Не така. То не е сакање. Опсесија е. Не мој та да те занимава 24/7, не си бебе. најди си занимација. Ко мајка ти кажвам, да знајш
Драги форумџии, би ве замолила доколку сте во можност да донирате или барем да ја споделите сликава на вашите социјални мрежи. се работи за момче од 24 години кое поради карцином на б.дроб е во Систина на лекување. Ви благодарам
Среќен Божиќ на сите кои го прославуваат денеска. Денешниот ден и сите останати денови нека ви се исполнети со среќа, насмевки, љубов и радост! Имајте убав помин! Merry Christmas!
Не знам колку ова е сериозно, само сакам да се надоврзам општо. Ако си ориентираш живот кон една личност, моментот ко ќе ја нема та личност се осудваш на пропаст. Ова е точно за врски, пријателства, дури и врзвање со деца како главен приоритет. Оти секогаш се се менва. Животот врти. Децата растат. Луѓе се оддалечуваат, заменуваат, или едноставно не се блиски со ист интензитет. Работете на граници. За свое добро.
На то и се надевав и зато реков дека општо ќе коментирам оти не знам колку е мислењето сериозно. Ама морав да го напишам за сосем друга ситуација. Зато го свртив на врска со дете и напуштање на дом. Накратко идев ова да го пишам и ти ми беше џекпот.
Да ви кажам искрено колку само ми се разубај денов, бев Битола на ракијада кај Камарите, еден од најаките пејачи значи неам зборој, мислам уште бендот му се вика Eruption, секоја чест. Толку сме слични градојте и по големина и се, ама моментално колкава разлика то чудо нешто, другаро од Битола прашува шојма во Прилеп, му викаме имаше тројца низ град и еве не и тие тука дојдоја за музика тро.
Уште постојат?! Мислам, уште постојат во Битола?! Средно ги слушав. Тапанарот најдолго ми беше симпатија. Мислам, ова е ако збораме за истиот бенд зошто овај шо го памтам под то име се префрли Скопје и се откажав да ги пратам ради то пошто далеку ми се најголем % од времето иако се по потекло од Битола. А види нотификација, а биле Скопје и така полека I let them go. Sad.
плаво машко, Јездич? Инаку јас во Порта Џез и неколку пати Прилеп беа стварно ме бендисаја, јаки се ептен.
Добро бе постои ли канал каде што нема да ја видам рекламата со суплемент за простата и Роберт со неговиот слаб млаз од урина што по земање на суплементот му е силен како во неговите 20ти години? Напамет ја научив. Еднаш на векот решавам да седнам пред ТВ и зажалив. Претераа.