Не ја сфаќате сериозноста на таа дијагноза и тежината што ја носи со себе. И не, не е тоа ти што го имаш, ни приближно не е исто. Сериозно растројство го направивте како да е нешто секојдневно и вообичаено. Читате на нет и си лепите дијагнози, а да знаете како изгледа пациент со вакво растројство, нема ни да ви текне да споменете. Плус на ваша штета е да ви залепат дијагноза(која верувај не сакаш да ја имаш) во здравствениот картон, што понатаму во животот може да има влијание и при дијагностицирање на други болести, работата, судски процеси . . Обична расеаност ја изнедначувата со ОКР.
Фала ти на објаснувањето. Искрено читав се и сешто на интернет, и баш многу се пронајдов, капак ми беше и тоа што го слушнав од демек стручно лице, ама изгледа толку знаел да даде дијагноза. Ајде ќе те послушам и тебе и другите што пишавте, и веќе нема да си лепам таква дијагноза Едит:Немам таква дијагноза во здравствен картон, не знам ни дали запиша во книшка докторот, ми даде терапија, ама ко што кажав ја пиев еден месец и прекинав на своја рака.
Прееска на одмор дур дојде професорот врескам "отвори ми своја вратаа Ја сам човек који куцаа" и у тој момент влага класниот. И ме гледа и си вика шо и е на оваа. Ама битно се изнасмеаа сите, а он не се налути.
Си викам да не реплицирам, ама не можам. Сите во некој период од животот сме биле расеани, ама тоа се средува, ќе ги средиш мислите ќе помине... но ОКР не е толку едноставно, ако имаш ОКР тешко е секојдневното функционирање, имаш мисли кои се присилни и си свесна за тие мисли, но неможеш да ги контролираш и извршуваш дејство едно исто по стопати па и со терапија овие луѓе се мачат да се средат иако се свесни за истото. Мислам кај тебе не е ни проближно, по тоа што го пиша.
Фала на објаснувањето уште еднаш, не се правам ни сезнајка, ни проблем ми е да прашам да ми објасне некој ако нешто не знам, затоа реков општо прашувам, без да се контрам
Вели Цвета, не знаела каде да ја стави љубовта. И јас Цвето така, од љубов енормна, претворена во недостигања од тука до месечината, и каде да ја ставиш, кому да ја дадеш, во што да ја претвориш. Ти албум си направи, книга може требаше да напишам. Немаше да се претвори во ова што денес го носам. Немаш ни сјај во очи, ни филтер кога гледаш на светот, ни црно-бело. Некоја сива безвезе боја. Мислам и душата е сива. Ни треба сонце, ни треба вода. Се чувствувам како да сум заглавена во роман од оние старите тешки за страдањата на македонскиот народ. Некој пиреј, читаш се мачиш, читаш. Се е толку напорно, и не мрда нагоре, станува полошо. А уште двесте страни за читање до крај. И онака знаеш каков е крајот.. И така, безљубовна целата.
Бидејќи јас бев една од тие што ти реплициравме Се извинувам ако се почувствува како да си подоле од земја, намерата воопшто не беше таква, напротив сакав само да посочам дека треба да се почитуваме, цениме и сакаме себе прво како живи битија, а потоа како жени, девојчиња, без разлика на возраст
Не можам да разберам како е можно да се прават буцки измислени муабети за некој да те поттурни.... Како е можно.... Како е можно човек на човека да му го копа гробот???? Разочарана сум и од нелуѓе и од муабети и од фирма и од буцки.... Каде заминавме...
Најтрагична изјава денска ми беше потсмевањето на една колешка, како таа работела на брод и некогаш начекала некоја наша македонка како плачела и почна подбивно да зборува за неа. Девојката, не можела да издржи притисок и многу плачела, може дур и ќе се фрлела во океанот. Алооооо, ако ти си била со дечкото не значи дека и другите имале некој. Боже, како не ви е неубо да им се потсмевате на луѓето.
Немам многу геј пријатели, само еден пар прекрасни девојки. Мило ми е што сфаќаат дека не ги сфаќам но сепак не ме судат за тоа туку напротив секогаш сум рамо до рамо со нив за да им поделам некој совет (и тие мене секако). И секогаш ќе поддржувам ЛУЃЕ кои зрачат со појавата, интелектот, културата без разлика на меѓусебните различности. Душата на место ми е после ваков deep разговор со воспитани мозоци.
Повторно мудри зборови од овие просветлени личности, мрзливи сте и не сакате да работите, да сакавте ќе бевте милионери како нив. Како не ни текна порано, еве сега сѐ е јасно, фала Кимберли. Со години се прашувам зошто луѓето го поддржуваат семејствово, еве уште не ми се разјасни.
На ова ќе додам, после ова последните денови, еден тон млади девојки излегоја шо работеа за Ким конкретно и колку малку ги плаќала. Ама сигурно мРзЛиВи сите беа лол, во свет кај шо е очекувано да имаш поќе од една работа и барем уште нешто на страна за да преживејш.