Тоа е од многу лигавење. Демек нема уште 6 дена во неделава, па се фатиле баш за последниот ден. - СДК за убав ден
СДК открив нешто ново на форумот кога кликаш најдоле на тоа форум каде што пишува те враќа на почетокот, неморам сто пати назад да враќам.
Што зборите бе кој починал? Ах, Александар Џамбазов, меѓувреме прочитав. За момент помислив Игор, аналогно презимето. @Matotheja Друг пат внимавајте малку... Пишете име на човекот, не само презиме.
Професорот денес на сите им побара индекс, мене ми рече само Океј, тебе те знам.. Убаво е некој да те препознава и покрај маска на лице..
Зошто? Помисли Игор па се загрижи ама виде Александар бил. Помалку жал ти е за него? Подеднакво е жално кој и да е.
Ајдеее.. Битер, како успеа да ставиш на кантер за кого ми е (по)малку жал, по која аналогија? Александар, колку големец бил, беше човек во години. Брилијантен, доајен на своето време, со достојно дочекана старост. За Игор повеќе би било шокантно бидејќи е сеуште млад човек и големец за наша генерација. Или ти не мислиш така? Ти може си родена 64' уствари, па Александар подобро го знаеш од Игор.
Не знам Лилика. Баш тие опсесивните пазачи некогаш туркаат далеку. Си чула она, пушеше и живееше 100 години? Епа, тоа е...
па не баш. ама сум чула имаше здраво срце спортист беше и умре на 50... онака го реков ова за Игор Џ. знаејќи му го животот не би ме зачудило...
Да, пошто ти си изживеан и едвај чекаш да најдеш некое женско битие на форумов за долги интелектуални разговори каде ќе дискутирате за квантна физика, ќе го цитирате Кант и ќе филозофирате за длабокото постоење на животот и смртта уз музика на Radiohead. Као многу конкуренција да ти се виде во секс темиве, па дојде да се пожалиш овде во сдк.