На Водно. Точно знам кој е ама ај сепак кога лично го немам видено не можам да направам ништо. Ма да ке ја видам неговата кола евентуално ако не ја однесе вечерва да му ја средат пошто ептен е удрено
Незнам дали иам кажано, ама кога ќе ја запросам женска ми ќе ставам слика тука со таг од нејзиниот аватар со све.
Св. Петка ја услишила мојата молитва, после толку труд, неизвесност и чекање ми ја исполни желбата... на чекор сум до целта... Големо благодарам, ти си мојата заштитничка
Толку многу фејлови за кои не кажувам на апсолутно никој, никој не знае, толку никој што и јас не знам некогаш и кога ќе ми кажат „тебе ти е лесно“ за некоја работа која требало да се случи нормално, а мене ми изглегуваат небројни пречки за кои тие не знаат, ми иде да заплачам.
Лошите вести за денес се дека и на тротоар не сте безбедни. До типот што ќе ме собереше прееска со мотор на Партизанска на ТРОТОАР: друже за тебе не знам ама им посакувам среќа на тие што на патот ќе ти се најдат зашто некој може да ја нема некој ден како мене.
Реков нема да движам блиску до коловоз…еве зошто сдк т.е и сдп е ама не ми иде за у Општи: Ви се има ли десено, таксисти намерно споро да ви возат?Ваљда за да куца поише таксиметар? Зборам возење со 20/30 а дозволено е 50 (нормално кога може) Значи ми се има дешавано на полупразни улици со 30 да вози, а може 50 комотно.Има некои од една фирма се т.е абе лета, значи дома стигам ОДМА. Ми се има десено на празна улица 80 вози, не се влече ко црв Ако ви се има десено, им кажувате нешто? И ако да, што? Мене ми иде да им кажам ,,ако може побрзо да возите” Кога брзам негде или каснам така им викам, не ми е гајле.
Ме погоди со муабетов. Од East Gate до Тутунски во неделата другаров ми зема 300ден. Да одев до локацијата која му ја кажав гарант 1000ден. ќе беа. Успат малиов пола утакмица си ја изгледа на телефонот додека возеше т.е ја бираше пополната лента на семафорите. Прв и последен пат да влезам во такси од тој мол.
Таму е катанга.Ја до факс идам и од таму фаќам.Не е проодно.Додуша од молот до Мавровка тој дел таму е КРШ. А тој клапсурот си требала да го пријавиш у компанијата
Кога еднаш ќе се скрши нешто во мене за некого, скршено е. Безусловно сакам неколкумина. Шанси давам многу, но веќе се доволно. Отстапи кога некому му осамнува и проголтај го егото, радувај му се, а не се грабај. Ме повреди зошто останало непроменето... не можам ништо да очекувам, не можам да се ослонам и не можам да те имам близу ни кога животот е тажен, а уште помалку кога е среќен. Веќе ништо не ми е важно... ниту почитувате, ниту разбирате, ниту сте способни да прегрнете кога ве прегрнуваат. А почнавме да градиме зрело и издржано пријателство, ама тоа било само во нашата глава и нашата страна. А навистина искрено беше се... Ќе бидеме тука, ама не повеќе од тоа, не по секоја цена и не како порано.
Не знам зашто се програмирани таксиметрите да мерат по време, а не по километража кога нели, цената ја наплаќа по километар. Или многу е глупо, чекате на семафор и гледаш таксиметаров си брои денарчиња дур стоите.
Стварно е убо чувство кога добиваш неочекувана порака од луѓе со кои не си во чест контакт пошто нешто ги потсетило на тебе и ти кажва шо. Бонус: то шо го потсети на тебе вистина е многу 'a me thing'.
Луѓе што не чуваат милениче едноставно не можат да разберат дека тоа животно што ти живее дома си го сакаш исто како семејство и ништо помалку.
Многу ме релаксира правењето презентации во power point, средувањето со разноразни слики, наслови во бои, интересни themes што ги има. Просто рај за очи за еден перфекционист што се радува на вакви глупости. Како замена за "боење" тетратки со маркери ми е, само што не трошам пари за маркери и пишуваното не изгледа толку несредено како мојот ракопис.
Од тука до автобуска Вардар такси ми зема 120 денари. Од Автобуска до тука едно друго такси што го фатив од таму ми зема 250 денари. Гнаси, да ги згазиш и да не жалиш.