Повторно не спијам, нема да спијам ни за брзо. Еве втора вечер како слушам кучиња надвор. Лаат ли лаат... Звучи на некое насилство. Да беа луѓе, до сега полиција ќе беше дојдена мислејќи дека мажот ја тепа жената. Ете така ужасно звучат.
Нема погнасно од парите шо ги фаќат - онака прво. Следно да, идат и здрави луѓе ама доминантно идат и со корона, и со други грипој, и со други болести. Место раце да се сушат од миење и средства на секое, нараквица е доста пристојно решение.
Ако за нешто кое што ми го земаат, а чуствувам стискање во гради, тоа е времето. Скапоцено ми е. Како и зимањето на среќата. Како се зимала среќа? Ееех како... шарено и интересно, долго и широко. Но времето, времето најмногу. Не простувам.
Снема струја како во хорор филм, 4-5 секунди се намали напонот и светилките трепереа. Наводно цело Скопје во мрак.
Досега: Карпош, Кисела Вода, Ченто, Аеродром, Ново Лисиче, Автокоманда пријвија дека нема Ми викаат рестрикции за струјс Па нека кажат бе
Катастрофа. Во вакви моменти сфаќам колку сум зависна од електрична струја и од технологијата во денешно време.