Обожавам кога сум дисциплинирана. Водам битка против сопствени маани и неквалитетни пориви и навики, знаејќи дека поважно е да бидам најдобрата верзија што можам да бидам, отколку да речам "заеби" и да се откажам. "А да си каснам едно локумче? Само едно, ништо повеќе!" - шшшшшшшт! Ќути таму, кој к ќе ти е глупо локумче, глеј си здравје и цел. "Абе шо, цел ден бев добра, избегавав глупости да јадам, едно локумче многу ќе смени" - шшшшшшшт! Едно локумче сега, 2 крем бананчиња утре, 5 ресени задутре, стандард! "А денес да си седам дома и да си одморам, ионака ладно е надвор, поубо да си се умотам у ќебе и да си ја дочитам книгата!" - шшшт! Има да излезеш и да изшеташ 10000 чекори и оро да играш, жив организам си, ќе се раздвижиш, па после ќе одмараш! "Абе шо, само денес!" - шшшт! Само денес, па ај и утре, и така цела недела - не може! Ќе си ги напраиш и вежбите за грб, а не после да кукаш, мрзо една! "А да свртам една партија компетатив?" - шшшшшшшт! А место да трошиш 40 мин на една партија (а кога уствари било само една?!), да читнеш 20ина страни од книгата? Нели ќе читаше повеќе... Ќе читаш книги, а не политика, настани, оговарања, глупоштини. Ќе слушаш подкасти, а не политика, настани, оговарања, глупоштини. Ќе слушаш и музика од цел свет, од цела историја, не само те едните исти песни и изведувачи. Ќе гледаш документарци и серии и филмови од цел свет од цела историја, а не само тоа што се дава по телевизија и кино. Ќе јадеш тоа што е добро за тебе, а повремено ќе си се почастиш и со некое ѓубре што те радува. Ќе бидеш физички активна на било каков начин, живо битие си, а не амеба. Ќе медитираш и ќе си ја негуваш спиритуалноста и ќе се издувуваш на здрав начин, а не да закопуваш срања и да трпиш стресови само. Ќе пишуваш у дневник, ќе споделуваш и мисли и чувства и настани, и позитивни и негативни, и ќе рефлектираш и ќе анализираш и ќе доаѓаш до решенија, а не да бегаш од самата себе и само да цивкаш колку животот не е фер. Ќе бегаш само од токсични луѓе што немаат мрднато од мртва точка за да се соочат со сопствените комплекси и трауми и се пијавици што цицаат и цицаат и не можат да се изнацицаат. Нема да те интересира кој што прави, кога прави и зошто прави. Ќе те интересира само ти што правиш, кога правиш и зошто правиш. Ќе правиш што сакаш и нема да се правдаш. Нема да те интересира кој што мисли за тебе и твоите постапки, ќе ти биде битно само ти што мислиш за себе и своите постапки. Нема да се замараш сè да кажуваш што мислиш, никој не заслужува да го знае секое твое мислење, ќе бидеш екстремно селективна и поголемиот дел од времето ќе си ќутиш. Ќе си ќутиш и ќе си прави што си сакаш. Ќе си бидеш дисциплирана и доследна на зацртаното. Ќе се грижиш за твоето физичко здравје, за твојата психа и за твојата душа. Разбра?! "Разбрав!" Колку е најубаво чувството кога си дисциплиниран и упорно се држиш до своите замисли.
@Amellie13 површни, неповршни работи, реални се.Особено кога знаеш дека некој 24/7 виси на телефон, автоматски знаеш дека намерно не ти лајкнува.Реално многу такви малечки работи на социјални мрежи може да значат нешто.И јас како тебе не мислам на познаници, туку на најблиски луѓе, 100% си во право.
Имам јас таква роднина многу блиска, буквално на сите други роднини што ни се подалечни што ги гледа еднаш у 3 години, никогаш ниту биле блиски абе се живо и диво ќе им лајк е коментира, а мене никогаш не дури и не знам за диплома и такви слични работи вика не виделеи очигледно беше дека игнорира, само не знаев зошто секогаш сме биле во коректни односи, никогаш им немав ништо згрешено. Мајка ми се замараше, она и имаше приметено ова погоре, јас некако знаев дека им е криво и дека се љубоморни
Кога ќе купам некоја нова шминка во прав и има некои линии како дизајн на неа, кога ја користам на почеток многу ми е криво што треба да го расипам тој aesthetic изглед. Како да го уништам, жал ми е, што убаво изгледа...
Jaс не можам да се рилејтнам со ситуацијата некревање телефон од страна на трети особи. Никогаш прва не барам луѓе, освен ако ептен ми значат и сакам да муабетам со нив, А, тоа се само преку сила пет души. Немам другари во 2022 Година. Така одлучив и сеуште се привикнувам на одлуката многу успешно.
Со извинување до тебе, ама сакам да те прашам и тебе и останатите. Тие ваши другарки безделничарки како реагираат кога симпатијата или партнерот ќе ги побара? Претпоставувам први трчаат да го дофатат телефонот, да не му падне ... ентузијазмот случајно. Тука може да видите колку го евалуираат пријателството со вас, а колку тоа 'ентузијазмот' на дечкото. Не ви се тоа другарки, туку каракон... Нема врска, да не ме банираат.
Еве јас ќе ти кажам за таа мојата. Кога ја бара (а ја бара по 257737 пати на ден) крева во истата секунда, евентуално ако не стигне да се јави кога е стварно со луѓе зафатена на работа, веднаш му преѕвонува штом се ослободи. И да, мене ми е јасно сѐ ама ја сакам и криво ми е што е таква.
Знам дека е така кај повеќето, затоа реков. Само покварено е човече, себично некако, не знам. Постарите генерации не беа така. Они стварно доста дружеа пред да влезат во брак, (бар повеќето) што ги имам во опкружување. Се сакаа... Затоа мислам дека ова ни е некоја казна. Moра во прошли живот да сме биле нефер кон луѓе кои не сакале, немам друго објаснување. И мене ме тригираат вакви ситуации, премногу.
Блокирав еден на инстаграм што не го знам а упорно ми оставаше коментари, сега гледам ми пишал мејл. Многу е битно во животот да бидеш упорен.
Многу ама многу се замарате за тие лајкови! И тоа кревање на телефон и враќање на пораки. Никој не е должен да е 24/7 тука за вас. Да, вклучена сум на ФБ ама не ми се замара со муабет, си читам вицеви. Еднаш неделно одговарам на сите, се навикнаа и не пишуваат. Си ги сакам, ама не можам да дремам на телефон баш на секој кога ќе му текне. Па и за лајкови. Другарка ми става слики од фитнес секоја недела, другава кучето и детето секој божји ден, нема сигурно јас да лајкам. Па кога ќе дојде роденден со тие колажите што ми ги прават, убави се не велам не, ама јас за нив колажи не правам. Си знаат, ако е нешто најитно на цел свет ме бараат на телефон и јас нив на телефон. И ни се случило да не им кренам, нити па тие мене. Мене ми е времето со мене најубаво и не ми е секогаш до разговор со тие 20 блиски пријатели што ги имам. А тие ако имаат само 2-3 блиски меѓу кои и јас, нека се потрудат да си најдат повеќе. Дека да најдеш и одржуваш пријателство е многу повеќе од еден лајк и два коментари.
Тука зборуваме за личности кои прават време за други додека не можат да одвојат малку и за нас, а се вадат со изговор дека и воопшто немаат време. Тоа што го зборуваш ти е различно.
Последните пасуси бодат очи. Се прашувам дали во оваа насока размислуваш и за дечко? Дали и нему не му креваш телефон и 24/7 не му следиш слики по социјални мрежи? Или другари и дечко не се исто.
Значи немам зборови, диви запад, па и на пешачки бе плус, аман бре како, како можете, кој ви дава возачка дозвола, каде брзате, што ќе ви избега? Спокој и мир на нејзината душа и побрзо опоравување на него, жално, прежално, не ми се верува што видов
Иначе има уште една група некревачи. Штом се мажат кој те шиша, пиши си, ѕвони си, не се тие должни тебе да ти одговорат. Лично немам вакво искуство ама гледам на другаркиве што им се дешава кога ќе им се мажат другарки.
Знам, за нив подобро да не почнам. Ги имам во околина. Некои од нив сеуште немаат деца, а ниту се во работен однос. Ниту пак вршат работни обврски по дома, па пак 'немаат' време. Затоа реков, 2022 Година ќе донесе чистење на списокот 'пријатели'.
Конкретно за личноста од мојот случај, има многу други добри карактеристики, тука е за мене кога треба нешто, интелигентно човече со добра душа. Како дел од семејство ми значи. Во живо нема шанси да познаеш дека некогаш вакво нешто ќе доживееш од таква личност, бидејќи во живо е пресупер. Ама ете, колку луѓе толку карактери. Премногу ни значат па занемаруваме "банални работи", кога скоро сѐ друго е супер.
Секогаш за да стигнам дома врвам на ризична улица. Вчера ме остај на пешачки да поминам камион. Срце ми застана оти не знам шо ме чека од зад него, ко ќе ме остај кола можам да видам, нешто поголемо не. И арно чекаше тој назад. Ретко кога чека. И мојот секојдневен страв за некој стана реалност и многу, многу ми е жал. Навистина. Секој ден се прашвам шо се врти низ глата на некој шо претицва на пешачки. И не можам да најдам логичен одговор. Е сега за лајковите, неќев да ги мешам ама дур зборам ми се збора. Ко ќе се отвори устава *покажва со рацете* наааа. Ако со некој имаш добар однос ирл кој ти одговара, замисли дека не постојат социјални мрежи. Дали ќе имавте проблем во односот? Не? Ете ти го одговорот. Се дур имате во некоја форма однос кој ви одговара - не форсирајте однос кој не ви одговара. Со некои ќе ви оди само онлајн и то е океј. Со некои ќе ви оди само ирл и то е океј. Со некој ќе ви оди комбинирано - џек пот! И ако бркате само џек потс, ќе изгубите многу, и натаму, реални врски и односи само зошто бркате некаква перфекција.