И после ќе се дрзне некој (и тоа често маж) да продава ветер у магла за пад на наталитет, себични и разгалени сме биле новите генерации жени што не раѓаме повеќе, нацијата ќе изумрела, бла, бла... А бе око не ми трепнува за дисфункционалнава недојдија и ни трошка долг не осеќам кон истата, ништо не заслужува државава од нас жените освен презир, а камоли па од некаква национална должност да се решаваме да раѓаме. Девојката ја следам на инстаграм, фото блогерка е, млада, креативна, прекрасна... нема зборови за хороров низ кој поминала. Се надевам ќе си ја истера правдата
Посакувам многу работи околу мене да беа поедноставни Да знам кој ми мисли добро, кој не. Да знам кој ме суди за секоја постапка, кој не. Да знам кој искрено и отворено ме мрази, кој ми прави лице, кој не. Ама не знам ништо, никогаш, за ниеден. Пред никој не знам како да се однесувам зборувам, што да зборувам и колку да кажам зашто она што ќе следи после може да е страшно. Ме убива чувството буквално да не знам како да се однесувам пред луѓе, како мало срамежливо детенце пристапувам дури и пред тие што ги знам со години и (наводно) можам да им верувам. И пред тие сум секогаш на штрек и го очекувам најлошото. Пред фамилија, дечко, другарки, пред сите. Од секого очекувам и да ме сака и да ме убие у секој момент, зашто баш дека не знаеме што носи следната минута, не пак следниот ден или година. Никој не ми гарантира што ќе видам од било кој иако сум ги сметала за најмилите личности.
Знаеш што највише ме изиритира? Што и лупнаа коментари па што си чекала до сега? Типичен victim blaming, значи ми се повраќаше коа ги читав. Мене ми требаше еден ден за да и реплицирам на Бубаче од што се вознемирив, а камоли директно онаква траума да доживееш. Девојката навистина е прекрасна и од мене има целосна поддршка да си тера до крај.
Неограничено пиење спаѓа во цената ама они да ти кажат кој пијалоци ти се неограничени, вино од најефтиното и пиво од пластика.. Значи неограничено ама во граници на ограничено.
Ќе си напраите плејлиста на spotify и ќе си купите звучник и со блутут ќе си пуштате без interruptions.
Секоја чест на издржливоста и храброста да го споделиш ова со сите. Се трудам да не коментирам многу на овие теми кои вклучуваат човечки судбини и тешки моменти, самото тоа што срце ми се кине кога ќе прочитам приказна како твојата ме прави гневна и немоќна нешто да сменам. Ама морав да ти пишам и да ти честитам дека после се си се исправила на нозе и си толку храбра. Нема да мудрувам многу, само сакав да ти кажам дека во сета несреќа и се што си пропатила, животот пак ти дал тебе и на твоето семејство уште една шанса. Се надевам дека сега си добра и се надевам дека иднината ќе ти е исполнета само со убави и среќни нешта. Уште еднаш, секоја чест.
Фала ти. Отворив тема во Политика и настани, да не ја полниме темава со такви лоши случки, да дискутираме таму.
Ах ко ќе мани силно анкс ради минати трауми ко "тригер". Клавам во наводници оти треба да почнам детално да опишвам и разликвам чувства.
Се сетив на нешто многу интересно а особено важно,да бидеш човек е најблагородна особина.на една Инстаграм апликација имаше прашање како сте ?Поубав гест нема ,да им е стало до следачите и некому да помогнат .Вир по вир,капка .Тоа треба да го шириме да се чуваме едни со други ,еден убав збор,гест,насмевка тоа е таа најубава човечка особина
Понекогаш луѓето ќе ви помогнат кога ќе побарате помош. Ама после ќе се покаете што сте се родиле. За да не ги мислите тие што се со големо его,и да не ви биде жал Кој сака сам ќе ви помогне,без да побарате помош
Хахахаха. Баш вака. Има решение против реклами на мобилен, има адблокер за броусер. Ама нема за ТВ. Таму не знам како да го решам проблемот. Мене на мобилен Спотифај ми е поголем проблем.
Не сум по благо. Откако почнав да јадам во бременоста, кога завршија сите маки повраќања, благо ми се јаде како крај на свет да е. Сега седам и мириса собава на еклери. Жими се. Собата мириса! Не можам да објаснам ама ќе цркнам за благо. Кога кажав на докторката ми вика ако имаш бактерија ќе те тера на благо. А немам бактерија. Оди објасни дека собата мириса...
Песничево го изнајдов кузнај како ама некако ми е вака расположението, ни весело ни тажно, само како да го посматрам животот, додека сите си го живеат
Драга Дона ,баш сношти ти го пребарував профилот, по вереничкиот прстен те препознав ни за чудо не си помислив дека и тука ќе пишеш, ПОДДРШКА и од мене