Се согласувам. Слабост е во одредени ситуации. Затоа што кажаниот збор не се враќа. Треба повеќе да слушаме. А ретко кој слуша, обично чекаат да заврши другиот со зборување и да го свртат муабетот за себе. Секако, познавам исклучоци и со нив имам секогаш корисен и конструктивен разговор.
Минатите 3 дена едвај чекав да се уклучам на социјалните мрежи. Се изнагледав сториња, слики, видеа од предновогодишните забави. Ах, многу ми е убаво кога ќе ги видам сложни и среќни сите колеги и колешки на една маса Сега ми е криво што двапати имам одбиено покани за вакви забави
Иако сме на прагот на 2022, сеуште го читам клишето од време на време: "New year, new me", и како некои луѓе веруваат дека ќе се променат поради тоа што Земјата направила уште еден круг околу Сонцето. Единствена инстантна промена која може да ја добиете на 1-ви Јануари е да ставите некое килце плус.
Нема боље од соло прошетка. Те фаќа каква таква дневна светлина, гледаш каква таква природа, физички си активен и е совршена прилика за добар подкаст.
Оваа година ми донесе толку многу неочекувани, а убави промени. Се' друго ми изгледа како далечно, веќе заборавено и неважно минато.
Го добив еден од најубајте подароци за секрет санта! Цело време на смеа на групен чат викам шубо јадење прајте, одма на та и та улица да пратите на дегустатор како мене.. и баш ми се падна девојката што најмногу готви, златна колку е ми напрајла слатки посни измислени за пред вежбање.
Годинава си заминува. Повторно идат оние датуми кои беа кошмар за мене. Не можам да се радувам како што треба на Нова Година оти повторно пред очи ми излегуваат тие слики од 31 декември до 4 јануари.Хорор денови и ноќи со збунетост,несигурност и страв. Ме тешат со „било,поминало“,ама не ми помага тоа.Стравот дека ќе се повтори не поминува.
Осеќам притисок дека мора да сум под еуфорија за празниците, дека мора да одам негде на зимување, дека мора да направам некоја значајна промена од 1ви. Само ми се лежи у кревет и ми се гушка.
Растење не е само додавање години туку постојано и непрекинсто учење и надоградување на себе си.Да признаеш дека можеби не си во право, дека можеби тоа што го правиш повредило некого, да имаш доблест да признаеш и да имаш желба за промена.Целиот менталитет на "јас сум така научен/а, не знам поинаку" и "не се менувам за никого" се едни од најтоксичните нешта кои ни се всадени.Не можам да разберам како некои луѓе немаат способност за интроспекција.Уште потешко е кога сакаш некого и целиот тој однос се комплицира.Многу е полесно кога ваквите луѓе се некои далечни, за кои ниту многу се грижиш ниту нивниот однос те погодува.