Мрзлива и прокрастинаторска работа. Абе ај, за сите дома чим китиме, што има врска, снаџи се па живи.
Посакував самодоверба пред неколку години... Ја добив, иако не е нешто многу, доволно е за разлика од она од порано. Сега посакувам храброст. Да не мислам однапред на негативни исходи туку едноставно да се обидам. Со било што. А не да седиш, да имаш болки во стомакот од премногу анализирање за што би било, кога би било... Што би рекла баба ми, му кројам капа на нероден Петко. Храброст. За 2022 ќе си посакам храброст. Да го направам она од кое што се плашам па дури и да не биде на крај. Да кажам сѐ што мислам без страв во некои ситуации.
Сакам да спијам до утре Времево не се трпи. За себе во новата 2022 си посакувам асален дечко.Сѐ друго имам.И да ми остане ова што го имам оф корс Сакам дечко!!
Фразата "Нема совршен родител" кажана кога се релативизира одвратно однесување на родител е кажана од луѓе кои пак сметаат дека има совршени деца и затоа е таквото однесување оправдано кон несовршените деца.
Се наспав баш убаво 12,5 саати. Кафето во кревет, станав, уште по пижами второ кафе терам и китиме по дома. Гледам сонце пекнало
Како што кажа една членка пред мене, модераторите треба сериозно да размислат да ги затворат темите поврзани со коронавирус. Таква негативна енергија е насобрана таму, очи ќе со ископате, и да сакаш да се информираш само ќе се изнервираш.
Ама тие теми се најактивни и најмногу трафик му носат на форумот. Нема шанси да ги избришат. Ич не се залажувајте.
Модераторите треба малку појќе да модерираат и да подзабанираат некого, инаку тема ко тема. Во последно време се е расуло, не само корона темите- сегде се вадат очи, скоро сегде ниво на дискусија ала селска меана
Да се пријавам јас доброволно за бан? Оти ако продолжам да дробам со ова темпо, ќе го превртам флиперо
И покрај тоа што некогаш имам желба да ја сменам новогодишната елка со нова и поголема, сегашната елка била купена за мојот прв роденден, па и покрај тоа што не е многу голема има огромна сентиментална вредност. Новата елка можеби ќе е поголема и помодерна но сепак никогаш нема да го предизвикува истото чувство како оваа, китејќи ја или дури светка и ја осветлува целата соба. Година по година сум растела украсувајќи ја таа елка, секој празничен период поминал покрај таа елка. Сите новогодишни поклони од ,,Дедо Мраз" биле под таа елка. Многу спомени чува и можеби е единственото нешто што е зачувано толку долго.
Пак убавата вест од пред неколку дена, чука на вратата од исполнувањето.... Убаво ми е на душичкава и утревечер со драго срце и искрена радост ќе ве пречекам во мојот дом...
Не знам како да најдам соодветен збор, можеби им се чудам е најприкладно - за луѓе со кои се дружиш а се осеќаш како буквално да си им дошол дома и им сметаш секогаш кога ќе им пишеш.Не сум некоја што сака по цел ден да зборува ама буквално им поставуваш најнормално прашање и те остааат на seen? Ако не знаеш барем напиши не знам? Или им пишуваш нешто највообичаено поврзао со претходен разговор и ти враќаат со две букви или евентуално лајкната порака а очекуваш да ти вратат зборови?Да го префрлиме разговор во живо, на што ќе личи, буквално на ништо?Ах да не заборавам и колку е глупо кога личноста пишува во една група а во приватен чат не ти отвара порака со саати. Океј, подобро блокни ме отколку да се мислам дали смеам да ти пишам.