Да, се залагам за тоа жената да биде самостојна. Но, ме нервира ко ќе кажат, као, мора да ќутиш нз што. Баш идевме до систематски преглед со една колешка. А бе, едвај се истуфта. Мажот и не можел да ја носи, па свекор и. Па ќути в кола, не зборува. Тој ќути. Незгодна ситуацијава. А морам со нив да одам. Па добро, мајка му стара, земи такси, жено Божја. Доста си зависна од некој. Не можам да замислам, дека не ја пуштаат сама да излегува, без придружба. Се надевам не сум во право. Добро, да во право сте. Секој си знае, како му е дома. Пс, зошто побогу се бореа за нас, на 8ми март? Да не ти е дозволено да го оставиш детето на мажот и да си речеш денес ќе одам сама на кафе.... Немом поќе. Чао
Од "како некој му е толку вкусно ова" најчудно ми е чоколадо со ментол. Буквално како да сум измешала паста за заби (или средство за уста) и чоколаден прелив и го сркам со лажица тоа - е таков вкус ми има ***** Кога сме кај благо, ако некој планира да ми донесе благо без разлика кој повод, поарно нека е нешто и не толку скапо и без фенси опаковка ама вкусно отколку нешто скапо и фенси ама грдо на вкус. Исто правам и јас. Само пробани работи купувам за друг.
Ова го очекувам и сум океј со то. Колку да се разбие монотонијата ми е. Ништо не разбива монотонија ко отворање работа.
Што е со ова gender reveal party . Па ако е машко, мажот скока како да брцнал во струја а ако е женско како гемиите да му пропаднале . Уштее ли бее вака, а се правите образовани, еманципирани, пуу.
Пред некое време се запознав со еден со кој што бевме на кафе во друштво, па на крај кога излегувавме од кафичот за малку вратата не ми ја трасна пред нос. После некое време се запознав со друг со кој што бевме исто така на кафе во друштво, на крај излезе прв и ми ја придржи вратата да излезам, кога влегувавме во кола ми ја отвори вратата, причека да влезам и ми ја затвори (патем прв пат во животов доживувам ваков гест од некого), и кога не остави со другарката причека некое време да се осигура дека ќе влеземе во станов безбедно. СЕКАКО дека се заљубив во првиот. И после ќе патам, епа ако ми е.
Колку споро поминува времето кога работиш од канцеларија... Го гледам саатот 3.28, го гледам после 10 минути(според мене) 3.29.
Јас Понеделник не го сакам, а од вторник до четврток 50-50 ми сѐ. Петок најбрзо ми минува,а најбавно среда. Сабота и недела тапа денови особено во зима, на лето поарни ми се.
Ова како утеха го гледам Добро е малце вака ми е полесно, сите како чудак ме гледаат кога викам дека и преку недела ми е убаво
СДК ова веќе станува страшно. Депилација ми земаа 700, денес 900. Значи се е покачено. Од тоалет до ебани улошки. Ненормална работа. Ќе кажев леб и сол да се јаде ама па и лебот е качен.. А шо платата на кој качија на кој не. А и шо качија чисто да се одржуваш у живот.