Погрешен круг на луѓе имаш покрај себе. Еве јас сум мажена и имам време за се. Бракот не треба да е измачување, доколку они така се чувствуваат тогаш нешто не им е во ред со бракот.
Добро утро сакам да кажам дека мразам да се возам во автобус полн со разни луѓе што ми кашлаат во врат и се со маска под нос, такоѓе мразам и во такси со таксисит што нема врска од носење маска.
Годинава имам минимум 3 свадби за одење и искрено едвај чекам. Ми се купува фустан, ми се дотерува, ми се игра. Последната свадба на која бев беше септември 2019, пред многу долго време според последните дешавки. Ќе се радувам и уште некоја ако излези, ми фалат веселби.
Како може да го мрзи професор да напише соопштение дека има резултати од испит, и зашто мислат дека ние треба да бидеме 24/7 на портал за електронско учење и да гледаме да не имаат они нешто ставено, па пиши едно соопштение, нека стигне известување кај сите, да бидеме со време известени, едно соопштение од три реченици треба да пишеш, колеги има резултати од испит, толку!
Главата ми чадеше од нервоза. Испушив цигарче. Ко нова. Сварив и кафенце. Абе ко најнова. Ехх што ти е животот..
Заврши испитнава и сега си размислувам да се одморам неколку дена да не мислам на факс.Ама ми текнува дека од понеделник за два дена е нов семестар, што значи вежби и нови предмети. Значи сакам одмор.Барем неколку дена одмор од размислување.Толку, ништо повеќе.
Сега сфатив како една болна информација може да те освести каде си и што правиш во животот и да те мотивира да дадеш се од себе да си ја создадеш среќата. Фала ти.
Страв ми е фрижидер да отворам, мислам и од таму ќе излези стомакот на Ријана. Честитавме шо честитавме, доста е сега.
Thessaloniki Macedonia Airport е навистина голем аеродром особено кога одиш прв пат а вие се буните за Ист Гејт. И VS штандот беше најубав. Светски патник Сите аеродроми ги посетив
Нормално е сите комшии и роднини да се интересираат за вас и вашиот живот и се што правите кога на свадбените покани пишувате "Ве покануваме да бидете дел од нашата љубовна приказна.".. Некој луѓе тоа буквално можат да си го сфаќаат.
Баш ми се интересни оние луѓе што ти се мешаат за работи кои не се нивна работа, дознале нешто и те буцкаат за тоа и без да ги прашаш, се интересираат и чорапите што боја ти се, ама за работи што стварно треба да помогнат, поддржат, тогаш се - Аа не знам, не си кажал(а). Пошто за другово све си им кажал и си ги прашал за мислење и затоа зборат. Важи.
Можеби звучи смешно што е дел од текст на песна од Лепа Брена АМА, колку deep ми е ова: Није љубав све што видиш, зато пази коме завидиш. Некако сите форсираат заљубеност, идеални врски на социјални мрежи, а чисто се сомневам дека во реалноста е се толку беспрекорно. Се прашувам од каде е потребата толку да се докажуваат луѓето пред другите колку се сакаат.
Колку сакам ваква многубројна фамилија, роднини, галамџии, сите со свои верувања.... Дете растено во 6члена фамилија не треба да се сведе како возрасна особа на еден и пол чоек. ... Ај... има уште време...
Многу ме нервираат аптекариве. Туриле два пара ракавици ко лајна у штала да собираат, а не у аптека да работат на чисто, со лекови, фиоки, шкафови.