Сдк на песната погоре Ајде- Хајде како и да е, пред 15тина години кога излезе првата верзија, јас со невестинските фустанчиња паѓав и си го кршев носот. Текстот на сите слушнати верзии е ужас. Сдк 2 Не можам да се изначудам со луѓето наоколу, со нивното интересирање, па онака на шала "ќе се плеснете а" Човек да помисли дека треба да има лиценца за секс
Најстрашната и најзагрижувачка форма на феминистички отпор се протести со голи/топлес жени кои сепак ненасилно кон никого го покажуваат својот бес. Додека на другата страна (инцели, екстремни десничари, верски фундаменталисти) и ден денес имаме терористички напади, а да не зборуваме за фемицидите во секојдневна статистика. Во име на феминизмот никогаш не се војувале војни, не се освојувале територии, не се прогонувале, измачувале, убивале невини луѓе. И сепак токму за феминизмот е социјално најприфатливо да се земаат за пример екстремите и феминистките да бидат "the butt of the joke". Камо сите идеологии да беа олку „страшни и загрижувачки“ како феминизмот, светот би бил многу помирно и побезбедно место за живеење.
Ајде, од жена прочитав дека феминистките ги мразеле мажите, мажените жени и децата и дека напаѓале бремени жени. А тоа не е точно. Токму таквите се далеку од феминистки. Залудно ќе се расправаш со таквите. Еве, се отвори и трета јавна соба. Со таквите како типот што го постирал видеото не можеш да излезеш на крај.
Можеш да излезеш на крај, преку соодветна нивна едукација, која требала да започне уште од мали нозе од дома, од родителите, особено со посилен нагласок и најубаво преку личен пример од мајките, потоа од страна на сите жени кои се задолжени за нивниот психички раст и развој. Потоа поголема вклученост на жените во сите пори на општествениот и јавниот живот. Жално е што таквите мажи па ете ги има и жени исто такви, немаат поима што е феминизам и зошто овие жени се поттикнати да реагираат на ваков начин, ненасилен ама доволно јак да го прикаже бесот, незадоволството од тоа до каде сме. Независност на сите жени и многу едукација и уште повеќе емпатија и разбирање, ако сме жени не сме второстепени
Сакам да прокоментирам нешто за оној типот кој што вчера сакал да сруши авион само поради омраза и имам многу што да напишам, ама не знам дали вреди за таков профил на човек, а ни така не може да се нарече. Овој човек веќе ниту заслужува слобода, ниту брак, ниту статус на родител, зашто сето тоа го извел пред своето малолетно дете и отворено вели дека пре би ги убил и сопругата и ќерката, само да не слета во Србија и за тоа е спремен дури и цел авион да го сруши, само и единствено бидејќи ја мрази Србија. Не знам кој степен на омраза е потребен за еден ваков гаден акт, ама знам дека не може да произлезе од здрав разумен човек. Секој чекор во авио сообраќајот е добро осмислен, разгледан и одлучен, ништо не е случајно и не се одлучува без причина. Никој во тој авион не бил виновен што авионот не можел да слета во Тузла, затоа што не било нивна грешка што условите во Тузла тоа не го дозволувале. Да пробаш да отвориш врата во авион на 11 000м н.м.в. не е нешто што би го загрозило само сопствениот живот, ниту само на редот до и околу вратата, туку на цел авион, бидејќи сите патници експресно би биле вшмукани надвор, а авионот би се срушил. Среќа во несреќа е што инцидентов се случил во авион, зашто авиоиндустријата е престрога баш поради вакви инциденти. Среќа што немал некој остар предмет со себе, можел да направи масакар или не дај Боже оружје, ама секако ова е добар пример зошто пред летање поминуваме многу строги контроли. Екипажот одлично ја завршил својата работа по протокол и не водени од инстинкт и паника, за среќа на сите, и патниците и нив, затоа што сето ова можело за заврши трагично и многу крваво. Пробувам да најдам израз за тој екстремист (?!), ама не можам да најдам соодветен. Монструм, убиец, амеба, терорист... не знам. Во секој случај, сите во авионот имале многу среќа. Ама многу- многу. Мило ми е што сè се завршило добро на крај и сите излегле од тој авион безбедни. Спојлер: Инцидентот
@Ahoy ми се има нешто слично случено на лет Виена- Скопје, ама не вакво ова е лудост. Во случајов за кој пишувам си седеше човеков на седиште до помошната врата и наеднаш почна да се расправа со стујардесата да му биде вратен пасошот стана и рече ќе ја отвори помошната врата ако не му го вратат. Јас бев две седишта зад него се извадив од памет. Потоа стујардесата повика стујард за помош и го тргнаа од тоа седиште, на крајот ние што бевме вознемирени ја повикавме ни објасни дека човеков направил кривично дело и полиција им го дала пасошот нив поточно бил кај пилотот во пилотската кабина за кога ќе стапне на територија на Македонија да го предадат на безбедносните служби таму и кривично се гони, плус ни даде и води-пијалаци за смирување. Сепак е многу непријатно искуство, а ова погоре немам зборови, страшно. Инаку да во авиоиндустријата се си функционира по строг протокол, нема сакам да застанам на земја слетај го авионот каде ми се сака, штом не можеле во Тузла а морале некаде во Србија не е тоа зошто некој од екипажот така сакал, туку многу фактори се земаат во предвид, најчесто временските услови и од кулата на контрола на летови се добива сигнал каде е најсоодветно и најбезбедно да слета. Ми се има случено и да заглавам во Загреб заради лоша прегледност на нашиов аеродром и неможност да слета, потоа од Истанбул последниов лет беше октомври врнежливо и облачно тука таман се спушти на 10 мин. пред слетување исправи клун и се дигна пак нагоре, немаше прегледност, заобиколи пола саат и слета. Нема во авион сакам-нејќам, отварам врата итн. Си имаат правила и постапуваат по нив.
Дојде време кога треба да платиш за да дишиш. Дома загадено влегува од Чернобил од надвор смрдеа и загадено, ајде прочистувач земавме. Филтрите се загадија ненормално по 2 3 месеца. Ајде нови (100 евра!). Парното во сред ноември како несалам го оставаа цела ноќ, мислиш на северен пол сме надвор мразови снегови има (а сега ќе накачувале цена , недомаќинска работа). Ако отвориш прозор да се заладиш ќе умреш од загаденост, во населбава знае 500 честички на м. да има! Стануваш препотен, сув, суво грло, сув нос, сув мозок (едно време сакав климата на ладење да ја пуштам да се оладиме ). Ајде зимај навлажнувач. Кај моите во куќата ги изеде влага, смрди и таа, ајде одвлажнувач. Како лабароторија сме по дома, влегуваш во соба 300 апарати за воздух има. Денес за прв пат сме зелени, сите прозори ми се отворени како сред лето да е.
Тоа "сте" се надевам дека не ме зема и мене бидејќи делиме мислење. Тоа од видеото е дијагноза, феминизмот е движење, идеологија, култ и форма на еднаквост.
Зошто луѓево не разбираат дека не сакаме со нив за нова год??? Прва год ни е со бебе дома, во нов стан, сакаме да сме си сами. Културно објаснето, ама прости луѓе упорни а да не зборам дека не ми се малтретира бебе во гужви, посебно со невоспитани деца што маста му ја вадат
Врска немав кај да го пишам ова, идејата ми беше штом заврши изборот за форумџика, ама сепак некако мислам дека не сакам да го ограничувам мислењето само на таа тема. Јас не сум долго на форумот да ги знам сите членови, драми, случувања и што уште не, ама доволно долго сум да проценам кој во моментот има на форумот. Тврдам апсолутно дека од сите активни членови на форумот ти @KateKane, си апсолутно најразумна и најпаметна членка. Искрено, тебе не ти треба никаква номинација ни награда од форумов, ти си апсолутно омилена на најголем дел од членовите. Добро сега, зборувам за тие на кои вреди да си им омилен, што имаат капацитет за нормална дискусија и за изнесување ставови. Со кој и да разменив збор два за време на изборот, сите беа согласни дека ти несомнено си едниствена и уникатна на форумот, дека си исклучително рационална и паметна. Секоја ти чест. Не го кажувам ова зошто се смееме со Мицко, сега сум стварно сериозна и истово ќе го пишев и да беше некоја рандом членка. Остани таква, не си ни свесна колку луѓе сакаат да те читаат. Во Новава ти посакувам клише муабети, т.е. здравје, среќа и внатрешен мир. Некако кога ќе свртиш на крај на денот и стварно тоа е доста. За исполнување желби, знам дека сама ќе си ги исполниш, знам дека имаш многу луѓе кои те сакаат (ама јас те сакам најмногу!), за пари знам дека си повеќе од способна да ги заработиш (добро сега, освен ако не не избркаат дека се смееме на работа на мемиња). За крај ти посакувам во Новава многууууууууууу Мице и меме моменти, што е уствари долгорочна инвестиција во психофизичкото наше здравје, зошто буквално со нашиве смешки животот ни се продолжи. И нај на крај, сакав да дојде утре да те поздравам со ова, ама веројатно нема да можам да пишам, па верувам ќе прифатиш иако не е петок:
И во тој момент, ќе се почувствуваш како нешто да се скршило во тебе.. Нешто што одамна си го чувал несебично, си мислел и си се надевал дека се ќе биде подобро, дека се ќе се смени сѐ, ама не се менува, а времето го покажува тоа најубаво.. Луѓето не се менуваат, а уште помалку се менуваат нивните навики и односот кон околината..
Не бидете сељанки и собирајте си ја облеката откако ќе пробате во соблекувална.Не може на раат да пробаат тие после вас.
Буквално! Секој пат кога одам низ бутици земам по повеќе работи да пробам и стално ги враќам здиплени на местото каде што стоеле, колку пати и продавачките ми рекле остави ние ќе средиме, не знам зашто некои луѓе се однесуваат во бутик како да се кралици и ќе им се скрши раката ако го вратат тоа што го земале да го пробаат, никој не е должен да трча по нас, макар и таму вработените, основна култура.
Ќе пишам овде за да си олеснам зошто ако ти кажам во лице ќе треба да паднам многу ниско. Добро бре маме му еднаш да незнаеш да ми посакаш нешто убаво. Еднаш да незнаеш да речеш "браво, господ да ви помогне, да ви се подобри животот, секој со среќата"....  од толку блиска особа ваква завист и љубомора не очекував. Кога ќе сфатиш дека ако некој човек е среќен, тебе тоа не те прави несреќна? Ама изгледа те прави, затоа така се понашаш. ГАД. Ако мојот животен стандард се подобри, тоа никако не ти влијае на твојот животен стандард, ама очигледно ти влијае на егото, зошто ти ништо немаш постигнато во животот, а јас очигледно ќе постигнам. Подобро да не бев твоја крв, полесно ќе ја разберев оваа твоја завист. Да се едитирам: Едвај чекам да си го остварам животниот сон, па штета нема да те видам кога ќе ти се тресне вилицата од земја, ама ќе ми кажат луѓето што живеат со тебе.
Значи нема поглупо кога ќе се пожалиш на болки во стомак, некој да те убедува дека е нормално јер си женско, особено ако е неподнослива Мислам на онаква како кога имаш стомачен вирус, во цревата. Не, не секоја стомачна болка е менструална или поврзана со циклус ffs и нормална.
Ај што не ги враќаат ,туку блиска пријателка работеше во сити мол и ми кажуваше дека од под ги собирале ,изгазени.
Мене многу ама многу ми е криво, зошто буквално никој околу нас од нашите блиски не не поддржува во нашата одлука. Ама една мисла ми е ептен во глава: Don't let anyone tell you why you can't do something, f*****g do it and make them feel stupid for ever doubting you.