Денес ми е убаво така малку на душичката. Положен втор испит откако сум мајка, 10ка. Полека почна да се исплаќа сета мака, сите нервози. Едвај чекам да дипломирам, да се вработам и да почнеме нов живот со бебушко. Има надеж за подобро утро.
Ми се оди некаде далеку, во планина, на воздух. Сама, никој не ми треба. Да се надишам воздух, да се одморам. Хормониве не се нормални. 7 месеци ролее костер, плачеш без причина, се смееш без причина, викаш без причина, се караш, се пцуеш, се тепаш... никаква контрола. Не сум таков човек. Не можам да се истрпам ваква. Прееска варев кафе и плачев. Зошто? Онака. Затоа што сакам да излезам надвор, а не сакам да излезам надвор. Што сакам? Не знам. Јас веќе не можам вака. Ми треба старата Љубова. Се под контрола, се под ред. Се осеќам како психопат.
Страшно кој се во денешно време е забар, мислам сериозно треба да се преиспитаат некои ординации и забари...