Правење планови со неодлучни луѓе ми создава масовна напнатост.Значи зошто мора со саати да мислам на една работа само зашто е тешко да се пресече?
А, да си организираме ние некое мини митингче со Мице за Новата Година? Само наши луѓе, наравно. Па ово оно, знаменца, ти тиит со колите, пукање огномети црвено златни, тортичка со лав. Seems like great idea to me
Види, иако е шала муабетов, мене ми се свиѓа идејава. Уникатно? Да. Интересно? Да. Убави луѓе? Да. Мице? Да. Се што е поврзано со него? Да. Дисклејмер, не сум братучеда на лиделиде.
Јас поубава Нова Година мислам не може да има. Сега има ризик после да немам нормални пријатели и дечко ми да ми раскине, ама мислам вреди. Ќе ме викате?
Ние нели сме ти нормални пријатели? Ќе те викаме, дека без тебе? Ти си задужена да набавеш шалови со вмровското знаменце, за да не измрзнеме
Сакам да кажам дека денов е у курац, денеска имав сообраќајка, колата ми е оштетена за во отпад... Битно е жив и здрав сум без никакви повреди.
Закажав за викенд со дм во Охрид, 200 евра за 2 вечери. Кога размислив малку, сфатив дека некако скапо е 50 евра за ноќ од лице. Си се утешив дека подобро отколку за во кафана да ги дадам. Вака, ем сами двајцата, што за мене е најубаво, ем одморени, ем прошетани.
4 месеци затвор за говедото од Бугарија што се ситеше на автобуската несреќа, нарекувајќи ги загинатите поиспечена македонска скара. Кај нас не се разбра ни кој е администраторот на јавна соба, цел женски род на интернет беше максимално понижуван, исмеван, девалвиран и правен од гомно подоле. Никој не е ни опоменат, напротив видовме дека и полицајци имаше внатре и никому ништо. Ех моја мила чудесна земјо, стаса на дереџе Бугарија да те шие во етичност за вакви работи. Папокот на светот сме биле. More likely шупакот на светот, гревови гревосани.
Значи можам да вежбам интензивно еден саат, да се качувам по планина со саати, да трчам, да пешачам со саати и ниедно од овие не ме измачува физички како стоење еден саат во место. Значи жими све не знам шо феномен сум ама кога треба да чекам ред негде долго ми е кошмар зашто не издржувам пред да ме боли све и да ми се лоши. А кога се движам немам гајле. Уште ме гледаат чудно луѓе кога ги тресам нозете или одам во круг додека чекам негде.
Абе не е до нервоза туку притисок, шеќер и све живо ми паѓа, нозеве не ги осеќам стабилни, морам да се движам иначе ќе колабирам. Буквално еднаш гуглам за ова и наоѓам дека уствари не сум единствена што не трпи стоење а има одлична кондиција за вежбање.
СДК благодарна сум на сите добри луѓе што ги запознав периодов ми го разубавуваат секој ден. Посреќна сум, насмеана. Вистина е дека наубавите и највредните работи не се купуваат со пари.
Имам желба за се, а од што не знам од каде да почнам ме фаќа паника и на крај ништо нема да направам. Џабе е желбата ако се нема волја.