Гледам по порталиве на вестите за нападот утринава, луѓево си тераат мајтап, се исмејуваат... Толку ли отупевме, толку ли општата интелигенција и IQ ни падна како народ, или отсекогаш сме биле вакви, ама немало фејсбук, па сме биле глупи и кретени само по дома и на пиво со комшијата. Ха ха-хи хи, по коментари... туѓ срам ме јаде! Каде ни отиде чувството на грижа за туѓата несреќа, каде ни отиде човечноста, каде ни замина културата?! Неписмени сме... и емотивно и образовно и културолошки.
Колку мизерна држава сме штом на огласот за вработување наведено е платени придонеси и годишен одмор. Овие се законски работи. Значи не нудите НИШТО ПЛУС. Срамота во буквална смисла на зборот.
Буквално. Плус нудиме прекрасни услови за работа и месечна плата. Платен одмор, регрес и неделна и празнична работа. Епа шо повеќе сакате од буквално законскиот минимум.
Да не заборавиме и дека во подобрите фирми што мислат на работникот се нуди работа од 40 часа неделно а прекувременото е платено. Исто така нудат дури и еден ден слободен во неделата.
Имам искочено три пати со некој запознат на Твитер(различни луѓе), првиот пат супер беше типот, ама многу нападен, вториот пат, убав ама конзервативец ептен на граница со простачко однесување дури беше таа конзервативност, третиот пат беше убав, паметен, згоден, и се тоа ама мене не ми се свиѓаше, не сакам такви типови што сакаат да се забавуваат многу и искачаат, не дека не можеш да најдеш, ама дали ќе ти одговара..
Пиши му на тој што ти се свиѓа, речи дај не се заебавај, гледај војна изби во секој момент може да дојде, бар ова време што го имаме слободно да го поминеме заедно.
Обично сум рамнодушна личност, ама сега многу сум вознемирена од војнава. Единствено што сакам е да бидеме здрави и живи и да го пребродиме ова лудило.
Паралелно и истовремено активно дебати за војна/потенцијална светска и free the nipple борба Ова дај да си кажеме што ни лежи на душа и да се испукаме на патријахатот,системот и неговите социјални конструкци, па шта буде нек буде #apocalypse