Јас ко ќе раскажвам нешто е како просечна феминка во љубовни проблеми - ги кажвам сите непотребни информации, а то шо би било пресврт или црвено знаме, го кријам максимално долго.
За сите кои вчерашниот ден штедеа на подарок или не го славеа ве замолувам да донирате за сонцево. Заслужува шанса за убаво детство.
Од никад не ми било јасно зашо се носат очила за сонце на облачно време? као демек ви сметаат облациве?
Или кога дува ветер особено, многу е лошо леќите да ти се налепат со прашина, јас претежно затоа носам.
Ги читам коментариве на социјалниве мрежи за пресудава на девојката од Велес. Сите се позитивни, 99% ја бодрат одлуката од судот. Е сега се најдува тек таму некој коментар од некои слични како тој насилникот. Мвр нека си ги засука ракавите и нека превземе нешто околу тоа, затоа што ти се гарант идентични како него. Минатото не можат да го изменат, за Пале не реагирале, ама може да реагираат за наредната Пале, за секоја жена што трпи ќотек од недонесени копилиња. Со лопата има да ги ринеш такви избеготини.
Да, ми сметаат. Тебе оџакот толку право ти чури што фати да се замараш со тие што носиме наочари секогаш освен навечер?!
Вчера пред спиење си најдов дузина интересни подкаст епизоди што толку ме возбудија што едвај чекав денес да ги слушам. Па еве ме сега на клупа во паркче, впивам сонце, пијам кафе од термос, љуљам количка со едно стопало дур бебе спие, и слушам. Темата за денес е будизам. Се решив повеќе да ја истражам оваа тема, па почнав со "1 - What is Buddhism", а моментално сум на "Everyday Buddhism 1 - Be an insider". Искрено, никад нема да ги сфатам негативните стереотипни мислења кон будизмот. Како и да е, секој со своето. Па ќе си ги доистерам моите стандардни 5 км пешачење, па ќе си напраам кари пилешко у air fryer. Да надокнадам зш утрово според "MapMyFitness" сум потрошила околу 270 кал со саат ипол усисавање по дома. Башка 200те од пешачењево, ехехееее, топ! Јас сум задоволна.
Премногу ме нервираат негативни луѓе. Секогаш за секое решение имаат проблем. Разбирливо е дека човек не може секогаш да биде насмеан и расположен, ама луѓе што постојано се жалат не можам да разберам.
Сакам барем 5 минути од денов да не мислам на ништо. Мислам и кога пијам кафе на сабајле, илјада грижи и стравови за иднината, себеобвинување оти сум рекла или направила нешто. Мислам пред да заспијам. Вчера до 4 сабајле се вртев во кревет. И кога спијам не сум мирна, сонувам постојано. Не можам да речам дека сакам парче мир, кога тој мир самата си го одземам, никој друг. Зошто сум ваква?
Ви љубоморам на сите шо можите да носите очила за сонце. Ма никогаш не сум носела и знам колку е лошо особено на лето кога е ептен сончево. Се осеќам неориентирано, ми смета светлото, ме боли глата. А и светло ми смета. Најчест тригер за главоболки ми е светло, дали било со присуство на сонце или не, или најлошо, кога има снег. Кога има снег си одам по пат и си плачам од шо ми смета. И мислам, буквално плачам. Така да заклучок, многу љубоморам.
Ја па грдо се осеќам со наочари за сонце, мислам дека грдо ми стојат. Од дете немам носено и лани ко турив грда си бев. Ене ги така си стојат на шифуњер, ќе ги турам на оглас кога ќе сум у криза.
Така ни е мерак. Ја си ги носам постојано и зашто ми се свиѓаат како моден додаток и зошто носам контактни леќи и очите ми се многу сензитивни на се. На снег, на сонце, на тмурно време, секогаш сум си со наочари за сонце. Битно ми е да ми се заштитени очите, дали на некој од страна му е чудно, сеедно ми е искрено.
И јас љубоморам, ама од различни причини. Не можам да најдам такви наочари од кои нема луѓето да се плашат дали ќе им продадам дрога или ќе им бидам pimp.
Абе и то да ХАХАХАХАХХА ама пак не можам ко глупа не знам да одам со наочари за сонце ко ... сама не сфаќам шо се случва.