5.30 часот. Чувството на нервоза расте. Ги отвораш очите, а во твојата глава мал милион сомнежи... Состаноци, конференции, рокови... Зошто секогаш имаш толку многу работа и толку малку време? Го земаш телефонот и проверуваш мејлови, повици, пораки, сѐ на пат до тоалетот. Се подготвуваш набрзина, ги земаш клучевите од шкафчето и излегуваш надвор... Седнуваш во кола, се јавуваш на телефон и го започнуваш работниот ден... Си заборавил НЕШТО. Една жена остана по тебе во кревет. Не ја ни погледна. Не ни ја галеше, бакнуваше, разбуди... Беше зафатен. Кога ќе помине првиот бран на напорниот ден, ќе пиеш кафе, ќе го земеш телефонот и ќе ги провериш социјалните мрежи. Ќе ги прелистуваш новостите и настаните од животот на твоите „пријатели“. Повторно нема да се сетиш на неа - жената со која го делиш животот. На современите односи им недостасува здрав разум. Луѓето живеат заедно, но тоа не значи ништо. Се гледаат наутро и неколку часа навечер. Разменуваат неколку кратки реченици и погледи преку мобилните телефони. Доколку „навистина се сакате“, преку ден ќе си испраќате виртуелни бакнежи и ќе мислите дека сте „завршиле“ со нежности. Навикнати сме да мислиме дека лажењето во врска е всушност задолжително и нормално. Но, вистината е дека луѓето престанаа да се сакаат и да се грижат еден за друг. Штом едниот партнер ќе дознае за неверство, довербата засекогаш се губи. Се разбира, сексуалното неверство е многу, многу навредлива работа. Но, дали некогаш сте размислиле дека го изневерувате партнерот секој ден? На сите ни недостасува комуникација, внимание, страст, интимност, па дури и најважното – љубов. Недостатокот на внимание прави многу повеќе штета од баналната сексуална прељуба. Само замисли си: конечно најде личност што можеш да ја сакаш, а сега треба да се бориш за трошка внимание. Додека седиш, го гледаш како го ажурира профилот, чита коментари, се насмевнуваш на комплиментите што ги доби за неговото најново селфи... И ти прелистуваш Твитер, гледаш на Инстаграм, пред неговите очи поминуваат туѓи сопруги, нивните заводливи лица, а тој тешко може да го погледне твоето... Дали би ја препознал во еден куп други луѓе? Зошто некогаш не се дотерате и отидете на плоштад како некогаш, па во кафана? Дајте ѝ уште една шанса на љубовта. Најголемиот љубовен гест денес е да го оставите телефонот на страна и да ја/го погледнете сопругата/сопругот во лице. Прашај: како си? Дали разбирате една работа: вашата сакана е сè што имате во животот! Затоа, сега е вистинското време да ѝ покажете колку ја сакате, утре може да биде предоцна.
Си се почастив осмо мартовски од ДМ дрангалашки онака од нигде никаде.. Бај д веј со секој купен catrice производ даваат подароче (гратис прозвод). Мене ми дадоа коректор
Овој текст неодамна го прочитав на интернет, и за жал така е денешното модерно време стана нормално. Колку повеќе да не речам ситници болат од прељубата..
"Среќен" 8-ми Март. Што е среќно во врска со празникот? Кога уште има жени, кои не се третирани еднакво, на кои им е одземено правото на глас, кои се психички и физички малтретирани секој ден. Милион жени, немаат право на образование, работа (оти улога и е да биде домаќинка и да седи дома, да чисти и пере, оти е жена), да биде потчинета на мажот и да биде слугинка. Сеуште не сме безбедни, во 21 век, опасно е да одиш сама ноќе, оти си жена. Уште имам страв, да се качам во такси, сама. И не давајте цвеќиња, престилки, тенџериња, туку љубов и внимание цела година, а не само на овој ден. Дајте поддршка, почитување и еднаквост, оти сите го заслужуваме тоа. Не треба само на одреден ден да кажеш колку ги почитуваш и цениш жените, тоа прави го секој ден. Жално е што во 21 век, треба да се бориме за еднакви права, оти не сите жени се третирани еднакво. Да бидеме ГЛАСНИ, за проблемите со кои се соочуваме, како жени, секој ден. Бидејќи само ние, можеме да ги сменеме работите на подобро.
Значи многу ме нервира кога сиромавиот народ го споредуваат со оние кои се наредиле на ред за да прават залихи на бензин. Да ви објаснам нешто за сиромавиот народ. Тој нема за залихи. Тој нема за годишна регистрација на возило. Живее од ден за ден. Се вози со автобус и го купува само она што во моментот му е навистина потребно. Така да престанете да се вадите на сиромавиот народ.
Среќен 8 Март на сите жени и девојки ❤️ Нека сите си го најдиме гласот. Никакви јавни соби, мизогини разговори и вознемирувања нема да не заќутат. И камо сите да си ја најдите слободата и среќата cuz gurls, заслужувате. Бидете НАЈсреќни. ❤️
Жената има само една мана, понекогаш заборава колку вреди. Оваа година нека биде најважно да научите кои сте, што сте, колку вредите и да престанете да се погазувате себеси поради било кој. Не бирајте и не останувајте со погрешни мажи, не се давајте себеси онаму каде што не ја гледаат вашата вредност. Жената може што сака. Среќен празник.
Исполнете ги годините со живот,а не животот со години. Запаметете дека сте достојни за внимание секој ден, а не само еден ден во годината. Среќен 8ми Март!!!
Среќен Осми Март, да ве потсетам кај живеете. Да се изнајадете цела кофа лајна денеска сите што честитате, купувате цвеќиња, ружи, викате на вечери, пустите а после сето тоа седнувате на интернет и браните луѓе кои се насилници и им го прават ова на голем број жени во смрдештијава од држава. Ни да ми честитате, ни па сакам тоа ружните сурати да ви ги гледам. Мрш.