Незнам за вас ама приметив дека секоја година за Бадник и Божиќ осеќам некој мир у душава, убаво ми е. Зошто, не знам.
Па тука и реално политичарите се криви. Т.е. МВР. Вчера градот беше како во Втора Светска да сме. Бомби уште што не почнаа да пукаат. Каде е полицијата да патролира? Каде е да види и да ги санкционира тие што фрлаа топовски удари, што кршеа клупи, инвентар и што уништуваа паркови и градски имот? Каде се да отидат отаде Вардар и да направат една рација на Бит Пазар, да видат што се продава и може да се купи. Пошто нели, забранети се петардите. Ама затоа ќе го казнат Трпе што држи локално гранапче за 2 кутии петарди, а другиве нема да ги чепнат. Народот е секаде стока. И тука, и во Европа. Разликата е тоа што во Европа кога ќе отиди, ако скрши клупа, знае дека ќе го јаде, а овде знае дека владее безредие и никој не му може ништо. Ете, затоа се плука по државата! А за полицијата не сакам да зборувам... Ќе те сопре и ќе бара влакно во јајце да те казни. Ќе ти бара резервни сијалички дали имаш и дали ти се сите на број, додека до тебе поминува бела мечка со 200 км/ч и никому ништо. Безредие сме, не поради народот, туку поради селективното казнување!
Познат ни е ставот, ама не мора во секоја прилика истото. https://sitel.com.mk/vladikata-petar-povika-na-zgolemuvanje-na-natalitetot
Безредие сме зошто мнозинството од македонски народ, вклучувајќи и цајкани и политичари, се себични примитивци што гзот не ги здоболе за ништо што не е лично нивно. А не ги споредувај примитвците што живеат на македонскава територија (без разлика на националност) со луѓето низ Европа, споредбата е амеба со Хокинг. Да, таму функционира полиција и стравуваат од казни, ама пред се' внимаваат на околината и тоа е ФАКТ. Едноставно не сакаат да шетаат покрај тревници полни со ѓубре и не сакаат да седат на полуискршени клупи. Си ги вреднуваат и природата и архитектурата како нормални граѓани.
Па со нивни пари е направено нормално ќе го ценат. Ама кај нас тоа уште не го сфатиле луѓето, дека од данокот што он плаќа или неговите родители се купени клупите, значи кршиш нешто за што ти си платил. И дај ви се молам, зар на секој пикник кога оставаат купишта ѓубре, треба полицаец до тебе да седи и да те варди??? Дека ти си глуп и не знаеш дека треба да си го собереш ѓубриштето? секпк празник е истата приказна, не ти тррба полицаец, три чисти во глава ти требаат.
Лол, баш вчера читав и од папата слична изјава дека биле себични луѓето кои чувале миленичиња наместо да раѓаат деца, па секако не може и кај нас да се остане покусо. Изветреани старчиња кои самите немаат деца - свесно одлучиле да ги немаат според религиски правила кои ги следат за да стекнат највисока позиција и моќ во институцијата - судат на „обичните смртници“ кои одлучуваат да ги немаат поради други, секуларни причини. Која иронија.
Да му кажеш на некој што неќе деца дека заради него и такви како него нема наталитет, е како на непушач да му речеш дека ради такви како него бизнисот со тутун ќе пропадне и луѓе ќе останат без леб. Извинете што не го придвижувам јас лично бизнисот со тутун и цигари.
Ги гледаме сите тие "Хокинзи" кога одат во Грција на одмор, се прават земја-воздух, се соблекуваат голи по улици, кршат, фрлаат ѓубре... По 2 недели после нив чистат властите. Или пак во лулката на цивилизацијата, што го палат Париз за секоја Нова година и горат автомобили. Ептен прогресивно. Ептен. Е, кога сме веќе кај прогресивното, во Скандинавија има прогресивни казни, па така ќе си платиш толку, колку што ти тежи џебот. Милијардер си? Милион ќе платиш. Онака, убаво да те дожежи. И нема такво понашање како кај нас кога ќе ги сопрат полиција, па ќе му речат: "Знаеш ли ти на кој сум јас?". Таму гајле им е татко ти кој е, и дали си од Грчец, Петровец или дали имаш братучед за началник во некое село па да аздисуваш мислиш Господ си. Има закон, и законот не се применува селективно, туку важи за сите. Ама пошто имаат напреден менталитет кога ќе дојдат во земја како нашава во која владее безредие, унаказуваат се живо и диво. Како неизживеана багра се понашаат. Како најголеми дна. Ќе ти кажам чист пример за дете кое дојде од Европа кај нас и кое, научено таму дека ѓубре се фрла во корпа, си го носеше в џеб додека не наиде на корпа. Секако, нашинциве му се смееа зошто го прави тоа. Виде, не виде, дека сите прават така, дека нема казни, нема да биде "будала", и почна да фрла на земја и тој. Кај мене пред зграда направија паркче. Ене го, 3 пати го кршат, и 3 пати го поправаат во рок од 2 години. Сите знаеме кои се тие што го кршат. Ги пријавија и ништо не е направено да се спречи. Ништо! А знаеш колку лесно е? Стави 1 камера да снима. Не, не ни мора камера пошто видовме со камерите во сообраќајот што правеле. Доволно е еден чувар да стават кој ќе патролира на вечер. Ама не, не сакаат да го направат тоа, затоа што за нив подобро е да го поправаат 3 пати, и да лапаат пари, отколку да го спречат Трпе да крши. А дали е Трпе, дали е Карл, Фридрих или Џон, ако не го контролираш, ќе крши. Ама, на некој му одговара да е тука безредие... И секако, народот да е крив за се, а не власта.
Абе секаде има примитивци, во што поголем град, тоа повеќе. Ама дали е така на повеќето места низ Франција? Или Германија? Или Јапонија? А кај нас дали може да се издвои место што е зачувано ко што треба? Пак пред сè, народот е крив. Да имаат поголема самосвест, да се поразумни, да има повеќе (само)почит, нема да има потреба власта/полицијата да превзема мерки. Али не знам ни јас што очекувам од човекот кога сме сè уште примитивно битие...
Моја братучетка денес во комшилкот нејзин 5 пати пеела, неколку пати сама, и неколку пати со некои нејзини пријателчиња
Уште ми е зарипнат гласот, ама поминува, немам главоболка и секрет од нос повеќе... Знаете, не ме фати страв и анксиозност, ко првиот пат ко бев позитивна, отрпнав, веќе....
Nema pogolem maler od mene za ljubov, nema. Ili e dobar fin kulturen i ima nekoja ili e za nikade i e sloboden. Se poveke se razocaruvam. Kako da ne vredam dovolno da ima nekoj za mene. Ne znam. Eve ne znam.