Хехе не ме разбра, не спомнав никаде година, само дека го делам истото мислење со тебе дека станува збор за искомерцијализиран лош филм и дека не вреди да се троши време за да се гледа, чисто ти пишав да ја прегледаш темата за филмови има супер предлози за добри филмови. Тоа е се
Ружно филмиште, бре! Во друштво ме знаат како повремен мрчатор па, ми се налутија кога го искритикува поштено. Мислев и ти си фан, па ќе се контраме малце ама ништо, дај друго дете П.С. Пу јаз'к, сите празнично расположени човек нема со кој да се скара. Шала.
И на форумов ќе најдеш искомплексирани женички и девојченца кои го оправдуваат насилството ради изневерувањето. Јас прекинав да читам вакви коментари, ми се гадат
Читајќи за Карлеуша и Новак деновиве, ми текна нешто. Е па никогаш нема да ми биде јасно како можеше изневерувањето на Карлеуша да биде поголем скандал за да ја навредуваат и исмеваат буквално СИТЕ, иако освен семејството никого друг не повредила со тој чин, а сите скандали до сега на Новак Ѓоковиќ со кои всушност може да предизвика штета на други луѓе (организирање турнир за време на корона додека се' друго беше забрането и заразувајќи луѓе, организирајќи забава во пик на корона, тврдења за небулозни спиритуални чуда, константно ширење антиваксерство, неможност да поднесе пораз) му се прогледуваат низ прсти и ми се чини ко никој да не го критикува за истите.. Да напоменам, Карлеуша ја сакав порано, сега органски не можам да ја поднесам, ама па некогаш така жал ме фаќа за неа, оти двојни стандарди се практикуваат.
Новиве генерации се УЖАС! Им даваш шанса (професионална) каква што јас во мое време можев да сонувам, се борев со конкуренција и вика “не можам тоа да го сработам, ми прави анксиозност”. Како у г’з правени, аман, на 26 години лигави, прелигави.
Мрчеа тука многу празници сме имале, не работел народот. Ете им сега, и тоа што работеше за празниците сега не работи ниту во празници ниту во недели.
Хм, 26 не се веќе нови генерации, и дефинитивно не се сите клинци, клинцези и мамини мази. Всушност, генерациите од 80-99 се растени по стариот систем и имаат малку фатено делче од отпадниот комунизам кој нѐ учеше да бидеме добри и понизни работници. Ти на работа очигледно имаш некоја таква пуфла, што тато носи мама меси научила, и не се плаши од губење работно место или сносување последици од несработена задача. Ги имав и јас такви, во средно и три години дур студирав. Ама верувај, дека се ретки изотопи, гарантирам дека повеќето се стабилни, одговорни млади луѓе што работат, прифаќаат ризици, шетаат по свет или веќе имаат деца.
Рака на жена која и да е, што и да е, не смееш да кренеш! Ако си маж, надзборувај ја, убиј ја со аргументи, а вежбање бицепси во теретана, плукање на село по карпи, не и дома. Од селото излегол, ама сељаков од него никогаш. Обична нема буква, бланл пејџ бе, табула раза човек, физикалче бе мозок, и ќе мава по жена му, епа нема да маваш, има жени што себе си се вреднуваат, иако не е "светица", себе си си се сака. На крај, онаа од Саманта од Sex&City : " I love you a lot, but I love myself more". Е по таа да се водите сите. Многу жени на овие нашиве токсично патријалхални простори се соочуваат со насилство. И физичко и психичко, иако службите она психичкото насилство не го рецкаат воопшто. Ми се смачи од старите погледи на бракот и на традиционалниве норми.
До кога ќе се тера со евтиниот Фотошоп со кој сите личат една на друга, а главно на: Не е ни смешно веќе, како си се бендисуваат така ете не знам.
Наместо да се фокусирам на учење јас се стресирам до даска дека нема да положам (најтежок предмет е) Како да го тргнам ова чувство?