Сакам да кажам дека земјотресов скрши две рамки. Ок и дипломата во лајнарникот на мачорот падна. Кај шо вистински припаѓа. (ова е од некни, мислев го пратив, ама изгледа не сум прицнала „испрати одговор“). Сакам да кажам дека пред мачорот сега сум немала маче, scratch that, миленик дома, зошто мајка ми се плаши. И океј мачорот долго беше само в соба кај мене, па постепено в салон за да има поќе место за играње да сега ко залади да почнам да го носам в дневна по пол сат- сат. Ама и наеднаш се нешто го плашеше, чешмата, звуците. И полека се навикна. И последниве два дена скоро по цел ден седиме в дневна заедно, си лежи, некогаш си оди зад компјутер, то му е омилено место, или под маса. Вечерта скоро цела покрај мене ја преспра зошто демек да спиеме на потопло. И то не е се, мајка ми да уште го неќи ама во исто време го сака?! Ко, не го гали, не го допира и се плаши ко ќе има зумис ама тогаш в ходник го пуштам да се истрча за да не се плаши та, ама генерално го гледа и се смеј. Еднаш зеде скокна „низ џам“ т.е. проба да излези надвор низ затворен џам. Па еднаш ѝ намигнал. Па еднаш ја гледал како се движи ( многу ја сака, та го неќи и а е та в соба, тој е фиксиран на неа и само ја гледа кај оди и полека оди по неа). И така, еве скоро година покасно како ми е мачорот внатре, се осеќам многу слободно со ситуацијата.
Кажете што сакате, ама кога невестата е пред породување, правење свадба е само мачење за неа, да не зборувам за ризикот кој го носи таа свадба за самата невеста, да се сретнува со толку многу луѓе.. Ништо не ве кошта да убрзате или да одложите со подготовки кога знаете ситуација.. Да сум машко, никогаш не би ги ставила жената и детето под ризик само за да бидат задоволени нечии очекувања.
Живеам за денот кога моите конечно нема да можат да ми се мешаат за одлуките во животот како да сум 15 годишна.
Чекам у здраство у моментов, и разбрав дека боље да идам да копам него ли да чекам напразно нешто. И да губам време чекајќи нешто.
Сакам барем една година да не даваат никаква награда на тој што ќе го фати крстот за Водици и тоа да биде јавно истакнато, па да ги видиме овие побожните', што као демек скокале за здравје, дали пак ќе скокаат..
Македонските психијатри советуваат секогаш кога ќе ве фати мала доза на анксиозност и нерасположение излезете прошетајте надвор на свеж воздух, затоа што социјализацијата и околината се многу битни за вашето здравје. Надвор:
Утрово сметкиве за струја ни ги помешале со комшијата кој е влезен веќе во 10тата деценија од животот. Тропам на врата да ги размениме тој пред инфаркт, мислел негова е сметката сдк нормални ли се овие од ЕВН?? М’мето ваше
Конзервативност не е само да мислиш дека мора секој со првиот да се омажи. Конзервативен си и ако сметаш дека не треба никоја со првиот да се омажи. Конзервативни сте и вториве, жал ми е.