На праг сме на Трета Светска војна, Господ напомош... Неколку луѓе во светот сурово ја кројат судбината на обичниот човек, човештвото... Плановите за иднината, малите, секојдневни нешта кои не радуваат може да бидат збришани од виорот на војната... Сите светски и наши медиуми, интернетот трубат за ова зло и економската криза... Аман, нека се најде некој разумен и барем малку човечен меѓу нив да ги запре... Инаку сите ќе страдаме...
Ги сложив коцките. Малку личи на sci - fi филм во кој главна улога има некој луд гном. Сфатив зошто средбите од 2023 па натаму ќе ти биле онлајн... Зошто другарчињата на 'Meta' ќе си ги гледаме преку webcam. Зошто ќе одиме на одмор Дома - Дома дур не вее имагинарен ветер од VR очила. Бидејќи нивото на контаминација ќе биде превисоко надвор. Сега ми е појасен документот од wikileaks околу 'Агендата 2030'. Tребаше да се вакцинирам или надувам пред да го пишам постов. Aли недела е, ни едно тобако не работи за да се купат ризли. Damn it.
Од секогаш сум се прашувала што се случува со луѓево кои за секое решение имаат проблем, ок знаеме дека не е се розево ама толку негативност посебно од млади луѓе... Од денес бегам од негативци.
Почнаа да организираат запросувања, само за да се фалат на нет. Мислиш на некој сајт туку така му текнало за нив да објавува. Да беше направено за своја душа, немаше да се фалат пред цела мкд јавност.
Можеби си во право...не знам... Ама поставуваат некој грд стандард за запросувања во Дубаи, како тоа да е нешто што секој може да си го дозволи. Претеруваат, со еден збор кажано.
Стравот општеството да се сврти против и некој да не е прифатен е поголем од тоа да си во право...по се' изгледа. Едноумието е пуштено на најјако заради страв од тоа да не се прифатени. Ако имаш спротивно мислење веднаш почнуваат навреди, сите останати веднаш лајкнуваат коментари кои ќе кажат дека „не е во право и е будала, идиот, деген“ затоа што размислува поразлично и тука паѓа моралот за различното размислување. После таа разочараност, сите паѓаат во кутијата и погледнување надвор од неа во нивните глави е ставено под точка „забрането“. Зошто дури и да имаш аргументи, едноумието е потешко и совладува - за жал. Од таму и менувањето аргументи, мислењето не е сменето - само не е повеќе јавно објавувано.
Ај тоа што сакале да се пофалат ама при фалењето забораваат дека некои работи е подобро да се премолчат, за да не излезе вистинската слика за нив. Последна што ми се отвори, дечко 32, девојка 22, во врска веќе 5 години. Хммм...
Образование или љубов? Се мислам, што ќе ми е вредна диплома ако саканиот не е покрај мене?! Дали се живее само од многу пари, добра работа и само работа-дома?! Па и помалку вредна диплома ќе е највредна ако саканите се околу мене. Сакам да створам семејство, да бидам среќна. Овој пат ќе ја изберам љубовта. И знам дека нема да згрешам. Животот е падови. Последниве години ќе се качев степеница горе, 5 ќе паднев. Сега сум решена, морам да ставам крај на страдањата колку и да е тешко. Морам да отворам нова страница во мојот живот и да почнам од почеток. Никој не ме натерал да бидам, самата ги анализирам работите.
Тој што те сака никогаш нема да те стави во “или-или” ситуација и да те попречи да растеш во кариерата, а истовремено тој да е до тебе и заедно да го славите секој успех. Не значи дека ако избереш кариера животот се сведува на работа-дома, напротив, апсолутно можеш да имаш семејство, дом, успешна кариера ама со вистинската личност до тебе. Не откажувај се од образованието, еден ден ќе ти биде криво.
На некој начин и ќе ги изберам двете. Нема да се откажам од образованието. Само ќе ја сменам насоката. Уф комплицирано е, збунета сум ама ќе успејам. Ви благодарам на забелешките. Во моментов се осеќам премотивирано за успех!
Sakam da kazam... ili prasham kako gledate i kako go dozivuvate covek koj e postaven na rabotno mesto recepcija? Dali imate predrasudi sprema takva lichnost zatoa shto kaj nas poveketo od lugjeto mislat deka toa e losha rabota.
Сега е три часот, наместо да легнам и да спијам, бидејќи имам обврски утре, јас не сум јас ако во ниедно време не прашам на странициве на инстаграм цена на фустани кои ми фатиле око
Ова е нешто шо прв пат го слушам. Зошто лоша работа? Не, немам предрасуди и сум скроз збунета зошто би било лоша работа. Дури гуглав да видам зборот грешно да не разбирам нешто. Р е ц е п ц и ј а, така? Ко ќе примаш и испраќаш гости од хотел или пациенти во болница? Додуша и друга работа да беше не би имала предрасуда пошто на крај прајме се да преживееме. Подобро нешто да се работи и живурка него да не се работи.