Разубавувањето на овој помалку депресивен свет треба да го почнеме од себе. Да ја пофалиме продавачката за работата, да и помогнеме на старата бабичка со торбите до дома, да дадеме чоколадо на некој што проси... Не е тешко да се биде фин. Имајте убав ден, ширете позитивна енергија
Вчера бев под голем стрес, па по предавањата решив да си пуштам музика. Отворам Јутјуб и прво нешто што ми се појавува е најновото видео на Петар во кое кажува дека освен грашок не сака боранија, зелка и спанаќ. На сите ни требаше такво нешто, да не се лажеме. Сега и порталиве го објавуваат. Ама како што секој се осудува и етикетира за нешто, така ни тој не е поштеден од тоа, а посебно неговите родители. Бил разгален, бил ваков, бил таков. Неосновано. Без причина. Секој си е приказна за себе. Не мора на сите да (не) ни се допаѓаат исти работи. Јас имам впечаток дека на само 10 години е попаметен од (најмалку) половина Македонија. Многу убаво знае да се изрази. Кога бев мала и јас пребирав, а сега едвај ќе ми текне што не јадам. Овој текст кажува сѐ, а јас се согласувам со кажаното. Ме потсети на траумите што ги имав од градинка кога една идиотка (не можам да ја наречам воспитувачка) ми рече „Испиј го млекото или ќе ти го истурам врз глава!“ Ама таквиот начин на воспитување преовладува, за жал. Еве доказ што го потврдува ова. Госпоѓата имаше водеше емисија за патување на Канал 5, па на 24, а мислам дека и на Телма и за тоа немам никаква забелешка. Но откако го прочитав ова, можам слободно да кажам дека залудно патувала кога е сѐ уште заглавена во времето на Тито. Во ред, растела во тоа време и тоа ѝ е некако нормално. Но кога веќе патуваш, откриј како ги воспитуваат децата во другите земји, особено во оние во кои се сметаат за најсреќни. Не, не сакам да ги наметнам моите мислења, но навреди, поддржување насилство, присилување, етикетирање и слично, извинете, не можам да почитувам. Сите овие работи се скриени под превезот на различното мислење“. Не можете со сила да натерате некого да (не) му се допаѓа нешто. Исто како што не можете да присилите некој да ве сака. Со сила убавина не бидува.
@mode-kristina детето има харизма, од има оној х-фактор кој за разлика од него многу личности кои се долги години во медиумите или естрадата воопшто го немаат. Детево е пример за тоа колку социјалните мрежи може истовремено да те воздигнат и срушат и препознаат како мета за булинг. Ама јас гледам дека има јаки фамилијарни столбови на кое се темели неговото воспитување и одгледан е да биде индивидуален и различен и да се сака и почитува како таков и пред се е многу искрен во одличното изразување на чувствата. Сите возрасни да сме почесто такви, да го галиме и негуваме детето во нас, светот би бил може не поубаво туку помирно, покул место за живеење, па кога ќе подразмислам поубаво ете и би бил поубаво место
Sakam da kazam deka denovive sum mnogu gorda na sebe Vo rok od 8 dena, polagav 3 ispiti i site gi poloziv, a da potenciram deka gi spremav so temperaturi, so edvaj stanuvanje od krevet.. Edvaj uspevav i da dosedam na ispitite.. Znachi se se moze koga se saka
@Bubce38 да ви е живо и здраво синчето!!! Кога прочитав, се израдував како за мој близок. Те читкав од време на време, и ептен ми е мило! Да ве радува, да ве прави најгорди родители на цел свет!
Дека го сакам секој ден се повеќе (дури и тогаш коа ми цапа на нерви), фала му на бога што го сретнав и останав со него... едвај чекам и бебушка да стигне на свет, очите му светкаат коа ми го гали мешето..
https://www.tiktok.com/@opedroofrei...8578557412869&is_from_webapp=v1&is_copy_url=0 Ме насмеа. Ја со Аптамилот не терам вакви филмови, си има делче за израмнување млекце.
ДОБРООО ВЕЧЕРРРР I’m back Знам дека ви фалев И вие мене ми фалевте Ќе пробам да не изедам уште еден бан, посмирено.Се надевам дека нема да ме испровоцира уште некој до тој степен, и не пробувајте пошто ако се воздржам ќе возвратам.Да не си правиме сега намештаљки. Ама тој ден толкууу бев напната цел ден, и тоа тек кога прочитав..ми се стемни бај д веј, може да трепнам и да дојде март??ме распаѓа времево, завчера беше пекол, вчера беше Сибирно, денес mixed.. Нит се води нит се тера не носам фришку рибу, али носам пијачки
Лелее да не се можело еден дечко асален да се најде! Д многу долг период сум сингле затоа шо сум глупа Се некои кои што не ми се допаѓаат пишуваат или пак локацијата не ми се допаѓа или пак некој перврзен ќе пише и директива блок се нервирам
Немам никакво посебно чувство што утре се чека новата година, освен што ќе бидам слободна (дури) 2 дена. Вообичаено сум еден, недела.
Само мене изгледа Јелена воопшто не ми е погодена за оваа улога. Некако никако да ми ја долови како што треба. Ми фали онаа "турбофолкерска сензуалност" што Јелена а нема.
Многу ми е интересно кога ќе се најде нешто што го прават ко 1%(ни толку) од жените што се феминистки и се користи за да се оцрнува цело движење, еве гледајте какви се феминистките, ненормални, забегани. Океј, прочитани сте, веќе не е интересно.