Аки, почивај во мир легендо! Момчето од позади универзалната сала кое отиде и ја покори Југославија со својот талент. Слава ти.
Сдкк.. Имам направено две нови теми, со оглед на тоа дека оваа е поактивна ве замолувам да ги отворите и со тоа да придонесете во дискусија со цел промени во мочанава држава https://forum.femina.mk/threads/Редуцирање-на-сообраќајни-несреќи.33527/ https://forum.femina.mk/threads/Мито-корупција-и-кривосудство-во-Македонија.33518/
Кога бев дете, мајка ми ме будеше со зборовите 'добро утро мама, време е да станеш', потоа ме креваше високо, високо за да можам да се преправам дека сум највисокото девојче на светот, и дека можам да постигнам се што сакам. Животот поминуваше, утро па ноќ, а помеѓу секое добро утро и добра ноќ, се приврзав за таа личност која влијаеше на целиот мој карактер и на мојот став кон животот дека навистина, можам да постигнам се што сакам. Денес е денот кога ја изгубив мајка ми. Едвај зборувам за тоа, затоа што 17 години подоцна сè уште боли како првиот ден. И повторно, ден за ден, од утро до ноќ, во која се будам без неа и поминувам низ животот, не можам а да не се запрашам како ќе ми беше животот ако таа беше тука, покрај мене, сите овие години. Да ми помогне во тешките времиња, да биде со мене во среќни моменти, да го слави мојот успех и да ме охрабрува за време на моите неуспеси. Дури и во време на нејзините лични борби и нејзиното лошо здравје, таа беше нашиот камен и личноста што го одржуваше нашето семејство обединето. За 17 години не објавив јавно ниту една моја мисла и напишан текст (иако ги имам многу) за мајка ми. Но, во изминатате години се случија толку многу работи: магистрирав на еден од најдобрите универзитети, започнав нов живот со личноста што ја сакам, добив син, одам на работа каде што учам и растам секојдневно. Заради сите овие настани ми недостига повеќе од кога било и знам дека треба да го одбележам нејзиното постоење. Нејзината љубов кон семејството, љубовта кон учењето и создавањето, нејзината посветеност и нејзиниот перфекционизам да биде најдобра во се што прави, како и нејзината висока работна етика беа моја водилка сите овие години. И знам, дека ако таа не беше мајка каква што беше, немаше да го пишувам ова денес и мојот живот ќе беше многу поинаков. Сè што сум денес, ѝ должам на мајка ми. Сиот мој успех во животот го препишувам на моралното, интелектуалното и целокупното восиптување што го добив од неа. Се надецам дека барем половина ќе пренесам на син ми.
Ја отидов и чекор повеќе if you will Ти текнува на епизодата кога Шелдон живееше како да е во минатото пред 10години? Така и ја.Со се бест оф до 2020. Со се цртани Во периодот од 2010-20 и онака малце како да се смени квалитетот на филмови. Со минималка социјални мрежи. Како што си живеевме пред да дојде бумот на технологија и социјални мрежи.И посреќни ко да си бевме некако,пред малце стварите да излезат од контрола.
Не можам и не можам да ги сфатам луѓево кои осеќаат симптоми на ковид и се пикаат и бутаат по гости така болни. Ама не мислеле дека е ковид. Да му емм мајката, 3 години у предемија па превентивно не одиш и да немаш симптоми. Ебати себичните гомна
Сега кога веќе пиша. Знаеш што не можам да разберам, деновиве на инста гледам мекици слават луѓево со по 50 луѓе во кафана, гушнати се бацуваат играат пеат... а дома треба кај бебе новороденче да се вратат мажот бабата мајката било кој и да треба. Не можам да разберам.
Денот е секој ден се подолг, ме радува тоа што не остана уште многу до пролетта и долгите сончеви денови. Доста ми беше од ладново и тмурно време.
Ќе си добиев ќотек на 18г пошто незнам да го опраам тв. + за глупости ми се закануваат дека ќе ме тепале. Ми се бега негде и никад да не се вратам, може под некој воз или од некоја зграда да се фрлам.