Јас не би била со некој што не ми честита роденден, 8 март, положен испит. Поклон не мора. А, и знаат моите блиски дека јас ептен скромни подароци сакам ако ептен решат да ми купат.
Добро де не мора да било цвеќе, може чоколадо, било што за да се одбележи. И не нема оправдување никакво.
@нина122 Те читам одамна и забележав дека често имаш проблем со дечково. Мене не ми е јасно, зошто си со него? Дали ти е страв да не бидеш сама? Затоа што верувај, подобро сама отколку со некој кој нема грам почит кон тебе. Овде љубов нема, кога не е взаемна, пакувај се и замини си. Не си материјалист ама битен е гестот, па дури и едно мало чоколадо или гранче од дрво или нешто ситно, битно се сетил на тебе. Ооравдување нема.
Ко врзани да сте за тој еден... Епа се дур не излезете од таквите врски вие ќе се жалите и нема да знаете што е убаво/нормално/здраво. Многу малце се цените а самите си го знаете тоа и сепак продолжувате... Ова е исто ко сам себе да си се запалиш и да уживаш во тоа.
Понекад се осеќам као у мене да постои чудовиште шо се храни со моиве маани. А пошо ги иам милион, не можам да го прегладнам до уништување. Знам дека не сум единствена, тоа ми е утехата..
На денешен ден пред две години.. Се израдувавме, ама после страв, паника, снимките од Италија, Кина, карантин.. Како лета времево..
Ја гледам серијава Euphoria и си мислам: дали и ние ќе бевме расипани тинејџери во наше време, ако имавме смарт телефони?
И мене ми се случува ова, посебно во денови кога имам повеќе обврски да завршам и што викаш, кога гледаш ТВ или еве јас кога ќе седнам кафе измеѓу да испијам, се преиспитувам на некој начин. Као "тоа завршив, во банка средив..." и знам дека до тогаш биле четири работи средени и една ќе заборавам во моментот и пак од почеток си набројувам, за некоја сигурност. Ми помогна тоа што почнав да си ги запишувам сите работи што треба да ги завршам во телефон и од како ќе ја направам си штиклирам. На тој начин не си го мачам мозокот да преиспитувам, а од друга страна сум сигурна дека ништо нема да заборавам