Периодов полн со обврски на работа, паралелно и со проблеми домашни. Не се осеќам баш најдобро, но еве некако балансирам. Убава ми е еуфоријата кај луѓето, кај мене така-така. Дијагнозата на дедо ми ме погоди многу.... Се надевам 2022 ќе биде подобро и конечно ќе научиме да го цениме она што го приметуваме само кога ќе го изгубиме
Обожавам да наоѓам песни што сум ги слушала со задоволство некогаш порано, па сум ги заборавила... Сега ми звучат уште подобро
Какво тмурно и грдо време. Многу мразам магла, одвратно изгледа, а и ужасно мириса. Камоли да си спиев под топло ќебе барем на ова ладно и да не го гледав сивилово. Лето побрзај, не се трпи више ладнотијава.
Ми фали времето кога фотографирав. Се шлаев низ град со саати, очите ми фаќаа секакви ќошиња и детали, на секој чекор подзастанував да фотнам нешто. Луѓе ме гледаа чудно, ко кој знае што да правам. А јас уживав да ги истражувам улиците. Немав многу добар апарат, ама научив да го користам и да извадам максимум од него. Тогаш се нервирав, знаев дека сум добра, ама го немав потребниот алат. После многу долг период сега повторно ги разлистав фотките на инста и сфатив дека и не ми се толку лоши колку што мислев. Ех, сон на еден млад човек полн со инспирација... не постои повеќе.
Леле се пронајдов во твојот пост. И јас сакам да сликам, шетам, истражувам, но и сеуште го правам тоа. Немој да губиш надеж, почни повторно со тоа што си го правела. Некако опушта, те трга од лоши мисли, нервози и тн.
The perks of да си вработен во фирма во која се работи на англиски е да ги користиш двата јазици во иста реченица, без да мислиш дали ќе те разберат
Преку глава од неуслужливи и дрски луѓе. За малце ќе го опцуев по телефон, среќа шо прстот ми изреагира побрзо од јазикот па спуштив слушалка пред да се деси хаос .
@nena2010, Ајде тука ќе ти пишам пошто не можам во ЛП. Овие лихвари на договорите ставаат член кој најчесто гласи. Корисникот на кредит потврдува дека против него не се покренати или не се во процес на покренување било какви постапки за наплата на други долгови поведени пред суд,нотар или извршител, а за кои претходно не го известил ФД. На овој член ги плашат своите клиенти, со тоа што не ги известиле дека имаат долгови и извршители направиле измама и за тоа ќе ги гонат кривично по член 247, кај нив човек без долгови не се доближува ни на 100 м од канцелариите не па да земи кредит туку директ во банка си зема кредит. Не сакав во темата брзи кредити да ти кажам да не заплашувам луѓе таму кои и така си имаат проблеми со нив.
Треба да измислат посебен знаковен јазик само за на забар. Пример да можеш со рацете да "кажеш": Уште колку има?/ Што ми правиш на забот?/ Малку боли/ Многу боли/ Неугодно е итн. итн. место да мрмлаш само и да не може да те разбере забарот.
Зошто луѓево лажат, зошто? Подеднакво мразам бели лаги, како и оние големите. Па барем да запомнат кога ќе те излажат. На крај лути што си ги фатил во лага.
Уште има луѓе што мислат дека пандемијава е лажна, дека не постои корона вирус. Не легнале болни, не им умрел никој, затоа лупетаат. Каков народ... Ништо не допира до овие луѓе.
Подготовката на подароци ми ствара енормна анксиозност, но и ме расположува. Не ми е јасно како е можно да чувствувам толку дијаметрално различни емоции истовремено Со денови се мислам што да купам, дали ќе им се допадне, дури и сонував дека сум одбрала погрешен подарок. А од друга страна, уживам во пакувањето, внимателно го одбирам секој детал и среќна сум бидејќи знам дека ќе успеам да израдувам некого. Да немав анксиозност ќе беше многу полесно, но добро, знам зошто е така. Подарокот е за едни посебни луѓенца кои ми ја одбележаа оваа година и во никој случај не би сакала да ги разочарам
И јас сум таква, но кога ќе видам како некој се радува на мојот подарок се полнам со прекрасни емоции и ја заборавам анксиозноста што сум ја имала кога сум бирала. Навистина сакам да подарувам, повеќе отколку да добивам подароци