Од мене среќен 9ти март. Стремете се кон независност, и финансиска и емоционална. Каранфилчето ви е џабе ако е измолено и купено зашто сите им купувале, треба да е од срце и без изнудување.
Ако го прашувам зошто не ми купи на ден ете што и веќе е лејм, тогаш што преостанува за останатите денови? Скоро сите девојки што сум ги имал, сум земал поклони и за рандом ден и причини... јас разбирам ај не скапи поклони, ама пример излезен си во друг град Охрид, Струга па едно сувенирче да земиш, знак на внимание е.... Шо че беше ова трупој...
Зборате за инает само, колку да се чукните вгради колку сте независни. Ниту таа ќе биди потчинета оти долгогодишниот дечко и зел една ружа, ниту па тој ќе се осиромаши за 50 денари ако купи еден цвет. Знак на почит е и убав гест за оној што го сакаш и си заедно.
Па кажи си јасно и гласно, дека ќе избие во караница кога-тогаш. И не е премногу, ама треба да му текне. Е сега на мажите ништо не им текнува. Или евентуално едно цвеќе рандом ќе ти подари на почеток на врска и толку. Всушност ние жените на малку паѓаме, и кога, би подарувале барем три пати годишно по едно цвеќе од 50 денари ко Господ ќе ги гледаме што се вика (ама они не можат да поврзат што е работата со цвеќето..). И нема жена што не сака цвеќе колку и да вели дека не треба или не сака да добие!
Еве јас. Убави ми се цвеќиња вака, да. Ама лично ако сакам веќе да добијам нешто по некој повод или и без повод, поарно да е чоколадо или нешто козметика, макар и нешто ситно, што ќе го изедам/искористам него само така за очи што е убаво
Големите праведни и независни феминистки На ден на жената од почит ќе подариш цвеќе или нешто друго. Common sense е. Ова е исто ко да ти е роденден ама ти доаѓа без поклон. Невкусно е едноставно. Не станува збор за материјализам туку почит и колку обрнува внимание на тоа како ти се чувствуваш. Секој друг изговор да го свиткаш 5 пати и да го фрлиш
Го прашав дали на колешките од работа им купиле цвекиња или подароци(он или некој друг), затоа што нивна е фирмата, негова и на неколку други колеги, ми рече не..
Ќе му кажам дека добив внимание од други луѓе за осми а од него не, да и некогаш отворениот разговор решава многу прашања. Може ти изгледа нападно, ама ако ти е партнер треба да можеш и отворено да кажеш кога нешто ти пречи. Си допишала да редактирам, очигледно некој специфичен карактер. Нели го праша зошто не ? Нели заслужуваат жените по еден цвет
Те почитувам и послушај ме молим те. Никогаш ама НИКОГАШ не се споредувај со други личности како правеле и шо би направиле за нив. ТИ, ти сакаше да се израдуваш, да се почувствуваш посакувано, да ти даде внимание некој итн. и за тоа е крив дечко ти твој. Ни Петко дали дал ни Петкана дали добила. Добро?
Еве дел од моето мислење.Извини, ама грешиш. Не сакам цвеќе и ме нервираат вакви претпоставки.Ако некој ми даде цвеќе ми иде да му го фрлам во фаца , ама не го правам тоа.Го давам на друг кој сака. Сакам да подарам на оние за кои знам дека сакаат цвеќе оти сум ги прашала.Кога сакам да подарам нешто некому, не се водам по претпоставки туку прашувам. @нина122 Разговарај со него.Кажи му како се осеќаш.
Некои мажи едноставно не ги бива за подароци. Свеки ми подари едно цвеќе за празникот 2 дена порано и го ставив на масата во дневна. Маж отишол во цвеќара вчера и ми земал исто такво цвеќе Два дена го гледа дома и пак истото го купил. Па и ми вика дека многу му било познато, ама убаво било и плус продавачката го убедувала и затоа го купил, плус и 300 ден поскапо го купил. Нема разбирачка
Море лујџе немораТ да купуеТ од цвеќара од 320д. Од бавча по пат шо ја нашол нека го скине и нека и го даде. Ама овој неќел. То е проблемот.