Од Македонија пат со известување: Граѓаните да не се грижат за снегот, ќе го исчистиме кога ќе се стопи..
Очекував повеќе снег дека ќе падне сабајлево, овој одма се топи како што паѓа. Ама ако, пак е снежна идила.
Ќе кажам дека гајле немам, си ја терам како знам и умеам. Пукнете ако мислевте дека со злобните сплетки ме уништивте
Вчера и денеска значи денов се шо фатив поебав. Вчера фатив да мијам чашите, ми испопаднаа 3 се скршија. После тоа ај реков ќе излезиме со другариве кафе-табла, се изгубив, фудбал игравме и таму изгубив, си одам дома струја немаше некое време бојлерот ептен малку се стопли се докапив со ладна вода. Глуждот што ме болеше, сеа гратис и писката почна да ме боли, да се плукнам и во фудбал и во се. Денеска ај реков мачето че го носам на ветеринар, во транспортер го кладов, и ај реков пешки че одам арно е времево, абе го скрши вратничето ко летна со брзина на светлината избега, го барав два саати никако не го најдов, ме фати анксиозност и болка, оти уште то ми остана онака шо си го сакам многу, заминав кај баба ми, цело време го мислев и среќа ко си дојдов оп оптегнат на кревет си спија муке си нема, а скроз бевме оддаелечени од дома ко ми избега од кафез.. xD
Барем еднаш Македонија пат нека испаднат на терен на време и нека исчистат автопатите. Новиот автопат Штип-Скопје вкупно 10 собраќајки, автопатот Велес-Скопје кола обрната на кров. Господ нека ги чува сите шофери кои што во овоа невреме мора да возат по неисчистени патишта. Имав можност цела година да живеам во Словенија во село, и кога ќе завееше снег самите служби ти го чистат патот, тротоарот на тебе останува само дворот да си го исчистеш. Ејј, замислете, во село ти чистат пред двор а ваму коли клизаат и се тумбаат. Кај нас во град само сол фрлаат и тоа во кружните, одоколу улиците не ни планираат да исчистат, а пак споредните улички не ги ни погледнуваат. Без зборови сум.
Они цел живот се се изнедени. Мене не ми текнува еднаш на време да испаднат и да биде средено. И сакаат вака во ЕУ.
https://antropol.mk/2022/01/10/novi...ibor-vladata-ja-podnovi-kijnata-za-37000evra/ У грло да ви залетнат и лажиците и ножевите ви се плукнам газот алчен ви се плукнам.
Пошто не сме биле идиоти само за Карлеуша. "Пред три години, заради здравствени проблеми ја прекинав работата која ја работев долги години и започнав активно и постојано да читам книги. Кога не смеете да движите многу и кога цел ден треба да го поминете лежејќи, нема што друго да се прави. Само лежам и читам, а тоа е се што ме исполнува. Прочитаните книги не ги гледам како бројка, туку само водам евиденција за тоа што сум го прочитала." Пронајдете ја веста на фб за Томитка, на кој сакате портал и уживајте во простотилаци и коментари. Немоем веќе.
Сега кажаа на Сител, БЕГ немале пари за гас да набават, затоа парното работело во оптимизиран режим.. Луѓе се мрзнат, а некој ќе се луксузира.
Многу лошо чувство е кога знаеш дека си среќен заради нешто, ама другите не те гледаат така и ти доаѓа да ја расипеш таа среќа и да ги исполниш нивните очекувања. Да правиш исто што и тие зашто тие на твое место не би биле среќни и ти кажуваат дека твојата среќа е лажна. И тука почнуваш да се преиспитуваш дали живееш во илузија, дали да ги послушаш, дали се лажеш или не. Живееш растргнат не знаејќи која е реалната слика.
Најглуп муабет после земјотресот ми е на една колешка. Знам дек трачарам, ама мислам дека срединава ме угушува. Колешкава, му кажува на колегава ( пријатели , како земјотресот ги фатил на е**ње. Мажот и, и колегава се пријатели... И? Мислам како да реагирам? Добро, како е интересно да си го кажувате интимниот живот? Макар и да измислувате ? И ако не реагираш, оти ти не се е***ш со дечкото? Ах, бе. Не можам да поќе.
Срање е станат светот, та за еден форум. Ако форум ми ствара срање емоции, фрустрации, туги и нервози, што останува за irl. Aлтер егото не сте го наштимале. Мора да го наштимате, за да не ве дира ништо од надвор.