Вака да ти кажам, приватно се работи во државава многу повеќе него што треба, прекувремено неплатено и слично. Администрација не се работи и без тие "180", така што освен што ќе им смени малку одмор на тие што и онака вишок работат, нема ништо друго да смени кратењето празници. Туку не ми одговори, работиш ли уопште и ако работиш зошто имаш опсесија кон работата? Крај краева работи си и на празници, што ти е гајле.
Знам колку се работи приватно, а колку државно затоа треба да се намалат тие неработни денови зошто сите знаат кој ги добива кој не.Приватниот секако не добива горе долу, па исто му е, државниот треба да се избалансира.
Баш така, па ние дури и ден на умрени имаме, и не го работиме... Задушница, 8 Септември, 11 Октомври, 24 Мај, 8 Декември, 19 Јануари, тоа се се празници за да може државна администрација да одмори од легачање, па уште и ако се погоди продолжен викенд.. Ми текнува кога имаше полициски час пред некоја година, се бунеа побожните' во црква не можеле да одат за Велигден, ги видовме после тоа, колони колони на граница со Грција на продолжен викенд одеа, а овде продаваа муабети не можеле во црква да одат, па тоа статуси, очи да ти се насолзат колку беа побожни.. Пред да ме нападнат, да кажам дека мислам дека сите овие празници можат да се одбележат без тоа да биде неработен ден, да речеме со некоја прослава на плоштад, или пак со полагање на цвеќе, било како а да не е тоа неработен ден..
Приватниот секотор посебно маркетите и онака не ги седат тие 190 празници плус два дена сабота и недела. Тоа беше целта на мојот пост. Дека секој треба и сака да одмори за викенд,прошета помине ден со блиските. Да земаме 1000+евра плата па да разговараме за празници дали да се работат или не. Целта на постот беше јасна
Ај срцки тие, колку се запалени да работат. Недела ми е единствен слободен ден и убаво си ми е кога има празничен неработен ден. На претходно работно место на периоди работев и во саботи. Човек треба и да одмори, да си искористи време и за други активности.
Сите сме робови на системот. Некои од што мораат, некои ете по своја желба. Едвај чекам празник, да легачам.
Нема подобро нешто од продолжен викенд и празник, без разлика дали си ученик, студент или вработен. Па дали ќе седиш дома, ќе одмараш, дали ќе одиш надвор од државата некаде на викенд, се е тоа наш личен избор, но на секој од нас дефинитивно му е малку потребен одмор од работа и обврски. Кој како сака си го распоредува одморот. Малку треба за среќа и подобро расположение, да не радуваат такви работи, бар 5% од расположението во годината ќе ни биде подобро генерално.
Врти лево,врти десно,никнува Славица. Бре,бре,бре... Бидете воркохолици колку сакате,ама остајте ги другите да уживаат во празниците.
Сакам да кажам дека денес денот ми беше многу убав. Цел ден не сум дома, сега само што влегов и си закажав за нокти во петок само не знам какви да ги правам, се мислам нешто ептен темно црвена,вино боја.
180 празници + 20тина дена одмор, ете ти третина година без работа Како не пиша некој "АмА вО НеМаЧкА 3 пРаЗнИцИ иМа "вака некако не ми е комплетен муабетот за неработници Они место да се борат за бенефити поголеми од било кој аспект, они главата во песок и она македонското ќути работи. Само кај нас има ова некој да се буни за бенефити, да бара да му ги укинат. Од главата си патиме.
Нема напредок на државата со секој трет ден празник, еден неработен ден во неделата по избор или по договор + недела неработен ден би било идеално од аспект на поголема продуктивност на работниците..
А и уште нешто ми текна за овие преработнициве. Чисто да ви кажам дека тие што не работат во јавна администрација платата си ја вадат најверојатно во фракција од денот. Значи профитот на газдата од пола ден ваша работа е вашата плата. Утре ќе почнете да стареете, нема да сте веќе исто конкурентни и факт нема да може исто да работите, не дај Боже да ви се случи нешто и посериозно, ќе ви дадат една Get well soon кошница со овошје и ќе ве сменат за 1 месец. Е толку им вреди вашиот труд, па чисто да размислите пред да сте толку срдечни спрема фирмата и индустријата и пред да барате празници да ви се укинат А веројатно и не работите штом толку немате поим како функционираат работиве.