Toxic trait ми е што немам контрола во тоа колку им дозволувам на други луѓе да ми влијаат на расположението. И тоа што секаква емоција ми се чита на лицето.
Откако почнав да не се јавувам прва и да не организирам собиранки- луѓето што беа околу мене ги снема и нема собиранки. Did I care too much for ppl??? И доста луѓе беа во право кога ми велеа дека не постојат другарки и дека единствена грижа треба да ти бидат фамилијата и личноста што е до тебе. Мислам дека градов пропаѓа заедно со луѓето тука.... И ме прашуваат после како сум функционирала сама. И се чудат и лутат. Гледам на некои им смета мојата насмевка. Е па, луѓе... Тоа е. Am I too selfish?
Не сум материјалист, и не дека нешто кој знае колку ми е важно, ама вчера дечко ми ни една роза не ми подари, скоро секоја жена, девојка, доби некаков подарок, добив и јас од други, ама чудно ми е он ништо да не ми купи, не е дека за Валентајн ми купува, ни тогаш не ми купува, ама ете сега на сите купуваат, ете не мора ни роза да е, обично цвеќе од 50 денари, ни тоа не ми даде и ми падна криво..
Не е во ред. Не знам колку време сте заедно, ама мене би ми било знак дека нешто не е во ред, штом не сака 100-200 денари да потроши на мене. Јас отворено би му кажала дека не ми е во ред тоа. Јас не би останала со дечко што не сака една роза да ми подари.
100 пати ти кажавме да се откачиш од тој, да се социјализираш,да станеш подобра личност ти со глава во ѕид. Сама си правиш,толку!
Не е во ред, ако те сака ќе ти поклони нешто ако ништо друго барем чоколадце од 10 денари ќе те гушне бакне и ќе ти честита и не само за 8ми март и валентајн љубов и разбирање кон тебе треба да покажува секој ден немора да е матријално нешто, важно да направи да се осеќаш сакано.
Wow, is a beautiful. Незнам што бараш уште со човеков што неќе ни со зборови бар да ти честита. Иди си и не чекај ѕидот да се претвори во врата.
Многу сакам да скролувам низ #bookstagram, #bookaddict, #bibliophile, #bookandcoffee, #coffeeandbooks и сличните хештегови.
Како да му кажам отворено, зашто не ми купи цвеќе да прашам ли? Не е малку тоа премногу, сепак ако сака некој ќе ти купи, ако не, која е поентата да му викаш купи ми, не ми е убаво на сите да им купуваат а мене не.
Подарок само за роденден му купувам, и благо му купувам постојано, ќе ми текне, ќе му купам без причина чоколадо.
Ни мене не ми честита официјално, ниту ми купи нешто ама искрено не дека тоа ќе направи разлика некоја.
Мене не би ми било толку битно дали купил нешто, не сум со него за поклоните. Ако ме третира убаво и ако со него се чувствувам добро, безбедно и среќно, поклон за 8-ми март е најнебитна работа. Освен тоа, помислете само колку жени вчера беа преполнети од поклони, а зад грб се изневерувани.
Само едно нешто имам да кажам, кажете се шо ви смета макар било „сакам цвеќе за 8 март оти сите добиват и се осеќам забораено“ или „сакам малку поќе внимание“. Пошто ако ти треба нештото и ти смета, нема да се среди со не споделвање на то. Јас да сум дечково, еве немаше да знам дека женска ми сепак сака цвеќе. Не е ништо трансакциски па од старт да напрајш договор по кој ќе одиш секогаш, како поклон за ова- она- и то таму, ама ако ти треба внимание за глобален настан - кажи. Кажи дека сакаш малку поќе внимание зошто прај да се осеќам така и така. Јас вервам дека ве сакат дечковците и да не купат цвеќе, некои не се сетени, некои немаат пари, некои сметаат дека не ти е важно базирано на претходен муабет. Лично, не ми менва пошто рандом цвеќе поќе ми значи од „форсирано“ цвеќе на некој повод ама внимание во секој случај прија колку и да негираме. Прај да се осеќаш убо, уважено, сакано.