Гледам станува се поактуелно да се сексуализираат детски работи. Детски стил, фаца намерно да изгледа како дете, коса со детски шноли, абе мислиш детенце е, ама се тоа некако еротско, а таа пичла 20+. Кој нормален маж или жена би му изгледало тоа секси?
Секој ден се повеќе те сакам Го чекам денот кога ќе те запознаам, колкава ќе бидеш, на кого ќе личиш, кога ќе дојдеш Имаме нова финта го испружуваме ноџенцето и мама преку стомакот може да го пипне Ах љубов!
Истиов муабет со мајка ми го свртевме во маркет кога пазарувавме. Ја гледам цената на краставиците и се чудам. Чиниш авокадо е, а тоа 90% вода.
Сестра ми ми вика овие децава денес само за пари одат на коледе, и викам а ти за јаболка одеше ли? Само се насмеа..
Ми текнува дека најголем хорор кога одев на коледе ми беа тетки што ни викаа вие пејте додека јас да ви донесам јас ќе ве слушам, и ние по 5-6 пати иста песна ќе пееме додека тетката да дојде. Најмногу ги сакав оние што излегуваа одма и вика не пејте ќе го разбудите ХХХ, и ние не пееме а ќе ни дадат сепак.
Толку ме израдуваа, сите малечки по 5-6 години, а пеат ли пеат бебе внатре писка на цел глас, се смее, викам тебе рано ти е да пееш
Ова племе што е во заблуда дека е цивилизиран народ не заслужува ништо. НИШТО! Заеби влада и политика и корупција, за-е-би. Никој ништо не треба да направи добро во оваа дупка исполнета со лајна, остајте да скапаме и ние заедно со нив, затоа што сè е залудно. Каква култура, какво воспитување, какви бакрачи, овде се нема мозок бре! Ги откорнале сите 3 клупи од паркот и ги лупнале на тениското игралиште (кое патем на сè личи освен на тоа што е поради вакви гомна), палеле синоќа оган, племе затуцано, пиеле, љокале, испрљале, оставиле сè, од ѓубре до клупи! Ама најголемото ѓубре го прибрале дома - самите себе. Толку сум изреволтирана, нит ми се шета дете, нит ми се искача од дома. Парков е од минатиот март, нема ни една година како го направија, успеаа клупи да откорнат. Пола дрвца даските за рамнотежа им се откорнати, минатиот месец 5-6 дрвца исекле, нови малецки дрвца. Од 20те портокалови конуси што блокираат коли, останати се 3. Уште во мај месец, едното (од вкупно 2) коњче од лулашките го откорнале, од тогаш стои федер само. После ќе се јадат гомна, вакви политичари сме имале, онакви. Сме немале ова, сме немале она. Кога воглавно мозок се нема у дупкава што глуми држава, како да имаме било што вредно?!
Во суштина правеле се што не требало да се прави на палење оган. Не за џабе црквата се откажа од овој адет, што има на сликиве што укажува на христијански адет, хармонија, верба, љубов кон Бога? На што личи такво девијантно однесување, па и ѓубрето го остаиле. Не сфаќам што мислат, кој треба да го крене по нив??? Тоа за клупите веќе не го ни коментирам. Мизерен народ сме, скапаници.
Не знаеш колку сум и љута и разочарана. Не помина ни една година, парков партал го направија. Покрај смрденана цементара, метежот на булевар Трајковски и депонијана расадник, парков е единственото место да прошеташ и да се осетиш колку толку понормално. Ама не, што ќе ни е. Гомнава што се дрзнуваат да се наречат себе си луѓе ко да се навикнати да живеат во ѓубре и мизерија, изгледа поубаво им е така. Ларви се напредно суштество за нив. Многу му се радував на парков, бебе додека да потпорасне за да си игра, може и ќе го нема...
Верувам. И јас се нервирам, во истот парк шетаме со мм за воздух да земеме бидејќи кај нас не ни има парк... Ако ти е за утеха, јас и во зграда се карам со исти бандити, палќавме пари за да се стави брава на влезна врата, за на крај елитата да ја мрзи чипчето да го носи со нив и да го допре до сензорот и ја искршија за неколку месеци (значи и они даваа пари). Така што веќе не се нервирам. Онаму каде што сме, заслужено ни е. Секогаш ни е станко крив, нема врска со тоа што сме ние гниди невоспитани и некултурни.
Ее, ваков народ гајле нема од ништо. Кај што живеам јас, кеј со клупи од страна и една здрава клупа нема... Ни една. Јас не знам што народ ќе беше, што младина вака да уништува. Колку паркови се направија, се' се уништи. Зошто, дали постои некој соодветен одговор зошто...
Имаме среќа што сме на Европскиот континент. Да бевме во Африка, немаше ни да постои Македонија. Во превод: И ова ни е многу.