Како што си ветив сама на себе така некои работи си ги направив синоќа, на првиот ден од Новата Година за да ми тргне. Кај една инфлуенсерка прочитав дека е добро да се води планер, за да ги запишуваш целите кои сакаш да ги постигнеш. Никогаш не сум водела планер, но звучи како добра идеја. Здравје, кога ќе дојдам во Мкд може да си набавам еден. Баш би сакала да ми стои како потсетник и мемоар за подоцна во животот. Денот почна, недела е. Да се искористи сонцето. Убав ден на сите.
Се изначистив по дома, бебе заспа од правосмукалката, на раат сè успеав да средам. Ме боли грбот, се преуморив, немам ручано, ама нема везе, сега кревам нозе на Ге у дневна и уз чаша скоч ќе си се подружам со Стивен Кинг.
Е па ти почни да читаш повеќе, може ќе научиш дека човек може да има зголемена тежина и од други причини.
Слушнав секакви теории на заговор поврзани со Ковид, но тоа дека лаборанти можат да те излажат за тест резултати е врвот...
Здраво. Ова ми е прв македонски форум на кој членувам. Имам многу прашања, имам многу работи да кажам, па со оглед на цела ситуација што ми се случува, фемина некако ми е најпогодна за дружење. Сега најбитното на кратко, ве молам насочете ме на правите теми ако не сум на право место. Иако овие неколку реченици засегаат многу теми. Иако многу пати сум читала вака отварања на душата и кога надоле читам некои сарказми и критики за пишаното, затварам форум и терам ама сега ајде да пробам... 2 години се обидувавме да останам трудна. За прво. 8 години си работев во фирма, 2 години во брак и после секој добиен циклус толку многу се разочарував и срам ми е себеси што ќе пишам, ама ме нервираа мајки, муабети за деца, стигнав до степен да бидам нервозна, бесчуствителна, дива, сосема спротивно од тоа што си бев. Толку многу без незаинтересирана за ништо повеќе и еден ден од нигде никаде почнав да се расправам со работодавачот и реално го јаде за сите. Се што ми лежеше на душа и цела нервоза и огорченост си ја ослободив таму. И нормално како што функционира се кај нас, експресно добив отказ. Секогаш сама себеси сум си и мајка и татко и овој пат и адвокат, си пишав и жалба и поплаки, испратив насекаде, во исчекување сум на одлуките, нервозата само ми расте, напнатост, сега и немав причина повеќе да излегувам од дома и така, си живеев како диво животно, не дозволив ни совет ни добронамерност, онака како див лав само дремев и заборавив и на дете и на работа и на брак, се почна да не ме интересира.. Еден месец така. За Нова година дојде најдобриот другар на мажот ми од странство и што да правам ги викнал кај нас дома за пречек и морав да реагирам како човек конечно. Ставаат пијалоци и викам не сакам јас алкохол. И ми вика женската на другаров зошто да не си трудна. И се сетив дека неколку дена ми касни. А имам циклус како швајцарски саат. Точно до секунда. Имам една апликација што си водам евиденција за тоа и гледам 7ми ден ми доцни. Нема шанси бременост, толку многу стрес истрпев од тоа е. Кога таму некогаш лани решивме дека сакаме дете јас си купив тест и мислев така е тоа одма сакаш дете и одма добиваш, па се разочарав и го зафрлив по фиоки. Овие два дена само вртев низ таа фиока, да правам или не, нема шанса да е стрес е. И зедов сабајле го направив. Не ни успеав да осетам возбуда, пред очи ми светнаа две црни линии. Црни сериозно. И тоа е, готово. Иронично, толку многу сакав, а сега не знам како се чуствувам. Можеби сеуште сум и во шок. По таа апликацијата ако може да и се верува, а јас и верувам зошто на неа следев и оволуации и циклус, ми кажува дека сум 5та недела и 2 ден бремена. Искрено ништо не осетив во меѓувреме. Или цел месец ми беше со мачнини и тешкотии па не заприметив. И еве ме сега мене бремена, без здравствено осигурување, без искуство, без знаење, дојдов тука да поставувам еден тон прашања и да замарам.
@AugusTina! не замараш, ќе се снајдеш полека низ темиве. Има секогаш луѓе каде можеш да прашаш за било што.
Со лесно да ти помине бременоста, колку можеш избегнувај стрес. Трк во темите за бременост, ќе најдеш и што ти треба и што не ти треба
Прво честитки! Налив не емоции е нормална работа за се, па најмногу можеби и вака за неочекувано. Посети ја категоријава и најди си соодветна тема што ти одговара, ако нема отвори си нова. https://forum.femina.mk/forums/Бременост.26/ За се има решение, жените тука се многу поддржливи, ќе биде се во ред.
Cestitki I odmaraj. Se ke se sredi do krajot na bremenosta Ili preku maz ke se osiguras.Vazno da si dobro I bebe da napreduva.SO GOSPOD NAPRED.
Ми фалат многу од старите членови... Отворив во листата на тие што ги следам, и забележав дека поголем дел од нив не пишуваат веќе, и јас не сум редовна, ама некои квалитетни ликови скроз ги снема Едни си одат, други доаѓаат, тоа е нормално, ама не е нормално толку да се презаситите од форумов бе и ич да не се појавите
Не сме презаситени, едноставно поради одредени причини не сакаме да пишуваме тука. Има поголеми приоритети