Избегнувајќи обврски завршив гледајќи саксии за кактус на алиекспрес. Прокрастинирање пуштено на најјако.
Дечки периодов има за полагање, и малце не можам да ве пратам.Али после на распуст ќе ве исчитам за сите пари, само не претерувајте со драма лама, да не ме фати месец дена да читам. Се зезам* Инаку дека ме немаше деновите кога беа празниците (искрено ич не бев расположена за куцкање) Ви поскаувам на сите среќни Божиќни празници, да сте ми живи, здрави и весели. И да исфлексам дека е кај мене паричката годинава.Дај Боже да ми е среќна и успешна. Се читаме за брзо и без многу карање.
Не сте толку големи колку што се замислувате Егото е лоша работа, и така малку грдичко е кога не ви го билда веќе никој и почнувате сами да се билдате, а уствари смешни сте
Редно време е да се научи дека чај не помага да слабееш, ниту да прочистуваш тело. Врска нема со режим на исхрана, иако е бенефитен, но на друг начин, посекако не да симнеш килограми. Истото важи за топла вода со лимон, мед, ѓумбир, итн. Истото важи и за водата општо, као демек ако испиеш 2 литра вода мислиш дека тоа влијае врз килограмите. Секако треба да се пие толку вода, но не за да намалиш килограми. Исто така овошје е топ, редовно треба да се јаде, ама не треба да го рачунате како оброк. Мислам да, секако можеш да се најадеш со овошје, ако каснеш и јаболко и банана и портокал и киви. Ама нема нутритивна поента, подобро ти е да каснеш јајце со кришка леб и чаша јогурт и едно парче овошје, отколку појадокот да ти е само овошје. А најдобро е да си го каснеш помеѓу оброци, како ужинка. Ама џабе ако спомнеш, испаѓа дека солиш памет, дека сакаш некому да му мудруваш, испаѓаш ти бабарога. А уствари искрено сакаш да помогнеш. Ама некои како да не сакаат помош, од која причина самите они си знаат! Како и да е, ви држам среќа на сите да си ја исполните поставената цел, макар и таа да е да симнеш 10 килограми годинава, а за понатаму не е битно.
Не ми е јасно што е со понудиве на агенцииве за Валентајн, незаборавен дочек на денот на вљубените во Турција за само 89 евра, отвараш да видиш, цената е за 1(едно) лице.. Ок, сама ќе одам да славам Ден на вљубените..
Ај па овие сега се модерни времиња, за да не има дискриминација за ,,тријаголниците" и соло ,,плесачите" затоа вака единечни понуди. (Инаку, маркетиншки трик е тоа, за да им изгледа поевтино на луѓето...до душа и евтино е)
А шо очекуваш 90 евра за двајца? На една вечера да појдеш во Скопје во некој посаглам ресторан толку ќе потрошиш.
Сдк...имам ама буквално над 10 акаунти на сто различни мрежи сајтови итд.. мејлот ми е прошетан ко селска к*рва, и среќа што дури пола пасворди ги имам на ливче напишано, а на пола сајтови/мрежи кликам само ,,Login with Google" и не мора да памтам.Ќе ми кажете стај го истиот, ама не.Шо е сигурно сигурно е. Фала му на чичко Гугл што ми го олеснува животот, а не фала му што ми стигаат дневно по 20 меилиови кои не ги ни отварам.Сега само избришав 175 меила.. Убичу се
Не би било лошо во продавници како Ваики на разглас наместо да ги замолуваат клиентите да си внимаваат на сопствените работи, да замолат од дома да понесат осет за уредност и барем малку култура. Рафтот не се гледаше од нафрлани алишта. По подолго време влегов и во Котон и Бершка, ама ми стана јасно и зошто не одам. Куп стуткани алишта, цела планина. Закачалки празни, под нив се газат блузи и маици. Не се знае кое кај треба да стои, која ознака за цена со кое парче одговара. Па добро бе гниди едни, должен ви е некој од вработените по вас да иде и да фаќа алишта од земја? И од security гледам местеше алишта на закачалките каде што и требаше да стојат. Веројатно не можеа да постигнат сѐ вработените. Од планина ли сте слезени? Баш ме интересира дали сте толку неспособни па и дома вака оставате, апсолутно секое парче облека на куп. Стока народ.
Сеа ова ме потсети на нешто што ептен чудно ми падна. Пред некое време во Космо во ГТЦ обезбедувањето го бришеше подот пред затворање на продавницата. Јас искрено прв пат гледам обезбедување да бриши под. Еве ти викаш алишта местеле, јас видов под кај што бришат. Искрено жал ми е за луѓето, работат работа која нема врска со тоа што треба да го прават. Се надевам барем ги плаќаат за тоа ама се сомневам.
Тогаш нека ја пишат целосната сума, а не 79 евра, па отвараш и гледаш дека имаш плус 150 евра таму да доплатиш факултативни излети и цената од 79 евра е за еден човек.
Како друг чоек со мејл селска курва ( ) кога бришиш некои мејлови оди долу во unsubscribe. На секој мејл шо иди почесто ( пример си се претплатила на нешто, па некој работи ти стигаат 23283623 шо неќиш да ги имаш), најдолу на мејл некогаш со помали, некогаш со поголеми букви имаш unsubscribe. Еднаш така си исчистив мејлот сега многу побавно стигаат непосакувани мејлови.
Ја затоа имам 3 мејлови. Еден официјален за факс само и таму ништо друго не ми стига освен официјални мејлови од iknow или нешто ако праќам на професори или колеги од таму, еден за социјалниве мрежи фб и инста и таму ми стигаат нотификации од нив само и еден за сите глупи апликации шо праќаат мејлови ама не ги ни отварам воопшто.