И моловите работат во Ск, но еден се жалеше што морал од Ѓорче да оди до таму. Ај што немаме емпатија, сега сфаќам дека сме и големи мрзи
Е па, во мол нема да ги трпат да влезат стопати за едни цигари и таму не можат да оправаат политики и вирус
Законот е чист и евтин популизам, а за многу брзо време ќе се покаже и контра продуктивен, но тие што го изгласаа нема да го почуствуваат на свој грб. Некој друг ќе го почуствува. И, така недела за повеќето беше неработен ден, а поголемите и поуредените маркети даваа поголеми дневници за тие кои работат во недела. Овој закон не само што ќе нанесе штета и на така кревката и непродуктивна економија, туку и на многу семејства ќе им го намали паричникот за 2-3.000 денари месечно. Законски треба да имаш 40 часа работни во неделата, 1-2 дена слободни, а кои денови ќе бидат слободни си одредува приватникот. Државата нема право да се меша во приватниот сектор.
Ќе се разболиш и ти, ќе одам да се пеошетам до ист гејт да си купам патики, ќе носам кола на мајстор, ќе одам по продавници и на "тетка ми лек да и однесам" а ти седи треси се и мисли што да праиш си 2 ипол месечно дете....
Дневна доза Фејсбук малограѓанство.Од сега секој ден ќе постирам. не е лесно да си разведена жена, пошо е лесно да ќутиш и трпиш.
Ај тука совет од жена на жена. Јас гејмав до пред неколку месеци, односно до пред да се породам. На 30 години, трудна неколку месеци, јас пак гејмав. "Утрински" мачнини ме убиваа, нема везе, терам партија по партија. Иначе гејмав 8 години. Сега со бебче не гејмам, немам време, не дека немам желба. Муабетот ми е: сè додека се држи до врската, работата и здравите навики како приоритет, нема шо да се замараш, тоа се само видео игри. Мене повеќе би ме загрижило ако глеа турски серии секоја вечер.
Кога психички попуштам, единствено нешто што ми го крева серотонинот се старите сезони од Сексот и градот. ги гледам од почекот по 10ти пат.
Што видов прееска, уште сум во шок. Влегуваме со мајка ми во продавница да разгледаме нешто. Продавачот ни покажува тоа што баравме. Имаше и други луѓе внатре, случајно погледнав, кога што да видам, седната девојка на столче, а до нејзе некој бајач ли, гатач ли што беше не знам и истура сол на главата нешто. Јас останав ваква . Се погледнавме со мајка ми и фанавме патот .
Вакцини против корона, една од поактуелните теми.Немам ништо против ставот некој да не сака да се вакцинира, ама кога е со добри, издржани аргументи, а не аргументи од типот, вакцинираните пак се разболуваат, нас Бог не штити. Сфаќањето на верници кои тврдат дека Господ ќе ги спаси и дека вакцините се штетни не можам да го разберам. Ништо не е спорно во првиот дел од реченицата. Секој може да верува во што сака. Ама како може да кажеш дека вакцините се штетни кога ниту си специјалист, ниту се занимаваш со медицина?
На веста сега случајно налетав, нека почива во мир! Ин Мемориам Од Словенија денеска ни пристигна тажна и трагична вест за смртта на Жан Кофол, пожарникарот кого го портретиравме за време на пожарите во источна Македонија во август годинава. Кофол беше меѓу најмладите доброволци кои пристигнаа од Словенија и со денови учествуваше во гаснењето на огнената стихија во околината на Берово и Пехчево. Кофол го загуби животот во сообраќајна несреќа во близина на родната Нова Горица во вторникот на 28 септември, еден ден пред неговиот 20 роденден. Уште едно потсетување на пожарникарите од Словенија и Австрија кои ја спасуваа Малешевијата од катастрофалните пожари и благодарноста на локалните жители. https://www.dw.com/mk/сведоштва-од-будинарци-психички-се-разболевме-од-пожарите/av-58815924
Од глупите неизживеани "машки" членови на форумов, не ми се коментира во ниедна тема. Одма те ставаат у ист кош. Не сме сите исти, како што ни вие жените не сте сфатете го тоа.
Не се давај, Андријано! Секој ден се молиме и стискаме палци за тебе конечено да пецнеш нешто на форумот после толку посветен труд.