Samo me interesira, vakvite luge koga legnat da spijat sto si kazuvaat samite sebe? “ lele kakov fraer/ka ispadnav, genie sum”, ne si niti genie nitu fraer tuku si stoka, sramota za tie sto go ova pravat i sto ova im e zadovolstvo! Ako nekoj sakase da se otkrie ke si pisese ime,prezime,fb,instagram i maticniot broj,a ne sami da izigravaat detektivi i fbi. Sramota!!!
Најчесто е кажано од нашите мајки, женски роднини, најдобри пријателки, не најчесто пренајчесто жена е на жена најголема душманка, а потоа женската индивидуалност во одредени сфери од ентертаинментот и други сфери е сведена на 0, на марионетка и излегуваат овие би а лејди булшитс. Главнава актерка е сведок на тоа и не само таа, затоа има и толку јака експресија, емотивно е засегната и не само таа сите жени сме некоја повеќе некоја помалку. Антидот на ова е be yourself слоганот, движењето и личностите кои го инкорпорирале и втемелиле тоа во секојдневниот живот. Не се шминкам добри 3 год. минимално крема и минимални додатоци, нема што да бидам нечија марионетка, моето тело и мојот ум ќе ми кажат до каде сум и што е за корекција за добро здравје и добросостојба, a што не e. Се' друго не ме занима, која како сака нека се изразува, доживува, облекува, соблекува но што и да чини пред се најважно е да се почитува себеси и своите желби, а не туѓите и да функционира по туѓи правила на игра своја улога. Автентичност, оригиналност и самосталност пред се'
Дечки, да ве потсетам, во 15:59 затвора гласањето за Детска Евровизија. Ајде масовно, да гласаме и да обезбедиме добар пласман за нашите дечки од Дајте Музика. Бесплатно е и ве чини само 3 минути од вашето време Број 18 https://vote.junioreurovision.tv/
СДК 1 Среќна слава и именден на сите кои слават ! СДК 2 Какви спомени ми буди денов оти е празен,не е како порано.... Подготовката на рибата и сармата и мирисот на капучиното во кујната.Чекор понатаму телевизорот во дневната пуштен до даска. Се слуша смеа на куп луѓе.Најновиот комшиски трач,итроштината на Турчинката во серијата и глупиот потег на политичарите прераскажани на пресмешен начин. Кучето весело мавта со опашот чекајќи некое залче. Малото девојче трча од една во друга просторија и на возрасните им поставува 1000 прашања.Вујко ѝ неуморно ѝ одговара на сите прашања и ѝ вели да погледне нешто во фрижидерот. Таа го отвара фрижидерот и ги здогледува нејзините најомилени чоколади.Ги зема и скока од радост.Пресреќна се чувствуваше. Ах,детство...
Муабетот е, шо и да напрајш не чини. Се' што правиме е критикувано. Не знам за вас, ама мене многу ми е моќно видеото. Се' со што една жена се соочува во животот е спомнато. Се ежам секој пат кога го слушам...
Потполно ја разбирам поентата на муабетот и се согласувам за моќноста и чувствата што ги буди, ама како што спомнав антидот е да си бидеш своја и останеш принципиелна сама на себеси, а дека жена на жена е најголем непријател, дали со дела, дали вербален непријател е факт. Кога тоа ќе го обзнаниме јавно, не во завиена форма, адресираме кон некого зошто (не) треба да е така и се потрудиме да го прекинеме тој ланец на негативност многу работи ќе се сменат. За мојата дебелина, влакнетост, не знам што друго еве пеѓици на лице најголеми критики сум добила од суоченичките во школо, другарките итн. машките тек последни можда приметиле или воопшто не приметиле дека тоа се огромни мани како што од старт 'другаркиве ми го плеснале во лице'. Е сега на машкиве и еве таканаречениве пријателки кој им ги створиле тие идеали и привид на совршенство, кое е факт дека не постои, не знам ама претпоставувам како и мене нивните мајки, женски роднини, еве може и машки фигури на кои се ослонувале итн. Мојот муабет е дека се' е така како што си навела, ама што со тоа? Што ќе преземеме во врска со тоа да се измени и да не е да бидеме дами и играме по нечии туѓи правила за да сме прифатени, сакани, ценети такви 'дамосани' туку такви какви што сме природно? Ама па и тоа тешко да сме прифатени ако сами не се прифаќаме такви, па имаш приена на јаки шминки, филтри, ребра вадат преку операции за да имаат потесен струк, јадат памук за да им се полни желудник и не осеќаат глад и се вечни манекенки во физички изглед и што ти ли не, ама имаш и друг есктрем да не одам во детали сега и во таа област затоа што нашироко и надолго е за муабетење. И по се пак ќе се сведе на истото ''човек на човека, му е волк'' и единствен антидот на ова труење be a lady e be yourself
Сакам да кажам, просекот е добар, просекот е здрав. Не можеме, а и не треба сите да сме есктраталентирани, најпаметни, најзгодни, најуспешни, најубави, најбогати, најпрошетани… Да, ги сакам луѓето и кога се паметни и кога ќе треснат некоја глупост, ги сакам моите и твоите стрии и акни, го сакам моето и твоето вишок сало, сакам што сме добри само во една работа… Сакам да им кажам на сите оние што денешното општество и вредности ги прави да се чувствуваат помалку вредни и ни пласира таква извитоперена слика дека ако не си суперамбициозен, ти си пропалица… НЕ! Во ред е да си просечен, во ред е да си несовршен! Не верувајте на она што ви се пласира на социјалните мрежи, никој не е совршен, никој не живее супер живот. Тие само се обидуваат да нѐ натераат да мислиме дека таквото ,,совршенство” (што не постои!) не само што е достижно туку е и исто така често. Невозможно е да се живее 100 на саат и да се биде екстра во секое поле. Просек сум и се сакам себеси. There. I said it.
Мајка ми ми се јавува и така возбудено ми кажува дека ми купиле пакетче во форма на елка и дека било многу скапо. Јас така скептична викам зошто сте се трошеле,нема потреба. А таа категорично ми вели: “Имам една ќерка над која уште се тресам ако треба и животот ќе го дадам.” Многу ми недостасуваат и оваа година празници ќе дочекам без нив.