Фала на честитките. Да сте здрави и живи. Ја мала сум за осми март да славам, ама сепак фала ви што сте мислеле на мене (иако реално никој не помисли) . Среќен 8ми Март на поголемите дади, теткици.
8ми Март е празник кој се однесува на сите жени, а под тоа не значи да се стари, мажени, мајки со деца. Не засега сите од најмало до најстаро.
Сакам да кажам среќен 8ми Март на сите жени... Ама, нешто ме кочи. Среќен 8ми Март на сите жени, божици што ги читам тука. На сите жени кои секојднeвно се соочуваат со неправда на работно место, неправда во системот, неплодност, самохрани мајки итн. Овие жени се борци, жени на кои нашето „среќен 8ми Март“ и е матна вода, бидејќи останатите 364 дена се борат со овие глупости како лавици. Како најголем женски форум, несосомнено имаше падови и подеми овде. Но, душа не ми дава да им честитам 8ми Март на оние кои поддржуваат насилство, силување, тежок патријархат и уште мал милион вакви примери. Горда сум што сум жена и се трудам барем во најтесно опкружување да имам луѓе кои немаат предрасуди поради тој факт. Ептен ми е мерак кога ќе видам успешна жена, исполнета. Кога читам жени со свој цврст став во различни теми и се гласни. Од теми за војни, до правни проблеми, до здравствени совети итн. Спојлер Дали се согласувам не е ни толку битно Иако празников е во смисла за социо-економска причина, треба да почнеме прво сами да се поддржуваме. Да не преќутуваме на сексизам на работа или дома, да не ги поддржуваме насилниците на жени, да сме една позади друга при срања кои што се недозволено вадени бубрези, матки итн. Среќен 8ми Март на жените. А, вистинска жена не гази друга жена за да стигне до врвот.
НЕ СИ МАЛА Никој не е мал, стар за Осми март Осми март е ден на жените, девојчињата, на целиот женски род Виновно е цело општество што погрешно го прикажува овој празник уште од најмала возраст дека е ден на мајката, бабата, тетката, стрината, вујната, претставувајќи ни погрешна слика дека единствената улога на женскиот род е да е мајка, а дополнително на се, уште од најмали нозе сме потиснати во однос на машките, да не полемизирам многу само видеово ќе го оставам и ќе кажам дека борбата за женските права започнува од најмала возраст, а Осми март е Интернационален ден на жената, сите го славиме подеднакво (е сега дали среќен, славење едно друго длабока тема е, не навлегувам) https://www.instagram.com/p/B9d5Te3Hjen/?utm_source=ig_web_copy_link
И ова секоја година да се повторува, како четиво во основно да се учи. Од сите денови у годината, на денов најмногу ифрит лута сум.
Не носи градник под блузата и брадавиците ѝ се оцртуваат.Ја зјапаат и коментираат. Седнала на клупа да дои бебе.Ја зјапаат и коментираат. Евидентирана е како родител со бројка наместо како мајка. Ѝ даваат цвеќе без да ја прашаат дали сака цвеќе затоа што по нивно штом е женско сака цвеќе. Кога таа вели дека не сака цвеќе ја гледаат како да ѝ фали нешто. Дошла дома уморна од образовната институција/работа или останала дома оти настинала или има силни менструални болки, а почнуваат да ја навредуваат и да ѝ се дерат оти не им е погоден денот. Некои и физички ја удираат. Другите луѓе и институциите не се ни обидуваат да ѝ помогнат.Таа седи и плаче. Таа прави куп убави работи, а не добива благодарам. Колку и да е убаво кажувањето „среќен 8-ми март“ , нема да има смисла додека не видиме некои промени во општеството. #Среќен8март
Заборавете на стегите наметнати од општеството. Секој ден продолжете да сонувате, творите, бидете слободни. Затоа што секоја жена е силна. Останете такви и продолжете да создавате магија. Среќен 8-ми март!
Не можам да ги разберам особите, што кога ќе дојдат на форумов, прво силуваат секс теми.Не знам зашо, ама стварно не можам ете така.И кринџерски ми е. Толку интересни и убави теми има овде..
Драги дами, Да го искористиме овој празник да се скараме и на темата 8ми Март Шала на страна, славете го како сакате, не го славете ако не сакате, најбитно е да знаете зошто се слави. И секако, да ги афирмирате тие женски права кои сме ги добиле, да не се откажувате од нив, особено не таму каде имате моќ да влијаете, а тоа е вашиот сопствен живот. Се надевам дека еден ден ќе видам многу повеќе жени кои не се плашат од догмата на околината, кои се амбициозни и со убави планови за сопствената иднина, кои не трпат срања од нивните партнери, кои имаат голема самодоверба, кои имаат аспирации за успех, за подобра положба, за поубав живот. На крај се тргнува од индивидуата, и јас ги посакувам најпрвин пред се тие лични аспирации кај жените, после и некои глобални права, пошто бројот на жени кои се потценуваат во државава е алармантен. На хартија правата ги имаме, ама некако слабо ги користиме, барем тоа е мојот впечаток. Среќен да ви е празникот.
СКД....многу ме нервираат емоционално манипулативни особи кои ем ке те зафркнат ем се прават дека ти си виновен и така го презентираат на сите. Не не ви се лутам.. само бегајте ми од пред очи. Ич некам да ве гледам.
Olja Savičević-Ivančević NE ČITAŠ ŽENE Kažeš ne čitaš žene Što bi ti one mogle reći Naučile su te govoriti Naučile su te hodati Naučile su te jesti Naučile su te pišati Naučile su te voditi ljubav Uistinu što bi one Mogle znati o tebi I tvome iskustvu Sva ta stoljeća nisu iznjedrila Jednu koja bi bila velika Kao veliki pisac Kojemu je prala čarape Kažeš ne čitaš žene Žene su te učile čitati Učile pisati Učile živjeti Uistinu, dječače Bio je to U najboljem slučaju Uzaludan posao
Девојки... Жени... Мајки нека ви е честит денов... Долги години да се празнува. Секоја една да си ги оствари целите во животот. Поз.