Форумот е доказ колку ни фали трпение, разбирање и почитување. Доволен е еден збор за ситуацијата да ескалира, да се вреѓа и пцуе.
Ги знаете оние денови кога ништо не ви смета, се ви е рамно и ич к*р не ве боли за ништо? Епа, повеќе такви денови посакувам, чирс
Многу ми е глупаво и не практикувам да се "шетам" во минатото и да преобразувам на некој начин некои одлуки што ги донел некогаш. Се работи за случка пред X години, ми беше потребна помош/поддршка, но тогаш никој и ништо не покрена, а се знаеше дека требаат финансии. Сеа од нигде никаде пред сите кажува ја сакав да ти помогнам, бла бла. Нити ми имаше кажано дека можела да крени кредит, нити па дека сакала. Потполно знам како беше сета ситуација, да беше поинаку денеска можеби животот ќе ми беше променет за 180 степени.
Зошто сите те сметаат за психопат, идиот, ментален кога ќе ти ги видат лузните на рацете? Да, јас ги направив. Намерно и свесно. И што? Мој живот е луѓе, кога ќе почнете да имате разбирање и за менталното здравје?! Тие лузни на раката воопшто не ми значат, лузните во душава се поголеми. Не, не барам да ме жалите, ама не мора да шепкате зад грб. Тоа е моето минато и не се срамам од тоа, затоа што во тој момент тоа ми изгледаше правилно. Ако не сте способни да помогнете и да прашате како сум мислејќи го тоа, воопшто не одмагајте. Не убив човек е*аго. Тоа се лузни на моето лошо минато, МИНАТО. Тоа не значи дека ние што ме психички растревожени сме и ментални и неспособни. Баш напротив, не сме бесчуствителни како некои, знаеме што е болка и патење и се поддржуваме меѓу себе, поддршка што тие што хејтаат и шепотат нема никогаш да ја осетат. Поддршката е најдоброто нешто, чувство дека си сакан и дека сепак значиш нешто. Значи не, не сум психопат ако имам лузни на рацете. Едит: Заборавив да кажам, мачето ме изгреба!
Колку не знајш да возиш кола од кога ќе излезиш од автошколата. сто коли ќе смениш и во автошкола и уште сто надвор. Кај најдов прв пат на улица со долга кола скоро лимузина да излегувам Океј е се снајдов некако ама не знам не ми е таа лагодност што ја имав во автошколата, сепак и таму скоро све е со кумплуг туража тешко а и плус помало количе, а јас ко за инат најдолгата и најновата. Ама ај не се жалам за прв пат не е лошо
Мразам војни, мразам. Колку ли сега деца, колку невини луѓе ќе страдаат, ќе останат на улица, гладни, смрзнати... Уф
Ѓубре насекаде. Нема метар квадратен а на некој да не му текнало да го изгнаси. Стока народ, пропаднато општество.
Не знам како да започнам ова да го пишувам, се потресов уште од утрово. Да не должам премногу. Утрово комшијата починал во колата, среќа воопшто и не ни тргнал, само влегол внатре и најверојатно има доживеано инфаркт. Јас немав ни поима додека брат ми не ми кажа, ми вика не гледаш ли од прозор, и одма излегов на тераса пред зграда мајка му, ќерка му и сите од фамилијата пиштат плачат, тоа ме стресе ептен. Се сетив одма на моментот кога ни се јавија нас дека татко ми починал... Сега толку време помина се собраа тука полиција, брза помош, новинари и што уште не, сликаат снимаат и ме нервира бре, наместо да го извадат човекот од кола, уште лежи така како што паднал на седиштето.
Богами ептен се без осет, одма камери се местат, не знам што да кажам, додека трае целава процедура човекот се здрви веќе во кола, сега го извадија, и тука на лице место го соблекуваат и го сликаат овие од судска медицина. Ајде ова разбирам процедура е, ама зошто побогу новинари...
@Snowflake97 нека почива во мир. Доста тажно. И ептен лошо ова со новинарите. Има премногу вести, премногу кај шо можат да истражуват и да докажат јако новинарство ама не ... Некој починал и тие ко лешинари се собират.
И да беше јавна фаца, не ми е хумано да му се снима телото. Како основна почит да се губи шознам. Телото да му го снимат дур не е мрднат од местото на кое починал или воопшто телото да му снимат/ сликат после смрт? Шознам, doesn't sit right with me. Како и да е се надевам дека семејството успева да се држи пред се, а и ти. Пошто можам да видам каков ефект има кон тебе и се надевам дека ќе бидиш добро.
Мачкава на другарка ми обожава да се гали ама буквлано та да се гали, не ти да ја галиш. Навикната јас на моите сите мазени, седам в ќош лута и чекам да дојди да се погали од мене.