Материјалното е создадено да го користиме, а луѓето околу нас - да ги сакаме и да не` прават вистински среќни. Се` е превртено наопаку кај една личност кога овие вредности ќе си ги заменат местата.
СДК заминувам на одмор. Фала Богу зашто не можев повеќе да издржам. Знам дека кога ќе се вратам ќе ми биде истата мизерија, ама тогаш е дури тогаш. Се надевам на убав помин. Си ју за едно 10тина дена. Поздрави.
Како да знаам дека ова е правилната одлука? Ах животе. Немој бе, не биди ваков кон мене. Спојлер Или јас кон тебе, не знам
Сакам да кажам како мала на светот гледав многу поинаку од денес... Омилена боја ми беше розева! Ја обожавав, сонував за многу нешта, секогаш имав енергија во мене, ми се случуваа убави работи, среќна ме правеа многу мали нешта... Играњето со другарчињата, насмевката на мама, гушкањето на тато, повикот на дедо... Денес се е поразлично! Одамна ми се нема случено нешто убаво. Сега мојата омилена боја е црна! Ги мразам розевите плакари во мојата соба, ни повикот на дедо го нема веќе, не се сеќавам кога последен пат сум ја видела мајка ми насмеана, весела, да ми каже некој убав збор... А татко ми не го препознавам повеќе! Ништо не ме радува повеќе, со денови не сум се насмеала... се навикнав да бидам сама. Едвај чекам небото да се затемни, да дојде ноќта, тоа ме смирува! Станав многу повлечена, се што ми се случува го чувам во мене, неможам да го искажам, не умеам... За разлика од претходно тоа воопшто не ми беше проблем. Веќе ни самата не се препознавам...
Фризура за свадбата значи фризурата да ја носиш само тој ден, а не и целата наредна недела. Сериозно, како бе така, зарем не се туширате после свадба, па сте играле, сте се потиле, или ех таа платила за фризурата е аргументот. Нема ви НЗС на таквите
Така душичке, успеавме заедно. Со моја помош ти ја научи азбуката, со твоја помош јас научив да се радувам како детенце.
Тешка депресија ме мавна откако се вратив од одмор. Буквално по цел ден лежам и замислено гледам во една точка. Не забегав сеуште, не се секирајте. Мајка ми ми вика барем овие денови после одморот биди расположена и насмеана. Но, не можам. Инаку, одморот, иако краток, беше супер. Тие неколку дена со него ми помогнаа да сфатам колку многу си значиме еден на друг и уште повеќе се заљубив. Заминувањето и разделбата беа проследени со солзи од моја страна. Типично за мене. Никако не можам да се воздржам и да ги задржам солзите. И истото се случува на секоја наредна разделба. Настрана од ова, некоја тежина ми стои на срце. Затоа и сум депресивна. Најверојатно причина за тоа е малата расправија со него после одморот. Се почувствував премногу ниско, иако тој никогаш не би ми дал причина да се почувствувам така. Постојано ми влева надеж дека утре ќе биде подобро. И му верувам. Но, од друга страна нешто ме копка и ми вели дека нема да успееме. Се нервирам кога некој не ми верува и покрај сите можни начини на кои докажав дека сум во право. А страв ми е дека после ова и тој ќе се смени. Премногу мислам. Знам.
Не се знам кај сум од толку проблеми и нови случувања,нервози и средување на нов дома се сама. Јас секогаш тука да помогнам а кога мене ми треба помош сите наглуво се права ааааа ама нема и јас за друи пат да си знаат. И ова бре што луге ке беа од збор да не се и да разберат дека имав туги предмети кај нив и редно е да го вратат(мене) па бре што не разбират човек за парче леб се бори а тие ми се фурцкат со моите ствари ми се гади од таквите и +тоа пред менее ааа и ако треба ке ти помогнеме не само твоето да ти го дадеме губрина. И така велам не знам кај сум ова она проблеми средување се на глава само резултатот да биде позитивен и со моето семејство да се добро
По ѓаволите да одат сите денови во животот на една жена оптоварени со луди хормони ! Ми течат солзи од чиста мира, не можам да ги сопрам никако. Ме прашува стопанот што ми е, а јас не знам како да му објаснам дека не ми е ништо, едноставно таква сум затоа што сум жена. И како да ми верува, кога моментално немам никакви проблеми, имам 34 години и си плачам од чиста мира? Што има тука нормално?
Среќата и убавината на животот секогаш се во едноставноста. Во малите нешта. Скриени каде што никој не ги бара. Всушност, таму грешиме. Среќни и задоволни ќе бидеме само ако успееме да се задоволиме со едноставноста и да уживаме во неа. Друг начин не постои, бидејќи човекот е ненаситен.
Знам дека сум упорна и дека заслужувам нешто и некого....тука е грешката...ПРЕмногу мислам,велат не мисли се ќе си дојде на време...а јас пак сум запнала..ццц...ПРЕупорна сум,нестрплива и затоа вака е..морам да научам повторно да не се грижам за ништо и да верувам дека еден ден се ќе се среди...Just,let go...... https://www.youtube.com/watch?v=T6wbugWrfLU- Celenie Dion- That's the way it is https://www.youtube.com/watch?v=eAM2-hg7xJs- Mariah Carey ft Whitney Houston When You Believe Believe in miracles,girls ! Good night !
Пред три дена сонував вода.Според соновников на Фемина,значи дека ќе има принова во семејството. Пред три часа дознав дека вујна ми е бремена! Радост!
Кога бев помала, тоооолку многу си го вежбав потписот. Ваков да ми биде, таков да ми биде. Со срценца, со тачкици... Којзнае колку листови имам истрошено, за на крај да ми остане најружниот. Кога ќе се спои моето името со презимето, доаѓа ко ново име. И секој што ќе ми ја види личната карта, ме прашува зошто сум си го сменила името. Значи има точка, види ја ТОЧКАТА! Иначе ние дома имаме обичај, дури и да не кречиме, да го смениме распоредот на детската. Секоја можна комбинација сме ја смениле, не знам веќе како. И сеа на мене ми текна една стварно глупа идеја, и кога и' ја кажав на сестра ми рече дека била глупа. И сеа пошто сум инат, не попуштам додека не се согласи на таа промена. Кога ќе се согласи, ќе сменам како што треба. Пошто фала Богу, ептен глупа идеја предложив. Ама нема она мене што да ми кажува дека била глупа идејата. По мое ќе биде, бе. Пошто сум инат магарешки и точка. Понекогаш мислам дека сум створена за да водам инат и да нервирам. Али точно одредени личности, пошто пред другите сум бубаче. Тибам тоа срамот, глуп. Еднаш во продавница не ми дадоа кусур 70 денари и мене ми беше срам да побарам. Затоа сестра ми не ме пушта секогаш во продавница, затоа што обично секогаш плаќам дупло од тоа што треба. Еднаш на тој му викам 300 грама кашкавал, ми вика: 400? И јас му реков да, пошто ми беше глупо да го поправам. Муле бе, МУЛЕ!
Месечината секогаш ќе остане бисер закачен за бескрајната небесна шир,таа секогаш ќе остане таму да сонува триста сонови и да тагува безброј таги,ќе останее да тлее во долгите ноќи навидум бдеејќи над тебе.Ќе ги знае сите твои желби и без да и ги раскажеш,една ноќ во темнината ќе ти запише со молк стихови,ќе запише за раните на твоето срце ќе знае за сите места каде што некогаш си била,за сите ветрови и бури,за есента во твојот живот,ќе знае како ти чука срцето и ќе биде гостин во тие одаи,ќе молчи во ќошето од твојата соба,ќе те праша за среќата,ќе и раскажеш за твоите светови и за сите бои на овој свет.Таа знае милион приказни,бдеејќи над светлата на илјада други градови,ќе ти раскаже дека мракот секаде има иста боја и дека љубовта секогаш има иста мелодија.Ќе ти раскаже за ноќните птици и возови за шините и тишината.Ќе знае за осаменоста и бескрајните полиња со жито и лалиња. И една ноќ,како оваа ќе ја фрли својата светлина врз тебе соголувајќи ти ја душата тогаш ќе и се предадеш со сите свои приказни, за таа да стане побогата и некогаш во некоја друга година да се врати поблескава.