Инстаграм денес: - Среќен Божиќ - Запросување - Ќе станеме родители Веќе вториве две категории ако ги нема на некој празник се прашувам дали навистина е празник.
Немој вака те молам Да имаш 60 години па да ти се смачи, ама помалку... Уживај во животот, гледај ги само позитивните работи
Коментари на објавата дека Карлеуша за време на Бадниковата вечер добила шлаканица и плукање во фаца од страна на сопругот Душко. Ептен размислував дали да ги чкртам имињата на овие дебили. Е вакви луѓе честитаат и слават празници, а ваму поддржуваат и се ситат на насилство. Немам зборови.
Леле само што ќе коментирав. Spoiler Со што заслужив Господе да живеам овде????? Нема спас за нас, нема. Некултурни, ненормални, незрели, невоспитани, и што е најстташно дел од коментарите се од ЖЕНИ!!!!!!! Не можам веќе.
Иначе истиве овие после викаат дека насилниците треба да се обесат, кога се работи за случаи на насилство кај други особи.Затоа најчесто мислам дека кога луѓето осудуваат насилство се многу лицемерни и никогаш вистински не го осудуваат чинот, туку си одбираат за кои жртви ќе дадат поддршка колку да испаднат морални.
Генерално сме народ што оправдува и поддржува насилство. Тоа го гледам на Фејсбук секој ден, на слични вакви објави.
Фб е јавно, тоа е така, ама не знам дали е дозволено објавување тука такви работи. На крајот од денот не е поентата да се видат кои се (бидејќи не се само тие, уште мнпгу има), туку да се долови простотилакот.
По сугестија на многу луѓе и најдобрата другарка го изгледав "50 Shades Of Grey" пред пар месеци, после цел милениум од официјалното излегување. Впечатоци? Никакви. На ниту еден начин емоционално не ме дирна, затоа и од старт бев противник на овој, и вакви лигави самопрогласени "мејнстрим" филмови. Еве до вас што го гледавте далечната 2015/16 (или кога и да излезе), што ви остави најмногу дојам? Никогаш не сконтав... Овој садистички ја мава по белиот газ, оваа му вика " Yes, Christian" или. "harder" како беше? И, што сатисфакција од тоа? Па, зар не се плескавме и надвор од наративот на филмот?... Башка, младиве девојки тогаш затоа не можеа да седнат на газ, а јас мислев ради хемороиди. Сериозно, се попалија до толку од глупиот филм, што памтам една случка. Излезени во парк, пиеме бамбус ружен јер роденден, мора да испоштуваш, и улетува другарка на "поминување" ко демек, а филмов тазе излезен за дискусија, и знам ко од пушка праша кој го има гледано, а ние кој истониран кој напиен дамла, (јас ни двете пошто тогаш раскинав со тогашниот ми дечко со кој бевме на on and off па бев down ко жална врба), и некој се добаци во стил - глуп е филмот, седи! И оваа ни две ни три...ааа не можам имавме проба со дечкото, ме боли задницата. Тогаш нормално не ја сфатив референцата, задржав poker face, ама пред 10 минути рендом ми текна и го имав оној АХА момент. Мојот интелигентен ум конечно ги сложи коцките после цела деценија.
Го гледав филмот "Тома", пошто е актуелен деновиве и можам да кажам ме расплаче начинот што актерите беа ептен внесени во улогите и изглумија одлично.
Зошто? Пишав дека филмот не ми се допаѓа, па следствено и логично е да не ме ни интересира која година излегол.