн
Кога сме кај задниот дел, утешете ме дека не ја китам елката само јас ужасно кај задниот дел...Некако немам мотивација да се замарам за тој дел што не го гледа никој освен јас. Напред се е прекрасно, позади недај боже да ја види некој, распар, боите немаат врска со ништо, некаде премногу лампиони, некаде премалку. Жива катастрофа. Се тешам со „ај, кој ја гледа“. Секогаш прво почнувам со предниот дел за да личи убаво, па задниот дел набрзинка на крај, што останало од погрдите лампиони.