Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    18.517
    Пол:
    Женски
    Преубава полна месечина!
    Ќе си се дружиме вечерва со неа изгледа.
     
    На Ketrin.Moon, hermosa и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. ivana63

    ivana63 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2013
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    229
    Ехх, дома си е дома. :) :wasntme: :inlove:
    Можам да кажам дека најубаво (а богами и најизморено :rofl: ) се чувствувам кога после одмор коонечно ќе си пристигнам дома. :whew:
    Убаво е кога некаде ќе прошеташ, ќе се оттргнеш малку од градот, ама уште поубаво е кога пак ќе го осетиш тој добро познат мирис на домот. :inlove:
    Поздрав до сите феминки, без разлика дали спијат дома, на одмор или пак се журкаат на некое место. 8) :lol: :hai:
     
    На Elennaa и Veki4kaa им се допаѓа ова.
  3. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Ај ај, играј ти со Озбилна- Неозбилна :D како и да е, таа сум :hug:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    18.517
    Пол:
    Женски
    Зошто се мене ми се случува? Прво ми се лошеше - сега пролив :envy: , имам несоница, никако не можам да заспијам, дечкоми сега којзнае у кој сон е, спие ко заклан, па уште зборува во сон и мафта, објаснува со рацете :lol: а јас се маќам да заспијам и да ми биде подобро. Не бива!
     
  5. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Во Сκопјево мое, ρетκо може да се види волκу убава, полна месечина... Го обожувам амбиентов κаκо ми ја осветлува собата, κаκо со зρаκот од својата светлина ме милува по κосата, по лицето...
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Viktorii4e

    Viktorii4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    258
    таа на мене сум и давала пауза нема во што па во ,,миење садови,, глупачка една... никад не измила садови а го напрае ко секој пат да мие и да чисти низ дома па сега ја сум и давала брејк... аууу ќе умрам од нервоза!! се понаша ко она да ми е свекрва а свекрвами ко золва само ја подржава у се аа така така cookie кое cookie 24 години има не е бебе да ја мазиш до толку!! за лечење е
     
  7. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Сабајле во четири, пред разденување, се будам како да треба да одам на екскурзија. Возбуден, барам нешто, немам поим што... и тогаш кревам поглед низ прозор... огромната полна месечина качена на раменици на крстот на Водно.

    Гарант додека се шеткала синоќа пред полноќ по небесата, се договориле со крстот дека пред мугри ќе си играат, кога никој нема да гледа. И сигурно никој не ги виде, освен јас и моето вампирско шесто сетило. Да бев профи фотограф, сега ќе имав фотографија за National Geographic.

    Веројатно тоа е знак дека оваа недела сите богови се на моја страна. Ќе ја превртиме планетата, како магнетните полови конечно да решиле да си ги сменат местата. :rock:
     
    На Inna5, kate21, Ketrin.Moon и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Angel.m49

    Angel.m49 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    `Сериозна` поубаво ќе звучеше, но и вака си супер:)
     
    На ozbilnazena му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Деновиве си имам некои непоканети љубовни пеперутки во стомакот или можеби цела зоолошка, од каде жирафата ми боде со рокчињата во желудникот. :D Имам нагон да изгушкам некого, да му ги извадам ѕврцките што се вика.
    Така, полна сум со љубов. Ќе почнам да делам љубов, затоа што некои луѓе веќе заборавиле да сакаат и што е тоа вистинско сакање. Ќе почнам и да пишувам убави пораки и да ги лепам ливчињата на клупите во парк.
    Не знам каква е таа омраза што постои меѓу луѓето, само знам дека сакам да исчезне.
    Туку, вчера во продавница се изнашмекав со едно така, убаво, плаво момче со сини очи. Мх, мх. Имаше едно слатко детенце се обидуваше да ја поткрене корпата со производите, го погалив по главата и момаков ми упати еден убав осмех. Шмекерски. :D Се гледавме меѓу рафтови. Ај, не ве интересира вас тоа. :D
    Бидете ми поздравени. :hai:
     
    На Mahidevranfan, eliesaab, Elennaa и 4 други им се допаѓа ова.
  10. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против постот само ме потсети на еден од моите pet peeves, нешто што страшно ме иритира, ми создава ирационален бес, некогаш доаѓам во ситуација да посакам да лепам шамари а тоа е кога некој живеел преку 20 години во Мк а сега за ич време по странство одма почнува да користи англиски зборови место македонски како болдираните во постот. :@

    За колку време по странство треба да заборавиш дека македонскиот збор за брејк е одмор, пауза.

    Овие стариве што се тука и не ме иритираат толку, си мислам толку им е капацитетот на мозокот а почесто си мислам дека едноставно не ги знаат зборовите на македонски и затоа англиските ги промакедончиле.
    Кога дошле тука пред 40-50-60 години можеби немало во местото од кај што потекнуваат улици, автомобили а уште помалку некој што возел автомобил и од таму потекнува тоа:
    Драјваме со карот по стритовите. :D
    Плажа пак сигурно немаат видено а уште по сигурно е дека не слушнале за зборот ајкула па добиваме:
    Ааааааа никако не ода на бичот, имат шаркои. :D
    За телефони да не правиме муабет, во тоа време и во големите градови биле ретки телефоните а камоли по помалите градови и селата и следува:
    Добро де, ќе ти рингам на фонот. :D
    По некои места во Мк тогаш немало ни струја па можеби незнаат за сијалици, осветлување па ќе слушнеш и:
    Море жено, пуштај тоа лајтите ништо не гледам. :D

    Тоа било едно време, сега е друго време, сега нема врска дали доаѓаш од Скопје или од Пуста Брезница, секаде е истиот пристап кон интернетот, секаде има кабелски телевизии, сите скоро во денешно време имаат основно познавање од англискиот и која е потребата од вметнување на англиски зборови кога разговараш на македонски.?
    Дали за секој научен збор на англиски забораваат по еден збор македонски, не ми е воопшто јасна оваа работа?
    Сега бргу ми се случи ово, дечково дојден пред 3 месеци абе во една реченица пет збора англиски, шест збора македонски, на работа пакувал тишус во бокси, со трејн одел на работа, во оној шопот пазарел и збеснав. :@
    Добро колку е тешко да се каже, палома, кутија, воз и продавница, 25 години така ги викал сега оддеднаш заборавил, копук.:swear:

    Не дека јас сум нешто совршена ама никогаш не сум вметнувала англиски зборови кога зборам на македонски, ми се случувало да не ми текнува некој збор на македонски или обратно ама ќе помислам малку време и ќе ми дојде зборот.
    Пред некој ден лепиме сликички во албумот со синот и имаше сликичка од модар патлиџан, и му кажувам дека е eggplant и сега да му кажам и на македонски како се вика, празнина, не ми текнува за жива глава, мисли, мисли, нешто јајце, не е така и после пола саат ми текна дека е модар патлиџан. :lol:

    Мене ми е глупо кога имаме гости кои не се македонци и треба со моите да зборам на англиски, како да глумам лудило, се пренемагам а не па да си лупам пола македонски, пола англиски како син ми сега што прави ама тој барем уште ги учи и двата јазика.

    И ваквите луѓе не ме иритираат од патриотски побуди, не се лупам во гради Аце дека е наш, туку ме иритираат на интелектуално ниво, како успеваат за толку кратко време да си го заборават јазикот изгледа и на нив толку им е капацитет на мозокот, џабе само се нервирам. :?:

    Тоа ти е исто како кога треба на некој да му објаснуваш дека пелените за еднократна употреба не се викаат памперси, памперс е фирма. :!:
     
    На Mama25, SV1911, Adi888 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.283
    Допаѓања:
    111.703
    Пол:
    Женски
    Ve pozdravuvam od odmor posle kvalitetna turska banja, chuvstvo neopishlivo. E sea lat, chorba makedonche, u Kushadasi im zavrshilo od kirilicata. Ve ljubam!
     
    На Mrs.Bass, kala21, SV1911 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    A што е верникот наспроти оној којшто не верува? Исто, обичен човек. Грешник пред се`. Начинот на гледање на светот е различен, но тоа не го прави повеќе човечен од другиот.

    Тоа не значи дека треба и мора да е почовечен од другиот. Атеизмот не те ослободува од обврската да бидеш човечен. Сум запознала многу верници коишто навистина верувањето си го користат како оправдување. Ги сожалувам бидејќи се заблудени.

    Но познавам и такви чиишто религиозни чувства се повредени а од другиот постои лукавиот изговор е „па јас си прашав“ а тоа прашање случајно или намерно се зачинило со малку потсмев, малку негирање и тн. (пример во снаа-свекрва однос има такви моменти во секојдневните дебати :lol: ). И верниците се луѓе и тие имаат чувства. Сега постојат и такви кои избувнуваат од најобично прашање што најчесто е знак на неумешно прикривање на своето непознавање.

    Јас на пример, никогаш не сум се срамела од непознавањето, напротив, секогаш сум барала да ме корегираат, сум прашувала. Не само за религијата, во секој аспект на моето живеење, како ученичка, како вработена, снаа и сл. Висока и за многумина недостижна е особината „сврти го другиот образ“ на секоја повеќе или помалку злобна провокација, што воопшто не соодветствува на бројката на луѓе кои веруваат во Господ. И за ова што го пишувам, не тврдам 100% дека е вистина, но дека е мој став базиран на моето досегашно искуство - дефинитивно.

    Ако некој верува во Господ, не може да барате да е совршен. Затоа што совршен човек не постои. Сите ние, низ целиот наш живот минуваме низ фази на учење и осознавање. Исто така, ако жена родила и/или чува дете, не може да очекуваме дека никогаш нема да згреши во воспитувањето на своето дете (не постои човек којшто не згрешил), а боли критиката упатена кон тоа каква мајка е бидејќи и` ги повредува чувствата. Особено ако доаѓа од личност којашто и` дава забелешка од аспект на дете затоа што се`уште не станала родител. Мајката го прави она коешто го смета најдобро за своето дете, но тоа не значи дека е совршена мајка. Исто така и верниците, го живеат животот по духовни начела онака како што најдобро умеат, па не се совршени верници.

    Погрешно е да барате совршенство во човек само затоа што е верник. Доколку го прави тоа и му успеало да ве убеди во безгрешноста која всушност никој не ја поседува, ако се прашувам јас, дури тогаш треба да се запрашате дали не сте измамени и заблудени.

    Peppermint, се надевам не ми замери што го цитирав твоето мислење. Само се надоврзав, а доколку не го посочев (а постот ми е делумно инспириран од него), може погрешно да бидам сфатена.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    I'm back,people! :D
    Не дека толку долго ме немаше,ама за мене беше вечност.
    Батериите наполнети,исунчана ко црнец,ослабена 3 килограми и со плава коса :D
    Лето си е лето :lol:
    Немам многу за кажување,ова како известување дека се вратив и навистина ми фалеше фемина и еден куп девојки и момци што ми ги разведруваа деновите.Сега директно ги простудирам модните комбинации и ги читам последните постови на темава,мора да се надомести,зарем не?! :D
    Еден убав летен поздрав до сите и молба да не завршува летово барем уште 2 месеци :D
    http://www.youtube.com/watch?v=Tqjl4nRSorM
     
    На kala21, Elennaa, Ketrin.Moon и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Viktorii4e

    Viktorii4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    258
    Taa e rodena tuka I site zborat angliski u kukjava osven mene,a so tie boldiranite Samo sakav da dolovam moment,Ko demek Nekoj kje ja razbere mojata nervozna,bolka,taga.
     
  15. Angel.m49

    Angel.m49 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Ај да ги поглднеме никовите овде, на овој форум... Веројатно повеќето се англиски (на англиски јазик) отколку македонски...
    Мода? Помодарство? Патриотизам? ...
     
    На mal.ecka и Cka им се допаѓа ова.
  16. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Jас првпат во мој живот се онесвестив денес |( се надевам прв и последен.
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    Добро, што им направиле на семафориве? Чекај, чекај, чекај, чекај...да се мумифицирам чекајки |(
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    Ете ви сега пекол време...
    До вчера не ви ваљаше , не личеше на лето , дождови , ладно , грмежи ...
    Сега ке кукате зашто е претопло ? Зошто не се излегува надвор ?
    Ајде ајде....Нека се угоди.
     
  19. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Бог нека ми е напомош :sweat:
    Само што ми јавија дека дојде тета из Београда.
    Бог знае овој пат каква боја на танга ми купила :D
    Слободно може тезга да си отворам :?:
    Каква таква минатиот пат нога ја болело па го пратила тетин ми цел Београд да го врти за оргинал црвена танга да ми купи :rofl: На поклонет коњ заби не се бројат.
    Црвена боја вечност љубави :geek:
    Е сега вие замислете го тетин ми со продавачка како ми бараат бројче :D
    Ќе ме утепаше кога и реков со кој памет го прати човекот да го врти Белград ко само уште оргинал танга ми фали. Нели се друго си имам :D

    Е па пријателите можеш да ги бираш а фамилијата не :angel:
    Мора да се најде некој што мисли да те облече :lol: :tmi:
     
    На Peppermint, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, kala21 и 22 други им се допаѓа ова.
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.870
    Допаѓања:
    101.817
    Пол:
    Женски
    Јас прв и последен пат се онесвестив кога ја пробував венчаницата.Демек ја навлеков,застанав пред огледало и буп долу.Во венчаница.Спискаа шнајдерките,плискаат со вода ме масираат јас во некоја трета димензија ,за на крај да си кажам...не бе, ништо не ми е :wasntme: .
    Од преголемо возбудување,од убавина ли беше,некој знак можеби :D ништо од тоа.
    ...не бре, малку бев трудна.
     
    На Peppermint, cresa-jagoda, kala21 и 11 други им се допаѓа ова.