Не знам дали на сите им е вака, ама пијам пробиотски јогурт и се воздржувам да не повратам од толку што ми е одвратен.
Ако ти е за пробиотикот, боље земи си ќефир. За мене лично највкусен, а и најбогат со добри бактерии.
Сакам да кажам ми фали старата јас. Знам патетично звучи ама онаа енергично девојче, секогаш насмеано. Наидов на стар профил на форум, кои желби сум ги имала каква волја и енергија. Сега сум во крајот на 20тите и не знам дали е до претходни искуства и дали годините сами си го прават своето, дали државава не ни ја бива па се разочаруваш на млади години.
Знам, ама сепак ние наоѓаме време да навратиме... Зборувам за членки што ги нема никако 2-3 години, а оставиле свој печат овде, само нека се добри, нека не доаѓаат ако така решиле.
Во неделата наутро одекнуваше звук на полициски коли и амбулантни звуци. Човек често ќе си помисли дека можеби се судриле повеќе коли, или можеби на некој му се слошило. Навидум,обичен ден на островот како и секое утро гледам на фб што има наидувам на вест: Пронајдено тело на девојка во Слима на познатото шеталиште или веќе попросто кажано Паркот на мачките. Да бидам прецизна во Неделата во 6:30 е силувана и задавена 29 годишна студентка од Полска од 20 годишно надрогирано детиште кој мислел дека е војник на Бог. Замислете ви почнува денот, се облекувате и одите да нахраните мачиња, и оп ви завршува животот. Зошто? Зошто бе луѓе? Зошто, немам зборови… се потресов. Зошто родителите ги раѓаат и ги испуштаат од рака децата? Зошто ги правите,ако немате намера да им се посветите долгорочно? Зошто не превземате нешто кога гледате дека има ментално психички проблеми? Кога знаете дека е проблематичен и опасен за околината? Каде живееме бе? Каков е овој подол свет, каква е оваа земја што се врти околу Орбитата? Зошто човечкото суштество чувствува дека има и поседува голема моќ и сила? Не,немам зборови веќе. Почивај во мир Паулина, летај со златни крилја, храни ги и гали ги мачињата во рајот. Таму нема бол,мила моја. Таму нема злоба, таму сѐ е спокојно. Ти ќе не промениш, ние не те забораваме,ние нема да му опростиме. Летај, летај високо,мирно и спокојно оваа земја не те ценеше доволно, не те заштити а ти ја обожаваше. Бог да те прости,мила. Спојлер Девојкава не ја познавав лично, нејзината сурова смрт ме погоди. Многу сум емотивна извинете,ако може спојте го мислењево. Стотици луѓе меѓу кои и премиерот отидоа да и дадат отчет.
Драги членови, тие со стрии и без стрии, високи и ниски, со минус и плус килограми, тазе фарбани плавуши и бринети (и со подраснати корени, за да не се чувствуваат и тие малку дискриминирани), со очила или без очила, со сите наши маани и доблести, среќна Нова година и од се срце ви посакувам во новата 2022 вашиот дом да блеска и да го краси ново пластично буре од 120 литри за туршија. Среќно луѓенца
Иначе ќе посакав и ја Среќна Нова чисто колку да биде позитива која што е и преку потребна ама како што стојат работиве сувишно ми е некако,така да ќе посакам Среќен Јануари и празници што ни престојат а за останати месеци накнадно ќе видам Среќно нека е дечки!
За овој Бадник нема да имам костени на софрата. Цените се отидени во плафон, пригодно. Лани купив и смрзнав со време, кога беа поефтини, годинава заборавив. Ореви нелупени за жал нема да давам на коледарите годинава. Краставица исто немора да јадеме...за 180 кило, фала, не треба. Ќе рендам цвекло и морков.
Фала ти срце си . Не се мачи да ми даваш, стварно. Ако не го јадете, дај им на некои што стварно немаат приходи. Пишав повеќе од револт, од принцип, него ли од иштаф или од очај. Зошто стварно ми е преку глава што не дерат пред празници континуирано со години. Оние што немаат од село, приморани се да платат. И се осеќаш sheepish, ме сфаќаш? Верувајте сите што имате некој од село да ви праќа намирници, сте во голема предност. Не се работи само за финансиска помош, му го знаеш потеклото на тоа што го јадеш. Не те лаже бар. На пазар ти продава грав по цена на тетовски грав, а знаеш дека многу малку од гравот на пазарите е стварно од тоа семе, зошто се поретко го одгледуваат. Избирам да ги бојкотирам едноставно, со тоа што не купувам.