Мачето е сосема во ред, онака и ставила синѓирче оти е "фенси".. ма да деновиве ова не е прв пат што видов мачка на синѓир, може за некого е нормално мене еве не ми е.
Мене зимата ми трае прекратко некако и секоја година едвај чекам пак да дојде есен зошто тоооолку многу ги сакам, мислам живеам за есен и зима, тогаш сум најсреќна
Има една стара изрека дека порано и држави и царства се рушеле, се војувало за половиот орган на една жена, сега е обратно, сега жените слепо се тепаат за еден к*р. И женско сум, ама ќе кажам слободно дека поразително постојат глупички жени кога се работи за маж. Оукеј, и јас порано спаѓав во таа група, ај сега да не глумам просветлена, ама бре очи си извадовте за еден к*р кој како сака ве манипулира
А што те боли тебе брига? Ако сака и хрчакот нека го шета на поводец, што те боли цеф? Сака да ја изнесе, не сака да и се изгуби или нешто да ја прегази или да се отруе. Што е тука ненормално? Тоа е совесно чување на миленици. Само во Македонија исмевате и јадете трици
Мене ич не ме боли цеф ако сака и во количка нека го бутка, на никој дома не му појдов да му кажам што да прави, си споделив мислење на ЈАВЕН форум!! Во делот на совесно чување ха ха важи.. сигурно многу и е удобно на мачката да ја влече некој со синѓир, б д веј маче што е убаво чувано секогаш се враќа дома Биди ми поздравена и чил.
Миленик не се пушта на улица, тоа што ти така си навикнала, тоа е твој проблем и толку си совесна. Мачка нема да се врати дома ако ја сплеска кола. Инаку синЏир, бај д веј.
Во право си да ти кажам, не треба да ме чуди.. што се не прават луѓево од "фенси" па јас за мачките се фатив.. Не ми е тип на животно кое е создадено да биде со синЏир управувано (не дека некое друго милениче е) ама ова ептен не ми личи, значи МЕНЕ ми беше несвојствено и толку.
Македонија е дупката кај што богатите стануваат побогати, а сиромашните посиромашни. А овие од средна класа шо знам ни вам ни там.
Во последно време кога скролам низ инстаграм цело време се врти еден ист лик. Едни исти усни, исти веѓи, дури и исти коси. Дали огледалото ја изгуби својата вредност па на девојкиве им е полесно својот одраз да го гледаат во други додека шетаат по улица. Еве направете ме луда, ама навистина не сфаќам. Ова искрено ги прашувам машките членови тука, што гледате привлечно во таква девојка? Или тоа ви е начин за лечење на комплекси па на жената гледате како трофеј со кој сакате другите да ви завидуваат?
Зависи.Ја бар не знам такви. Додуша, за мене сиромави се оние шо врзуваат крај со крај едвај.Не некои шо не идат секој ден по кафиња, шо не трошат по 500ки у вечер. Со примања испод 15,000 еве да заокружам на некоја цифра.Бар од моја перспектива
Хм. Знам неколку семејства. Секојдневно се повеќе пропаѓаат. Да не зборуваме за луѓето со кредити... Ептен е тешко.
Сакам да повторам:Тој што престанал да ви биде пријател никогаш и не ви бил пријател. За душата мир да ви најде и да не ве копка дали на некој сте му згрешиле нешто или пак му должите пријателство кое не ви е возвратено
А кој не го сака Скопје ти се молам Иако е загадено, го сакам со цело срце и душа чекам да си одам од градов од кај што сум за неколку години си ги собирам парталчињата и право во СК се селам
Преѓе случајно се загледав во вестите, имаше прилог за недела како неработен ден. Некои од минувачите се жалеа на таа одлука, а јас ги гледав и се чудев. Не е крај на светот ако не работи ништо во недела, нема да умреме од глад, плус свесни сме дека е неработен ден и можеме уште во сабота да ги купиме намирниците. Конечно една позитивна одлука на страната на оние кои се најобесправени и кои работат без прекин, па сега дојде редот да кукаме за тоа. Не можам да сфатам стварно Премногу ми е мило што недела е неработен ден. Секогаш ми беше мака кога ќе ги видев продавачките како работат и за празници и во недела, а се недоволно платени за тоа. Секој има право да се одмори и да биде со семејството.
Па не знам има такви што го хејтаат. Јас го сакам многу, со срце со душа, некако за мене има убава енергија, емотивно поврзана, буквално ми е уживање. Секој дел своја приказна. На лошите работи не ни мислам, тоа не е од градот тоа е од луѓето. Скопје ми е љубов
За тие што се жалат има сигурно отворени продавници, барем во мојот град работат три маалски продавници до 20 часот, наводно само газдите си работеле, не знам точно, бидејќи си пазарам се од претходно и не ми требало да отидам. А тие што се жалат се оние истите кои одат до продавница само за едно млеко или цигари, ама мора да гњават и сите да им се клањаат