Anytime, пред да го откријам ова неколку мејла користев ама јас едвај на еден мејл знам кај ми се работите не на поќе, и морав да најдам начин да го средам. Сега се на него ми е.
Океј е професорке, сосема е океј во 17:00 часот да ставите известување дека часовите што требало да се одржат истиот ден од 16:00 часот се одложени и дека ќе не известите за дополнителен термин на одржување на часовите.. Ние немаме обврски, немаме испланирано ништо, само седиме и чекаме известување од вас и веднаш ќе си ги смениме плановите за да се прилагодиме на вас..
Прележав Ковид во 2022 година и веќе не можам да флексам дека бев недопирлива за пандемијата 2+ години.
Во Србија наскоро цигарите поскапуваат на 570 динари (околу 280 денари). Дали во Македонија цигарите треба да поскапат дупло како борба против пушењето? Мака ми е веќе да излезам во свежо исперена облека, а да се вратам дома како некој пепелник да истурил врз мене...
СДК преку глава од факсот. Таман се решив да го завршам не ми дава да пријавам испит. Ок знам требаше на време, а не работи па студирај, остави па пак почни. И сега ако треба да чекам уште една година не можам. Како пашка ми се мава околу мене.
Зедов ливче и ги напишав за сите апликации и акаунти лозинките и мејл адресите. Ме видоа децата дома и ми се изнасмејаа - што правиш? си запишуваш лозинки? Како бабине сенилни демек.. смејте се викам, кога имаме по 100 акаунти... И дојде време да отворат они МЕЈЛ, и не знаат пасворд . Викам ееееј за мејл личен пасворд не знаете а ми се смеете. Ете ги по некое време дај лозинка од е-дневник, дај од ХБО.. ааа а прашувате мачиња кога ви требаат.
Цело време се збори за модната индустрија и како облеката не се поклопувала со просечното тело. What bothers me more е што над 80% од обувките кои се произведуваат, дури и тие во категоријата "спортски" или "ортопедски" не ја следат морфологијата на стапалото. Кај повеќето чевли, одејќи кон напред се стеснуваат, а нормално човечко стапало е најшироко во пределот на прстите. Имам ем деформиран палец, ем склона сум кон враснати нокти и наоѓање удобни обувки во кое не ми се стиснати прстите (со проширен дел напред, наместо потесен) ми е кошмар, дури и патики. И лошото е што тука поголем број не го решава проблемот. Стварно онака се прашувам тие што произведуваат чевли дали екшали си ги виделе некогаш стапалата како им изгледаат.
Пак ќе пушат. Ќе скратат на леб, ќе дадат за цигари. Или па крај краева ќе виткаат, тоа па смрди корни.
Да се однесуваја сите како мене во врска со вирусот пандемијата одамна ке беше завршена. Не овинувам никого кој како сака нека се однесува накрајот јас три пати седам во изолација и го поминувам тие си продолжија слободно да си живеат. Епа подобро така.
Не бре, продавачите се платени да средуваат. Види ја темата 'Арогантни продавачки' и ќе ти стане јасно. Таков став имаат тие.
Си го читав прееска свидетелството од прво одделение и ми падна во очи една реченица, па вика: "Ученичката ги знае и двете писма, ги знае буквите и на ракописно и на печатно, умее да ги користи при пишување при што напишаното е точно и разбирливо, но ракописот не е графички среден..", си мислам да дојде да види сега како пишувам за глава ќе се фати, тогаш барем разбирливо било..