Низ разговор со другарка сфатив дека овде она „мизерното, дното“ за некој друг, кај нас се смета за „нормално“. Не знам ни дали требаше да го ставам во наводници. Веројатно не. Нормално е да се прекршуваш од работа. Прекувремено, преземање туѓи обврски на свој грб за исти пари. И пред да рече некој „ама научени се со сите 4 во вис да седат и очекуваат многу пари“. Точно, има такви. Ама ова не е карактеристика типична само за овој народ, вакви има сегде верувам. Не е само културна одлика на еден народ, туку е карактер, начин на размислување. Нормално е да работиш нешто недоволно платено, ама „Пријавен/а си? Ти тече стаж? Си осигуран/а? Молчи, има и бетер, добро па си нашол нешто“. Ова треба да оправда се' друго? Ова треба да ја замачка грозната реалност? Дали овие работи, што впрочем се нормални и очекувани, треба да ги истакнуваме само за да го турнеме во позадина она што не чини? Од она „молчи, има и полошо, чувал Господ од бетер“ што стана како „Добар ден“ ми се слоши веќе. Ама сериозно. Какви лајнарии и да се десат, македонче пусто ќе рече дека има и бетер, молчи и туркај. Оти само тоа се знае овде, што е најжално и најмладиве се со тоа задоени. Само да протуркаме. А крајот нигде не се гледа.
Се сеќавам во основно, не знам само дали седмо или осмо одделение бев, ни правеа нешто како тестирања за физичка спремност. Имаше да направиш наклон кон напред, да направиш пулапс, да се качуваш на греда и да ти мерат пулс, да правиш стомачни и други слични вежби, секоја со мерење. Па таму ти викаат ама не така, ама вака се прави. После тоа резултатите ни ги даваа на лист и врз нивна основа, ти кажуваат колку си спремен физички за повеќе спортови, нешто како коефициент некој се добиваше. Јас имав меѓу најслабите. И многу нормално тоа наиде на причина од исмевање на соучениците, што апла ми ја сруши самодовербата дека едноставно кажано за qr не ме бива физички. Дури и на листот со резултати пишуваше дека физичката спремност ми е никаква. За да биде поинтересно, никогаш на часовите по физичко немавме правено pull ups со техники со чуда, ниту чучњеви, ниту правилна техника за стомачни. Ниеднаш. И да ги прашаш зошто, ќе речат па дете на таа возраст разбира ли техники и термини? Ама да, очекуваат дете од 13 години што е уште во пубертет да ја направи една од потешките вежби со своја тежина. Не дека некои не можат, ама и тие што не можат е разбирливо зашто не можат. И онака после скоро 10 години, кога ми требаа некаде две години редовно вежбање да го направам првиот pull up, после 10 години сфатив дека тогаш не било до мене. Било до мене де, ама не сум можела многу и да очекувам кога никој не ми покажал како. Толку време се осеќав грдо и неспособно. И изгледа како банална работа ама тогаш како што и онака трпев булинг, ова уште толку ме имаше срушено. Веројатно и после тоа уште се спроведувале тие тестови. Не се нешто лошо, напротив. Ама не многу деца почнале да дигаат тежини на 12 години или учеле техника за вежбање за да ги направиш како што треба. Барем сменете ја програмата на тие часови ако сакате да видите резултати.
Ја читам @Munchmallow20 и ми текна, во 90тите не редеа на физичко во сала и ни проверуваа вошки дали имаме. И на глас, оваа има, оваа нема, оваа има суви гниди....ако тоа не беше за булиимг, незнам што беше. Никој не се побуни, сега, тоа да се случи има бунт на соц медиа да има. А да се разбереме, децата сеуште имаат вошки, ама мајките се тие кои не можат да се соочат со тоа дека, принцезата има вошлива глава.
Јас не знам некој да има позитивно искуство од часови по физичко во основно и средно. Дури и сите професори/ки по спорт се такви, како по калап правени, безобразни, а врска немаат да објаснат што како да се прави на часовите. Да исповреѓаат по некое дете, после да фрлат топка во сала и да си влезат да си дремат во канцеларија. Не се сеќавам некој наставник некогаш да ни објаснил како правилно се прават вежби, секогаш биле арогантни без причина.
Не само до професорите. Не знам колку очекуваат секое дете од 13 години да направи правилно 40 стомачни рецимо во минута? Или неколку pull ups? Или да има некој вау резултат на клешта за раце? Нормално поддржувам и тоа многу занимавање на детето со спорт уште рана возраст, само тогаш тестот изгледаше ко да очекувале дека барем една година идеш у теретана. Затоа треба да се таквите тестови прилагодени според возраст. Па возрасни што вежбаат се мачат до еден склек да дојдат или пулап, тие деца ќе мереле покрај катастрофална програма. А и после тоа немаше никакви совети кој што и како да си ја подобри физичката спремност. Онака тестот напрај го и чао пријатно. А да не зборам како сила, флексибилност не се стекнуваат преку ноќ. Денес сум многу поразлична од тогаш ама крава од 23 години сум. Зашто долго време ми требаше и сила да стекнам и знаење да соберам.
Кога ве читам за часовите по физичко ми се враќаат флешбекови кога не можев никако да го скокнам јарецот (јас и уште едно девојче) и наставникот не тераше настрана да стоиме да правиме вежби. Ќе се отепав неколку пати. Исто и стој на раце. Тој се нервираше како не сме можеле да го направиме тоа. Во средно веќе друго беше, не мораше да правиме "зафати" што не можиме да ги направиме. Ама со кој ум човече.. небаре спортисти ќе стануваме сите.
Бегајте од "пријатели" кои се запросуваат на вашата свадба или се што прават исто како вас веќе откако вие ќе го направите. Не, не треба да си ласкате дека некому сте пример и треба да сте почестени. Луѓето се такви какви што ви се покажуваат, не претпоставувајте. Така е како што гледате - ви завидуваат и не може да поднесат вам да ви е добро.
Нас во училница не проверуваа и не кажуваа на глас, им шепнуваа на вошлосаните. А пошто само ним им шепнуваа, знаевме кој е вошлосан И јас сум била... ехеее.... Имаше еден период од 2 години, со братучетка ми од Скопје си ги предававме на 6 месеци, за распусти. 2 години! 2 ебани години бевме вошлосани, скоро цело време
Еј колку има такви... Многу. Најсериозно. Исто и за други животни збиднувања. Си купил кола? Одеднаш и они мора, иако можда лани ја купиле својата. Си отишол во Египет на одмор? Го мењаат својот аранжман за да одат и они. Си сменил работа? Иако им е добро каде што се, се ставаат во акција одма да сменат. Си направил прво дете и ја споделуваш вестта, а они имаат веќе едно и не сакаат второ, ноуп, мењаат мислење. Ти купил маж ти нешто вредно? Уејт фор ит да му го изеде џигерот на нејзиниот. Да, може да се случат животни околности и поклопување на планови, да бидеме на чисто, стои и тоа, нормално. Ама ова се друга категорија, сооосема друга.
Ми врати неубав спомен од основно со јарецот. Обично знаев да скокам и не ми беше проблем со раширени нозе да го прерипнам. Амаа професорица почна да не тера да пробаме со свиткани нозе, со колената. Упорно и велев дека неќам, ама излеа не бев доволно упорна. Земам залет, и едната нога свиткана, другата не знам како несвесно не ја свиткав и ми се закачи за јарецот. Како паднав ооо, цел круг напрајв и завршив долу под јарецот. Ќе се убиев на место пред цел клас. Не можам да не се смеам ко ќе ми текни на таа случка. Јас ги мразев часовите по физичко кога не тераа да правиме гимнастички потези.Па толкав антиталент ко мене мислам не постој, еден колут напред не знам да напрам. А одбојка или ракомет растур, обожавав.
Се согласувам целосно. Часовите не се прилагодени децата да бидат физички активни туку само да се исполнат тие задолжителни оценувања и да си ја завршат побрзо законската обврска. И на крај испаѓа дека некои деца се "талентирани", други не ги бива за ништо, што е апсолутно неточно со оглед на тоа како функционира добивањето сила и флексибилност.
Дааа има и тоа многу случаеви, знам и еден случај девојката веројатно од срам пред сите присутни на свадба кажа ДА, нареден ден поништи се
Кај нас образованието ни е ,, КАТАСТРОФА" заглавени сме со образованието како што било уште на почетокот во комунизмот! Децата ни се уништуваат, со овој модел на образовен систем! Имено, ете секаде во светот, физичкото образование се изведува по принцип на ,, Литература" -стручна литература, која треба да ја предава професор(вклучително нормално и некоја физичка пракса) инаку не гледам јас како поинаку може дете да оцениш? Не секое дете може де биде во одреден период физички активно како другите. За да мизеријата биде поголема, прашајте ученик од 1во до 4та средно ,,Фудбалски стадион која димензија треба да бидете"? Врска немаат, затоа што тоа не го учеле А ТРЕБАЛО ДА ГО УЧАТ!!! Се надоврзав на муабетот на @Munchmallow20 ,накратко се разбира.. Пошо од секогаш е долга оваа тематика на разговор.
Ме насмеавте погоре со муабетите за скокање јарец. Скокав, немав проблем, ама имаше едно девојче во класот од 150 цм и не можеше, едноставно беше невозможно да го скокне затоа што беше ниска.
Кревет, серија, пуканки и сок. Можеби не е најздрава опција ама ми дава мир. Мир што долго време не го чувствував.
Коа некој ќе седне на кафе, и ќе ми ѕвони да појдам најчесто НЕ ОДАМ. Ова ми важи за луѓе со кои веќе сум се видела, претходен ден. Ако нешто е итно, тогаш одма тргнувам. Стварно, ми е неубо, ние седнавме, ајде дојдете. 1. Ако веќе сте договориле сите, значи не сте помислиле на нас. Туку, во еден миг ви текнало еј, бе, дај да му ѕвониме. 2. Јас сум човек што планира. 3. Барем пред саат време да се каже, не е лошо ни ден претходно.
Јас истрауматизирана од основно, целно одбрав средно кај шо немаше сала, па немаше ни физичко. Две години шетавме во паркот, е после му текна на Грујо да прај спортски сали, па добивме и ние. Ама не беше лош чоекот, секој шо сакаше си играше, битно му беше да вежбаме, а не шо и како. Физичко и математика, итс а ноу фром ми. Шо јас?
Не ми се јасни оние луѓе што упорно си даваат за право да ти кажуваат што можеш а што не можеш да направиш. Fuck off, nobody cares for your opinion.