Чудно ми е како сите луѓе колективно толку многу го слават фактот дека планетата свртила круг околу сонцето. Као... навистина ни е тоа толку битно? Ај барем е базирано на реален факт, а не на измислен. Како и да е, нека е бериќетна и не заборавајте:
Луѓенца, среќна Нова Година, ви посакувам на сите сѐ најубаво, бидете среќни, здрави и исполнети со љубов и задоволство. Се надевам годинава ќе читаме помалкуу караници овде Ве сака Феминка22
Уште една година зад нас, почнуваме ново поглавје во животот. Нека ви е среќна 2022, нека биде убава година, поубава од претходните.
Решив да прам честитки точно пред Божиќ лично да ги дам на сите блиски, за сега да ми текни дека немам доволно дебела хартија за да испаднат убо.
Среќна Нова 2022 Имаме нови 365 денови за да станеме подобри луѓе, повеќе да сакаме, да сочуствуваме... Да се негуваме себеси и околината Ви посакувам добро здравје, мир во душата и многу среќни моменти
Среќна Нова 2022 Годината што претстои нека Ви биде исполнета со убави моменти, спокојство и успешни предизвици. Вложете во себе и бидете подобра верзија за себе
Во новата 2022 да имате добро здравје, да бидете свои, да си ги правите работите што ги сакате, да целите високо, да си исполните се што сакате, да бидете храбри и насмеани!
Среќна Нова 2022 Нека ви донесе многу среќа, љубов, пари, прекрасни моменти со најсаканите и најважното, многу здравје.
Среќна Нова мили луѓенца, да сте живи и здрави сите, исполнети со среќа и љубов секој ден во годината. Се надевам дека си поминавте преубаво - без разлика каде сте биле.
Среќна нова година луѓенца, здрави живи и весели да сте во новава, да ви се исполнат сите желби и само по убави работи да ја паметите.
Среќна нова 2022 година.Нека биде многу среќна,успешна,многу здравје,хармонија и да се оствари се што си посакувате за себе и за вашите блиски.